Кучето кое не го напушта тешко болното дете

m.o.p.

Активен Член
14 февруари 2012
348
221
43
34
Чајџилница
КУЧЕТО КОЕ НЕ ГО НАПУШТА ТЕШКО БОЛНОТО ДЕТЕ




На тешко болниот четворогодишен Лукас Хембри, на кој лекарите му предвидуваат уште една година од животот, кучето скитник Џуно неколку пати му го спасува животот и сега е неговиот ангел чувар.

20123001-lukas.jpg


Малку Лукас од Тенеси е болен од неизлечивиот Sanfilippo syndrome, генетска грешка на метаболизмот, која се јавува поради недостаток на ензими кои ги разградуваат молекулите на шеќерот во телото. Според предвидувањата на лекарите, оваа несреќно дете ќе западне во вегетативна состојба следната година, по што ќе нема никакви шанси за живот.

Единствената надеж за да му се продолжи животот е рехабилитација со помош на специјално обучени кучиња,но трошоците за тоа се неколку илјади долари. Родителите на момчето немаат финансиски средства да обезбедат куче, а дресерите на специјалните кучиња одлучиле дека "Лукас не е способен за куче", бидејќи природата на болеста често го правела агресивен.

20123001-lukas-2.jpg

Очајниот татко на болното момче заминал во засолниште за кучиња-скитници, го забележал Џуно која го чекала еутаназија, го земал со себе, за на крај да излезе дека Џуно е вистинското куче за Лукас.

20123001-lukas-1.jpg


- Исклучително брзо се зближија и се засакаа, и веќе неколку пати го спаси неговиот живот. Една вечер ме разбуди завивајќи, се втрчав во собата и видов како Џуно ја душка главата на мојот син. Нивото на кислород му беше многу низок. Тогаш сфатив дека Џуно чувствува невролошки промени во неговото тело и веднаш реагира. Сега знам дека било пишано да го најдам Џуно. Ние го спасивме од сигурна смрт, а сега Џуно секој ден му го продолжува животот на моето дете - објаснува таткото на Лукас кој сам го дресирал кучето.
Срце видете го!!!!1
 

Lady*

Староседелец
1 април 2012
1,965
6,158
1,133
Убаво сето тоа но која е целта на дискусијава?:sreken
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Гонзо

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
И после некој ќе се најде да ги мрази, малтретира и да се изживува на кучињата?!:mad
Тие се толку мили и благодарни без разлика од која раса се и дали се воопшто расни... Она што го прави Џуно за Лукас го прави најискрено, од благодарност и со сета своја љубов му дава помош... Родителите на Лукас му спасиле живот на едно куче кое сега на потполно ист начин им возраќа.
Зарем навистина постојат луѓе на светов кои имаат срце да мразат едни вакви мили и прекрасни суштества како Џуно?
 

m.o.p.

Активен Член
14 февруари 2012
348
221
43
34
Чајџилница
И после некој ќе се најде да ги мрази, малтретира и да се изживува на кучињата?!:mad
Тие се толку мили и благодарни без разлика од која раса се и дали се воопшто расни... Она што го прави Џуно за Лукас го прави најискрено, од благодарност и со сета своја љубов му дава помош... Родителите на Лукас му спасиле живот на едно куче кое сега на потполно ист начин им возраќа.
Зарем навистина постојат луѓе на светов кои имаат срце да мразат едни вакви мили и прекрасни суштества како Џуно?
Види им ги само фаците на последната слика се разнежнив премногу
 

incule

Староседелец
5 јануари 2015
740
128
1,053
30
Кучето е најдобар пријател на човекот