Културниот образец во македонските организации

massimaux

Истакнат Член
4 јануари 2016
73
85
328
Културниот образец во македонските организации

Ајде да направиме еден аматерски обид за дефинирање и опис на типичните профили на категориите протагонисти во македонските организации (приватни и јавни). Бидејќи се типични профили, верувам дека покриваат барем 50% од реалните актери.
Накратко, во македонските организации владее феудален и рано-капиталистички модел на однесување. Култура једна неописива. Секоја чест на исклучоците.
За повеќе детали — прочитајте подолу. Да почнеме со ред.

Сопственици
Степен на образование:
Повеќе средно, помалку високо образовани.
Економската успешност на македонските газди не е корелирана со нивото на формално образование. Сепак, некои набавуваат дипломи за да остават лажен впечаток во јавноста.
Психолошки профил: Егоистични, со силно чувство на грандиозност и морални хазардери. По дефиниција, морален хазард е ситуација кога еден субјект носи одредена одлука (за превземање или непревземање на одредена акција), при што е целосно свесен дека ризиците (потенцијалните штети) од одлуката паѓаат делумно или целосно на товар на друг субјект. Огромен недостаток на совест, емпатија, срам, вина, сочувство. Склони кон висок ризик, неанксиозни. Скоро сите го имаат т.н. комплекс на господ.
Однесување во контекст на организацијата: Феудален (т.е. деспотски) менталитет. Нетолерантни кон различности. Одлично проценуваат човечки карактери, експерти за површен шарм во манипулативни цели. Цврсто верување во премиси од типот “луѓето се овци, и ако ти не ги стрижеш, некој друг сигурно ќе го прави тоа”. За нив е сосема нормално да ги третираат своите вработени како слуги, па дури и како робови. Редовно ги заплашуваат и им се закануваат.
Вештини: Стручните компетенции од соодветните области не се нивната најсилна страна. Се вклопуваат и функционираат во бизнис мрежи со протагонисти, по правило, од ист или сличен профил. Според нив, спрегата со власта е неминовна и суштинска.
Цели: Најважна цел им е континуирано зголемување на профитот, богатството, гламурозни куќи, викендици, возен парк за изложба. Од исклучителна важност е парадирање меѓу “елитата” со скапи коли, скапа облека, атрактивна придружба, редовни посети на казина, промискуитетност со “сервер(к)и од висока класа”. Резимирано — обожаваат висок социо-економски статус.
Економски статус: 10–1000 пати повисок од македонскиот стандард.

Менаџери/директори
Степен на образование:
Најчесто високо образовани, но ретко повисоко.
Психолошки профил: Егоистични, неретко со чувство на грандиозност, нарцисизам и капацитет за морален хазард. Сериозен недостаток на совест, емпатија, срам, вина, сочувство. Склони кон ризик, неанксиозни. Повеќето имаат комплекс на господ.
Однесување во контекст на организацијата: Феудален (т.е. поданички) полтронски однос кон газдите или директорите од повисок ранг. Рано-капиталистички (“повеќе стап, помалку морков”) менталитет со подредените. Одлично проценуваат човечки карактери, експерти за површен шарм во манипулативни цели. Според нив работниците имаат обврски, но не и права. Ги експлоатираат безмилосно своите подредени без соодветна компензација, принудувајќи ги да работат повеќе од законскиот максимум, често во саботи, а и во недели. Ниско ниво на почит, неретко грубо и навредливо однесување кон подредените. Според нив, пристојноста не е задолжителна. Дури е и излишна, а и контрапродуктивна (изговор: “ти ќе му дадеш прст, тој ќе ти земе цела рака”). Практикување/одобрување на мобинг не им е туѓа особина.
Вештини: Стручните компетенции од соодветните области се умерени. Сепак, во ретки случаи се имресивно високи. Одлична способност за себепромовирање. Позитивните резултати на своите тимови ги презентираат како личен успех, а негативните резултати како повод за префрлање на вината и нечие отпуштање или деградација.
Цели: Најважна цел им е голема плата, бонуси, високи бенефиции од организацијата. Од исклучителна важност е парадирање меѓу “елитата” со скапи коли, во скапа облека, демонстрирање на скап “лајфстајл”. Резимирано — обожаваат висок социјален статус. Воопшто не им е важен коректниот однос со подредените и одржување на здрава работна атмосфера. Но, затоа најприоритетна им е борбата, т.е. “лактањето” за опстанок или напредување во менаџментот. Бидејќи основниот принцип во кој веруваат е “или ќе јадеш или ќе те изедат”.
Економски статус: 5–50 пати повисок од македонскиот стандард.

Работници
Степен на образование:
Варијабилно и корелирано со типот на работното место. Од основно до највисоко.
Психолошки профил: Најчесто неуротични, плашливи. Анксиозни и депримирани како резултат на изложеност на постојан стрес. Апатични и покорни.
Однесување во контекст на организацијата: Закрепостен/потчинет (т.е. поданички) менталитет. Големата сиромаштија и недостатокот од алтернативи за обезбедување на егзистенција ги принудува да поднесуваат тешки експлоатации и малтретирања од страна на газдите и менаџерите. Фрустрациите од работа ги пренесуваат на своите најблиски дома поради што страдаат и нивните семејства. Некои работници се полтронски и ласкаво поставени кон своите надредени што малку им го олеснува животот, дури може и да напредуваат на таа сметка. Нездравата работна атмосфера ги влошува меѓучовечките односи до општа неподносливост, што како последица ја расцветува општата параноја, т.е. никој никому не верува или секој од секого се плаши. Основа за изразено лицемерие и “нож во грб” ситуации.
Вештини: Најстручните и најквалитетни работници се малцинство. Врз нив паѓа главнината од товарот на работата. Мнозинството работници се средно-до-ниско компетентни, работат минимум доволно и немаат волја за повеќе. Остатокот се оние кои работат најмалку, но се рекламираат гласно и насекаде дека работат најнапорно и најквалитетно.
Цели: Најважната цел на првите две поткатегории е задржување на работата по секоја цена или евентуално промена со нова, подобра (што најчесто е тешко остварливо). Најбучните, најмалку вредни се најсериозни кандидати за идни унапредувања.
Економски статус: македонскиот стандард.

Повелете со коментари.
 
Последна промена: