Културен Diss

Solstice

Nujabes
28 август 2012
1,406
1,537
1,133
31
Да ви се пљукнам ја у вашата елоквентност и вашето незамарање околу целата музичка сцена. За вкусови не се расправало,жити мајка? Израз што го користите за да се оградите од туѓи мислења околу вашето слушање шлајмовини? И вие демек сте пораснале,додека дојде моментот коа ќе ве фати туга зошто не дојде вашиот омилен музичар да настапуе у Македонија,веруем некој музичар што не е баш прочуен,и у тој момент сфаќате колку сте у г**на пошто тој ден кај вас настапуе Аца Лукас и ќе грми. Не е лошиот дел што вие слушате музика која се нарекува музика само заради структурата,лошото е што веќе прифативте да живеете со секакви срања,па и со ова. Не е глуп ниеден од музичариве,глупа е рајата што после толку противење на крај реши да ја прифати широкоградо,ко Холи Холстон,и дури и да ја брани и да се сметате себеси за интелигентни суштества. Кај е вашиот став,чеда божји? Mузиката не треба да биде нешто што вас ќе ви се пушта у клуб за вие да ги тресете вашите задници и да ги мафтате руките ко фоки. Музиката е нешто што треба да ви создаде одредена емоција,одредена слика,а не пролив. За вас се хејтери сите оние,нажалост малкумина,што останаа на ставот и не прифатија да тонат у глупост. И они се тиња,така? Се мењате и вие ко времето,растете,само не созревате.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Благодарение на колумнава, на братучед ми му се подигна самосвеста и сфати дека Д`талистика и Шитологија се тиња.
Веќе не е затупавен, само благодарен зошто бил спасен.
 

Metalomania

Нов член
28 август 2012
2
3
3
Отсекогаш сум се трудела да бидам човек со добра душа, кој не греши никому, да сум што по ‘open minded’ и да не пречам никому наметнувајќи идеи, но некои работи едноставно не се поднесуваат. Имам мозок даден за размислување и мило ми е што колку толку барем го вклучувам, и колку и да не се прифатени моите идеи и мислења од толпата празноглавци, едноставно морам да го споделам мојот следен став, став кој да не беше Кокаколичар, можеби и немаше да имам храброст да го напишам, но сепак голема благодарност за поддршката !

Не се плашам од коментари, нормално е да има критики бидејќи сме различни, и секому неможе да му се допадне едно исто нешто бидејќи сите сме поинакви, но јас само пробувам да ја поткренам бар малку вашата самосвест, бидејќи доста е да правите будали од себе. Единствен проблем ми беше фациве да не се нешто премногу навредат, па да незнаат како да возвратат на едно мислење на една премлада девојка во демократска држава, па да почнат да се оптеретуваат и со мене, не за нешто друго туку ми беше да ги поштедам да не трошат време од цела таа ‘слава’ што ја поседуваат, но гледам не заслужиле.

Драги мои, не ми е јасно како може да се поднесе денешната наша музичка сцена и нашата толку фамозна ‘естрада’ која искрено незнае каква поголема глупост да направи за да е ‘ин’ и сите такви претставници да добијат статус ‘фаца’. Секоја чест на исклучоци, но спрема мене малку ги има. Немате претстава колку иритирачки делуваат врз мојата психа нашиве ‘рапери, поп диви, хардкор бендови, и лепотици со преубав глас’ и цело ова заслужува дупли и така малку поголемки наводници. Што е до мене јас и на билборд би го ставила , но бесполезно е кога повторно оние што треба да се разбудат од таквиот делириум не го согледуваат тоа. Па за таквите и најмногу ми е жал – јас ги нарекувам потпросечно интелегентните кои ‘фациве’ буквално ги поседуваат и што и да им кажат би направиле, и на нив се заработува најголемата пара, а тие греотки го доживуваат тоа како преголем спектакл.

За почеток, наместо полека да кршам мраз, еве ќе удрам дирекно во сржта на целава ситуација. Ќе ги земам за пример нашите ‘рапери’ Тони Тен, Д’ткалистика и Шитологија (овај длабоко се извинувам, нашите пеачи на балади со нискобуџетен текст каде што ни во биртија не би бил признат). Не ми е јасно како може младината да се ‘ложи’ на ваква ступидна работа.

Прво не се хардкор (верувајте, тие што сеуште мислите дека тоа е хардкор, тогаш очигледно не ви е познат поимот, и мислите дека хардкор всушност е лигава мекушана со пари, па ај за да не ни е досадно ќе снимаме ‘трака’ и ќе се наречеме MC).

Второ, тоа не е рап, само незнам која е паметната личност што го прокламира тоа одвратно нешто, од кое крварат уши и од кое луѓето добиваат суицидни напади – како рап.

Трето, онакви текстови како нивните паметам дека учителката не тераше да ги пишуваме во второ оделение, бидејќи требаше да ја покажеме колку-толку па макар и сосила нашата креативност. Елка – Зелка, Кола – Гола, Кекс – Секс, е преочигледно дури и за мојот девет годишен братучед, и сигурна сум дека ако го пратам него да им состави строфа ќе биде подобро прифатена од нивната, па дури и ќе му платат за креативноста и ќе му признат авторски права.

Друга работа е тоа што текстовите им се вулгарни, и без емоција, направени строго за заработка. Воглавно, како што јас гледам на работава, тоа се само души продадени за пари, бидејќи не биле доволно паметни на друг начин да ги направат истите, па служат за потсмев. Сеуште се чудам кое право дотичниве си земаат да ‘ругаат’ одредени индивидуи а тоа го прават многу често, незнам што добиваш ако навредиш некој што многу подалеку стигнал од тебе. Слушам дека Просталистика фајќал фанови на песна каде што не се ‘пеело’ за Џамбазов. Клошаристика, ако навистина си го сторил тоа, не ти е нешто особено паметен избор. Педеристике и ако не си го направил тоа, не ни се обидувај, кога тој колку и да имаш бујна фантазија и шест пати да се преродиш и реинкарнираш во Џамбазов никогаш нема да бидеш голем човек колку што е тој.

Во тоа поле може исто така да ги сметам и DNK кој јас лично ги доживувам како машка верзија на Ноне Неделковска. А да не зборам за оние малку подзаборавените како Елвир Мекич и Адријан Гаџа и уште тон такви фаци, кој неможеле да се пробијат на никое друго место, па ај ќе пробаме на македонската естрада, и ОП, прифатени од неадекватно музички образовани фанови. А да не зборам за новопронајдените МК – талент, Мојата Ѕвезда, и Идоличињата кои се строго сакани од девојчиња под 12 години, итоа само поради тоа што изгледаат слатко и им се неостварена симпатија со која се сликале за на фејсбук. А гласовните перформанси – ПОД НУЛА ! Ни зимава не беше толку непожелна и ми беше попријатна отколку песните на ‘славниве’. И нели ви е досадно да слушате плагијатура цело време? Како не ви се смачи од вакви ‘луѓе во обид’ ?

И ете, слободно, нека си ‘творат’ дечките, да се извинам ако тоолку многу се навредија, сепак не ги знам лично, ама немојте да го тупите со тоа колку добар човек е Тони Деген и низ што минал , бидејќи тука не судиме карактерни особини туку строго музичките перформанси. Мене ми е најмногу жал за вас драги мои, бидејќи ако некој сака да дознае колку е напред (впрочем назад) нашата земја, не треба воопшто да доаѓа, слободно нека отвори јутуб, и нека види што се слуша и која сељачана постои. Но сеуште неможам да разберам како после толку време доаѓаат се поглупи луѓе со уште поглупи фанови, и дури ме боли срцето кога гледам голи малолетнички и ‘јаки мисици’ по спотовиве, и ‘ванаби генста’ кој би умреле за оние на кои никогаш око не им трепнува и не им ни возвратиле бидејќи се плаќа карта од 400 денари за настап од нецел час .

Драги мои има многу попаметни работи отколку да се колнете во песните на рапериве и да го живеете ‘филмот’, направете нешто корисно за себеси, слушајте музика што ќе ги придвижи вашите емоции и што ќе е предизвик за вашата психа, знаете, онаков тип на волшебна песна што ќе ве наежи до максимум. А не од глупавост и од што сте затупени да неможете да дефинирате што се работи во еден покомплициран текст. Има прекрасни бендови и артисти низ нашава земја, немора да трчате за првото нешто што ќе го видите, бидејќи има и подобро. Нека не ве мрзи пребарајте нешто подобро и барем малку од малку слушајте нешто во кое навистина ќе се пронајдете. И за крај, ако не ви е сеуште јасно, слободно можете да ја слушнете ‘Супер Курви’ на Пистолеро, респект за батето. Имајте пријатен ден !



Deviously Devilish
One word - Awesome
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Deviously Devilish

~ Скарлетка ~

Активен Член
25 октомври 2012
348
204
43
35
Скопје
ахх... морам да коментирам. не знам дали оваа ти е пред тоа провинцијалската или после а не е ни битно ама наредната нека не биде хејтерска, нека биде хипичка if you know what i mean. ти беше искоментирано дека со вреѓање на други не функционира форумов. правилата ги прочита? значи не е битно кој го плукаш, битно плукаш други. може па и ги познавам луѓево... не е сеедно да си од другата страна на мониторот во тој случај. стрикно за темава имам две работи да ти кажам: плати па клати... и ако ти знаеш подобро, сними. ќе кажев и многу повеќе ама немаше да биде фер према тебе па ќе си поќутам.