Култот кон постарите

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Во нашево општество но и општо на Балканот е присутен култ на почитување на постарите лица. Можеби денес помалку од порано, барем судејќи према муабетите на постари лица кои се жалат дека не останало веќе почитување на старците, младите биле некултурни, злобни и не знаеле што е ред.
Верувам дека секоја генерација до сега од времето на дедо Ное па и порано од Анунаките (inlove) до денес се жалела дека наредните генерации се `никакви` и дека во `нивно време` имало ред и поредок.
Постои цел арсенал од поговорки и изреки за наводната мудрост на старите, тоа е опеано во народната песна и приказна, митовите и легендите се полни со `старечки` квалитети. Тинејџерството па и детството како поими се релативно од поново време, со оглед на поместувањето на возрасните граници во однос на минатото. Како што и `староста` веќе не започнува на 40 како некогаш (за жените и нешто порано) туку многу покасно.

penzioneri-vo-jsp-banskolie-300x190.jpg

Постои и контратежа на овој култ а тоа е култот кон младите/децата, но тоа е веќе друга тема.:)

Кои се тие квалитети кои се вредни за почит?
Дали и зошто би требало старите лица да се привилегирани во однос на другите?
Можеби постарите лица се сметаат за `чувари` на традициите?

Шо мислите вие за ова?
 
Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
31
Western Sky, Land of Oz.
Нормално дека се вредни за почит, како и секој (добронамерен) човек. Главниот проблем во ,,недоразбирањето" настанува поради разликите кои настануваат од разликите во меѓучовечките односи, стекнувањето/губењето на нови начини на живеење и нови навики, брзиот развој на технологијата, глобализацијата итн. И е сосема логично да постојат. Како што повеќето постари лица не можат да ја сфатат нашата ,,зависност" од технологијата така голем број од младата популација не може да се замисли да живее начин на живот кој го живееле тие. Сето тоа е нормално, да постои одредено ниво на недоразбирање и негодување. Може многу да се научи од старите лица, тргнувајќи од начинот на живот, традиционални обичаи, храна, работа, индивидуалниот/групниот идентитет па дури и многу за современиот начин на функционирање на процеси и состојби бидејќи ,,старо лице" не значи дека нема познавања од современиот начин на функционирање на работите. Голем дел од работите што во принцип можеме да ги дознаеме од нив можат да ни помогнат да создадеме слика за најтесното опшество во кое живееме.
Но и покрај сето тоа, не треба да бидат издвојувани како посебна класа која би била на некој начин привелигирана бидејќи тоа би било непотребно фаворизирање на еден демографски сегмент. Не би ги нарелка ,,чувари" повеќе носители на традициите но заедно со цело население а не како одредена група. Па зарем младата популација нема улога во зачувување, приспособување и надоградување на тоа што би се нарекува традиција? Ако е старо лице не значи дека истото може повеќе да понуди од некој млад. Секој со својата предност/слабост. Но сосема различна работа се почитта и привилегијата. Почитта не треба да се добива според возраст туку според постапките и размислувањата и тоа на субјективно ниво. Лично сметам дека да, треба да има привилегии и олеснувања кои доаѓаат со самата возраст ( некои законски,повеќето морални) за оваа категорија на лица но се до оној степен кога тоа не би довело до еден дисбаланс со останатите старосни групи на социјален, економски план итн. Квалитетите што ги нуди едно старо лице се подеднакви со квалитетите што може да ги пружи некој млад, на пример.
 
Последна промена:

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Култот кон постарите е сосем нешто друго... Не мешајте поими.
Постои цела една низа на обичаи, митови, цела една историја поврзана за култот кон постарите во нашата традиција.
Она, дека духовите стојат на прагот од куќата не е туку-така. Туку, во дамнешно време, тука биле закопувани најстарите членови од заедницата.

А во контекст на темава, јасно е зошто постарите секогаш го ставаат своето време пред нашето. Зошто ние веќе го почитуваме времето на нашата рана младост повеќе од ова што денес го живееме.
Процесот на социјализација (прифаќање на вредности, обичаи, норми кои рапидно се менуваат) побрзо се одвива во раните години, како старееме така потешко ги прифаќаме промените, а ако не ги прифаќаме значи ги осудуваме. Нормално е тоа.
 
parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
Постари су увек упрао, и тк кд не су : )
Ја почитују основни мои морални праила, кд су у питање постари например,стани постар да седне,прф да кажу добар дан и слично. Они су некои легенде, некои жииф у историју, некои су веќ историја, некои топрф сакаф да гу мењаф иднину, некои су огорчени од ново антисоцијалистичко и капиталистичко уредување, тија су намрштени и сфе ги смета, не гу поштуеф помладу популацију и ми ги викамо кумуњари иако тј жаргон се користи туј и за политчки цели например, партија тај а не тај, али углавном такфи су.Тфрди и непопуштаф, увек су у право,тк е сфе било ефтино и муфте од државу, ск сфе е скупо и сфе се плаќа, а за гратис парче торту три пута се враќа да земе,например на роѓендан од некој маркет,на попусти и отфарања на нови комплекси ке ги вииш први се гураф, а што се вика по фацу му се познаа дека он веќ си га изеја и испија сфое на времето...

Ја ги до негде сфаќам, ама не ги сфаќам ако толко ги смета нешто од модерно време, што не су напраиле нешто за да не биде ск како што е.Ама такфа ни ситуација на Балкан, мешавина и збирштина, миљон бое на кожу, миљон менталитети и традицие

У врску сс прање мозак, сакам да кажу дека они су криви што уопште постоиф гатачи, бајачи, уроци, магије, исцелители,религие кои устфари су научна фантасика.Не викам дека они су ги измислиле тија стфари, него криви су што на нас помлади генерацие су га пренеле сфе тој, иако и пола од њима су знале дека нема благе си везе, али чисто онакој, ај и ви куде и ми, нека иде цело јајце у зељаник.

За зељаник и ракие сфака ви чаз, ви да не сте такфи традиционални едења никад немаше да едемо.Славе се слаиф за да се видиф сс сфои блиски и далечни, да се напраи богата трпеза и да има фамилијарна насмефка, а не за да се величи некој си сфетац, што си нема везе дали уопште постојаја тј, а не па бија сфетац : D

Кои су услови што треа да ги испуни некој за да биде сфетац еј, зшто ск например некој не се круниса сс титулу сфетац, ке га слаииф наши деца : D
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider and Prashina

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Пошто сум израснат во мултикултурна средина, традициите ми немаат клучен фактор во животот, ерго учен сум секогаш отстрана да ги проучувам и почитувам.
Така и со постарите. Како и секогаш и секаде, генерацијскиот јаз секогаш ќе постои - впрочем тоа и начинот на животот го налага. Outrider мислам дека половично имаш право дека денешнава младина е заснована од оноа што постарите го изградија, но не можеш да ја ставиш целосно нивната кривица. Треба да ги пресметаш и околностите кои самите тие биле раснети. Не зборам за повоеното време туку баш претходното, каде и целото општество не зависело баш од самите нив.
Лесно е целата кривица да се префрли на другиот, особено кога првиот има помалку привилегии. Но еве вака... Дали самите пензионери се бунеа за да ги стекнат тие привилегии, или ги стекнаа само заради нечии политички поени? Пензионерската „класа“ е една од најлесно подмитливите, тоа е општо познато на секој можен лидер во денешниве општества. Дади им се`, па утре можеш и да им одземеш - ником ништо. Колку само ветерани од WWII се имаат побунето или дигнато глас за привилегиите кои лека полека им се кратеа/кратат? А недај боже да добијат привилегија +, веднаш менуваат страна и ги величат токму оние против кои се бореа во војната.
Јас повеќе ја окривувам државата, бидејќи општо познато е колку и да е потребно да живееш во заедница, особено денес таа потреба итекако се злоупотребува од сите властодршци.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Македонски синдром-зошто тој да има а јас не или земете му нему -дајте ми мене!Кога нашите студенти излегле на протести,барале јавно да им се подобрат стандардите и условите?Подобро вие да се солидаризирате и да си барате и вие за вашите права а сигурна сум дека ке имате подршка од пензионерите.Незнаете да се организирате,немате синдикат идр.Само во Македонија секој ден се полни кафулињата,по цела вечер сте на фб.и не гледам дека многу ви е тешка работата(нека им е чест на исклучоци)
 
Се што оди по земја не може да биде светец.Ако бидеш чесен и хуман можда и ке можеш откако ке умреш.
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Македонски синдром-зошто тој да има а јас не или земете му нему -дајте ми мене!Кога нашите студенти излегле на протести,барале јавно да им се подобрат стандардите и условите?Подобро вие да се солидаризирате и да си барате и вие за вашите права а сигурна сум дека ке имате подршка од пензионерите.Незнаете да се организирате,немате синдикат идр.Само во Македонија секој ден се полни кафулињата,по цела вечер сте на фб.и не гледам дека многу ви е тешка работата(нека им е чест на исклучоци)
Типичен аргумент - земете му нему, дадете ми мене. Никој не бара да му се земе нему, туку да се има одредена еднаквост. А не дека немало протести на студентите. Само и тие се поткупливи... на друг, поегзистенционалистички начин.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Пошто сум израснат во мултикултурна средина, традициите ми немаат клучен фактор во животот, ерго учен сум секогаш отстрана да ги проучувам и почитувам.
Така и со постарите. Како и секогаш и секаде, генерацијскиот јаз секогаш ќе постои - впрочем тоа и начинот на животот го налага. Outrider мислам дека половично имаш право дека денешнава младина е заснована од оноа што постарите го изградија, но не можеш да ја ставиш целосно нивната кривица. Треба да ги пресметаш и околностите кои самите тие биле раснети. Не зборам за повоеното време туку баш претходното, каде и целото општество не зависело баш од самите нив.
Лесно е целата кривица да се префрли на другиот, особено кога првиот има помалку привилегии. Но еве вака... Дали самите пензионери се бунеа за да ги стекнат тие привилегии, или ги стекнаа само заради нечии политички поени? Пензионерската „класа“ е една од најлесно подмитливите, тоа е општо познато на секој можен лидер во денешниве општества. Дади им се`, па утре можеш и да им одземеш - ником ништо. Колку само ветерани од WWII се имаат побунето или дигнато глас за привилегиите кои лека полека им се кратеа/кратат? А недај боже да добијат привилегија +, веднаш менуваат страна и ги величат токму оние против кои се бореа во војната.
Јас повеќе ја окривувам државата, бидејќи општо познато е колку и да е потребно да живееш во заедница, особено денес таа потреба итекако се злоупотребува од сите властодршци.
Остај ги бенефициите од ЈСП и сличните ствари. Од '80-та па навака баш тие генерации живеат во мрак, едни живеат во заблуда дека ќе им се врати Југославија и живеат со желба дека од небо ќе им паднат истите оние привилегии кои ги имале со Југословенски пасош, други пак дека ќе живеат ко прави капиталисти.
Истата таа генерација која сега јаде пензија беше доволно слепа за да увиде кон што води тогашната ако може да се нарече транзиција, половината живеејќи со сонот дека ќе им се врати Југославија (пошто тогаш им било убаво), а половината пак освртени од капиталистичката пропаганда дека сега ќе имаат нешто свое (кое ни денес со она што е 1евро-квадрат не е дефинитивно усвоен поседот) и ќе може да си направат свој бизнис. И двете половини заслепени дозволија и сеуште дозволуваат да се случи она што се случи и што се случува.
Од истата таа генерација ќе слушнеш муабети за тоа колку лабаво си работеле по фабриките и колку им било убаво по цел ден дур се на работа да играат карти и да пијат пиво, колку не им било гајле за сопственото образование (и уште не им е гајле на повеќето) и сл. муабети. Доволно ми е за да ги обвинувам за моменталната ситуација.

Друга работа е она со „културното однесување“, демек на постар мораш да отстапиш место. Пред некоја година читав, во Данска баба тужела младич затоа што ѝ отстапил место во автобус и со тоа ја посрамотил пред сите дека е неспособна. За разлика од таму, кај нас на 45 години сметаат дека ти мораш да им отстапиш место или да ги пуштиш преку ред во маркет, банка, пошта и сл. инаку си „некултурен дечко без никакво домашно васпитање“. Ајде бе, да не треба и кесите после да им ги носиш до дома и пред врата да им ги одврзиш обувките пошто они се стари и не можат да се наведнат? Па дури и ако се враќаш од пазар и видиш од комшиите некој постар да се враќа, некултурно било да не му помогнеш. Бреј мајката. Што друго е некултурно?
Она што најмногу ме нервира кај повеќето од таа генерација е што си умислиле дека истата таа генерација има постигнато многу, а младиве се неспособна раја и немаат направено никаков напредок (дури не се ни способни за напредок) и дури со потценување гледаат на младината па дури и до тој степен што тие не ги признавале денешните факултети (настрана фактот што пола и повеќе барем еднаш повторувале до средно).
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo and Outrider

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Типичен аргумент - земете му нему, дадете ми мене. Никој не бара да му се земе нему, туку да се има одредена еднаквост. А не дека немало протести на студентите. Само и тие се поткупливи... на друг, поегзистенционалистички начин.
Се додека има поткупливи значи нема упорни и солидарни.не треба откажување и седење со лаптопот,тоа не е средство за добивање права(нажалост служи за оговарање и критикување)