По повод одбележувањето на 50 години од катастрофалниот земјотрес кој го погоди нашиот главен град Скопје, Црвениот крст на град Скопје традиционално организира крводарителска акција на 26.07 во просториите на новиот дневен центар за дарување на крв во ДХО Даре Џамбаз. Имено за таа цел сите хумани граѓани можат да дојдат и да даруваат крв секој ден од 22.07 до 26.07 во горе наведените простории од 09:00 до 17:00 часот.
Така да дечки сите што сте во можност дарувајте крв,вас не ве кошта ништо а сепак ќе спасите нечиј живот.БИДЕТЕ ХУМАНИ.
Така да дечки сите што сте во можност дарувајте крв,вас не ве кошта ништо а сепак ќе спасите нечиј живот.БИДЕТЕ ХУМАНИ.