Крвава Марија (Bloody Mary)

84 sk_Y ^_-

Староседелец
21 ноември 2012
595
825
1,093
Најчесто ја поврзуваме со истоимениот коктел. Но, легендата за „Крвава Марија“ е стара со векови и нема никаква врска со алкохолното уживање, ноќниот живот или поетската романтичност. Секоја верзија за Марија низ минатото е токму како самата таа - крвава.

Иако најчесто луѓето ќе се залетаат, па веднаш ја поврзуваат со најкрвавата англиска кралица Марија Тудор, секоја приказна за Крвавата Марија треба да се прифати со резерва. Марија Тудор била олицетворение на крволочност и зло заробена во исконски облик. Запаметена останала по тоа што за време на своето владеење го обновила католицизмот во Англија и погубила речиси 300 протестанти. Во историјата е запаметена како најголем англиски тиранин, а треба да се напомене и оти нејзината власт од почетокот била водена според интересите на благородниците кои ја окружувале и низа на погрешни воено-политички чекори што завршиле како неуспешни. Завршила многу трагично, не како тиранин, туку сама, напуштена од својот сопруг, боледувајќи од синдром на лажна бременост, за во 1558 година да умре од рак на јајчник.

Сепак, да прејдеме на вистинскиот хорор, бајки и митови, што зборуваат за вистинската „Крвава Марија“. Според народот, Крвава Марија е дух на девојка која се довикува во полутемен тоалет, со свеќи, изговарајќи го нејзиното име, во зависност од верзијата на приказната, од 3 до 15 пати. Се вртите во круг, првите два пати изговарајќи го името од 4 до 12 пати и последниот пат го кажувате гледајќи директно во огледалото. Страшната приказна вели дека ликот на Марија можете да го видите како со крвави раце ви се доближува од зад грб, заканувајќи ви се дека ќе ви ги извади очите или можеби ќе ве вовлече со себе во огледалото. Е, тоа би било „јако“...

Ако се прашувате кое било девојчето... Наидов на неколку приказни и сите се верзии за насилната смрт на девојчето по име Марија. Некои приказни велат дека се работи за Марија Ворт, девојка која настрадала во сообраќајна несреќа и оттогаш нејзиниот немирен дух ги прогонува оние што ќе ја повикаат. Според други извори, станува збор за вештерка Марија, која живеела во 18 век и која во бес, додека била спалена, ги проколнала сите што ќе го изговорат нејзиното име на сигурна смрт. И на крајот, има приказна што е поткована и со докази дека Марија е девојче од Гринвју и оти таму дури постои и нејзината спомен-куќа, како и гробот.

Крволочниот дел од целава приказна е што, според легендата, Марија е ќерка на лекар од 18 век, кој ја лекувал од заразна и тогаш неизлечлива болест - дифтерија. По смртта на девојката, свесен за можноста на ширење на заразата, бил присилен заедно со сопругата да ја закопа Марија што побрзо, за жал не утврдувајќи ја сѐ уште нејзината сигурна смрт. Тогашните обичаи налагале во сандакот да се спроведе коноп што ќе биде врзан со ѕвоно што било на површината на земјата, во случај да се работи за грешка или, како што тие милувале да кажат, мртвиот има нешто да каже. За жал, во случајот на Марија не било така, ѕвончето не заѕвонело, а кога изутрина ја откопале имале и што да видат - Крвава Марија која ноктите ги оставила на капакот од сандакот, гребејќи да излезе надвор.

Оттогаш шета по светов.

Колку има вистина во која било од овие приказни не знам, но имам одличен совет за вас! Викнете ја Марија, па прашајте ја! Ако смеете!..
 

Caci

Истакнат Член
15 февруари 2012
876
1,104
393
31
Струмица
не верувам во госпоѓава, како помала ја викавме, но не излезе :D може таа се исплаши од нас :giggle инаку го имам гледано филмот, доста интересен филм ;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Snow and 84 sk_Y ^_-

turop

Активен Член
15 март 2012
105
68
28
не верувам во госпоѓава, како помала ја викавме, но не излезе :D може таа се исплаши од нас :giggle инаку го имам гледано филмот, доста интересен филм ;)

Како се вика филмот да ми го кажеш сакам да го гледам.

Марија е многу убаво име,чисто и свето.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: $3Я3|\||)&p&†Y

Gloria

Нов член
7 јануари 2013
5
5
3
релативно е...бидејќи не постојат материјални докази,освен сведоци во чиј збор не можеме да веруваме целосно од една страна можам да кажам дека тоа е само обична приказна за љубителите на морбидноста,а пак од друга страна зошто и би лажеле сведоците?
добра тема за дискусија :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 84 sk_Y ^_-

Badgirl

Староседелец
4 јануари 2013
1,477
3,258
1,133
29
Najubaviot grad ------> SKOPJE :D
Се сеќавам едно време како мала,за оваа крвава мери зборувавме во училиште,јас наредната недела не смеев да влезам во тоалет од страв :sram
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 84 sk_Y ^_-

Largo

Полноправен Член
15 јануари 2013
90
97
18
Крвавата Мери ја викале оти си имала некои омилени имзачувања врз затвореници и неистомисленици демек...сепак тоа се' се само шпекулации и никаде не пишува и нее пренесено дека била токму една од најзлобните историски личности.

Да се надоврзам само...видов овде нешто као демек не постоела (facepalm) значи има записи има нејзин потпис на официјални кралски документи опејувана е и спомнувана во доста литература во скеој случај постоела
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mony ~