Ни Сектор не е тоа што беше на времето. Се' се позери. Сакаш да кажеш дека и фуфиците што шетаат во балски фустани и со штикли 12 см имаат изострен вкус? И типовите што дремат на конопој со виски во рака,имаат изострен вкус? Дека дошол во Сектор за да го слуша диџеот? А,не да биде виден? Ако имаш изострен вкус брат за музика ќе идеш на приватни журки надвор од Скопјево.
Ги паметам на времето кога во летното Колосеум доаѓаат диџеи како Карл Кокс,Етника и многу други. Али тоа беше пред 7 или 8 години.
А за турбо-фолкот местото му е во биртиите и во кафаните. Најголема глупост е пеачи од калиброт на Аца Лукас,на Цеца да пеат во дискотеки. Ова не е Швајцарија. Порано дискотеките секоја вечер си имаа различна музика и си беа задоволени сечии вкусови. Се знаеше каква музика се пушта во дискотеки, а каква во клубови и кафичи.
И да,се пие и на рок,и на џез и поп музика дури. Чудно мене па алкохолот на фолк не ми оди. Не знам да се развеселам на турбо-фолк.
Воопшто не е тоа проблемот.
Не слушаат сите иста музика па за дискотеките да бидат одредени по вид на музика.Дискотека мора да има поширок спектар,иначе ќе пропаднат.
За тоа постојат клубовите и кафичите. На пример,не можеш во дискотека да има рок свирка,моментот е свирката,ако е во дискотека ќе биде концерт.
Најубаво е кога би можело да се врати стариот сјај на ноќниот живот во Скопје од пред десетина години.Тогаш имаше место за сите љубители на музиката. А,денес не.
Не верувам дека ова ќе им успее.
Делев слично мислење со твоето се до моментот ког влегов во Деспина - не по мој мерак ама за да нешто хета човек треба да има и основа.
Поентата ми е ако еве рецимо Сектор почне да има програма од све и свашта по денови - денес турбофолк, утре рок свирче, задутре електро, ќе се деси некогаш некој кога има повеќе слободно време да му се падне Сектор да има турбо, а самиот тој не може да го помириса тој жанр.
Дискотеките треба да се прегрупираат и да се знае која на која целна група ќе оди. Така да ако еве рецимо мене денес ми се оди на електро, ќе знам Сектор има нон стоп такви работи, нема шанса да утнам. Ако сакам свирка, ќе одам во Сопотско, Мамас, Маракана. Ако сакам турбо ќе одам во Деспина, Ванила. Ако сакам да се начукам за евтини пари идам во биртија или парк. Треба локалите да се сконцентрираат кон потрошувачите а не обратно.