Кој е најдобриот форум во Македонија?

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Секој од лично искуство и секој на свој начин ја доживува било која институција,така и форумите.
Градација за добар од повеќе различни аспекти,разбирам,ама за најдобар незнам.
Дали ке треба да се оцени по мнозинство на активни членови,теми(нема да речам квалитетни оти и реперот за квалитет е исто така индивидуална работа),добар дизајн,добро и непристрастно водење итн.
Крај краева незнам дали е баш за отпоздравување активноста на што е можно повеќе форуми.
А за да може некој да изрази свое мислење,за да може да се изјасни кој и зошто баш тој форум е за него најдобар,треба да е активен насекаде барем солидно.
Не се чувствувам компетентна да напишам конкретен одговор на темава.
А конкретно мислење за овој форум имам доста млатено празна слама :zelen
Сепак неможам да не нагласам дека доста фали една Плава овде,од која доколку некој имаше желба,имаше доста што да научи(без разлика дали некој признал јавно,директно или индиректно).
 

Мирче_мкД

Истакнат Член
25 јуни 2012
173
121
343
30
Целосно се согласувам со Шака, жално, но вистинито е дека форумскиот етер во Македонија стагнира и не е како во најдобрите времиња. Ја имав таа чест да бидам дел од Бадијала пред да се распадне , поточно тоа беше некаде кон крајот на 2009 година.(леле колку време поминало кога ке ми текне). Фатив малку од златниот период на форумот кој штотуку згаснуваше (и мака ми е што не сум бил дел од него уште порано). Кајгана и во тоа време си беше кајгана, најмасовен форум во мкд, па ете ако морам да бирам во моментот и најдобар. Можеби има тролови, но има и квалитетни форумџии и поголема е веројатноста дека таму најпрво ке најдеш нешто што ти треба. Но да се вратам јас со мојата носталгија за бадијала, кој покрај тоа што имаше веќе една квалитетна бројка на членови, тоа беше и форум со душа, со хемија да не речам. Колку само добри дискусии се развивале таму , абе од мерак да ги споделуваш и читаш мислењата. Значи темите се тие во главно, но дискусијата во нив зависи само од членовите нормално. Значи од таму се излезени едни од најквалитетните,најактивните и најдобро форумски образувани членови од една страна, а од друга мала група кајганџии. По распадот сите се распрснаа кој на каде.. некои си најдоа своја околина (мислам за е-магаре). Таму дечките се ок ако нормално и ти се однесуваш ок со нив. За краткиот период додека бев член таму (и уште сум само неактивен за жал),забележав дека има доста отворена дискусија секако за специјализирани теми и секој го споделува своето знаење, вистина е дека има груби испади на некои самопрокламирани гении ама каде ги нема ? Ако неможеш да се справиш со нив тогаш ти не си за таму. Значи добар форум е форум каде летаат и мали искри, спротиставени ставови ама издржани со аргументи што ја прават дискусијата доста интересна и на повисоко ниво, дискусија која изобилува со висок речник. За црно-бело немам ништо поседно да кажам, се зачленив тука поради неколку причини, т.е поради одредени членови со кои сум дискутирал за х теми и со надеж дека ќе се вклопам во една нова форумска средина која допрва треба да се развива. Значи пред се реално ова е млад форум, имаше некој брз пораст на членови чија бројка сега стагнира. Платформата му е иста како и со поголемиот дел на други форуми,дискусијата на темите е просечна, сума сумарум просечен форум без нешто што ке ме натера да речам ВАУ. Друго нешто што мислам дека ја уназадува форумската дискусија е големиот број на оф-топик теми и мислења, значи најголем дел од времето форумџиите го трошат таму, па дај бре сите имаат фејбук веќе, место каде го известуваат светот за секое одење во вц, немора и овде да ги читаме истите работи. Да сум јас лично админ би оставил само една до две теми од таков карактер и тоа со дневно ограничен број на мислења таму. (но тогаш тоа најверојатно би бил некој друг форум, нешто помеѓу генерален и специјализиран).
Ова е во кратки црти мојата анализа за форумите во Македонија кои ке повторам не се нешто посебно сјајни, мислењето ми можеби помалку искривено поради самиот факт што и самиот се одалечив од форумската сцена и многу ми е мака за тоа, но сепак во овие неколку години морам да дадам приоритет на некои други работи. Тоа не значи дека еден ден засекогаш ќе се мавнам од форуми, ми се чини е невозможно да се стори тоа што еднаш си бил член на одреден форум.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: slb_bobo and ShakaZulu

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
1,001
602
423
Ohrid
Прекршување на правилото за кирилица по 10ти пат
nema dobri ni druzelubivi forumi
ednostavno site se te edno isto, se cudam kako ne mu zdosadi na narodov od virtuelnovo druzenje se kladam deka edno dobri 4 sati sekoj trosi na net
sto fajde sto koris ima od toa !!!
 

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
Не би можела да кажам кој е најдобар,затоа што активна сум само овде,а сум била член на кајгана (неколку месеци) заради група од факултет и на фемина (исто некој месец) на кој што се зачленив за да споделам мислење и да побарам совет од девојките,за женски проблеми.
На кагјана освен групата на ништо друго не сум коментирала,не се ни сеќавам кој ми беше никот.Така што не би можела да кажам впечаток за тој форум.
За фемина можам да кажам дека е тип на форум каде што нема да ти пукаат сеир од страна ако прашаш нешто што незнаеш,туку кој колку знае ќе ти помогне,или ќе те упати каде да прашаш. За разлика од овде,што ако некој постави прашање поврзано на пример со здравје и ако некој му одговори на тоа,одма друг член напаѓа како тоа овде ние не сме лекари,оди си на лекар,што си чекал до сеа.

Црнобело е прв форум каде што сум активна година ипол,форум којшто го отварам исто толку често колку и фејсбук и форум кој не би го напуштила во скоро време :)
Можеби за толкава активност придонесе и тоа што уште првиот месец ми доделија титула модератор, па некако бев обврзана да се уклучувам и да отварам нови теми,да проверувам што има ново,кој забегал со оф топик, кој прекршил некое правило...
Има едукативни теми,теми за забава,убавина итн, а за членовите ќе кажам дека има и позитивни и негативни ,но така функционира се, со плус и минус, па мора и овде , инаку ќе биде досадно :D
Имам пријателчиња овде и баш ми е мило што сум ги запознала,а особено ми фали еден член што го нема од поодамна,ама ај може ќе се уклучи некогаш,ќе не посети :)
Инаку првпат слушам за форумите магаре и тинк.
А имам слушнато за форумот бркај работа, неуспешна копија на црнобело :D
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,119
1,683
cPuHzdp.png
JZjCaOG.png


Убо е местенцево, убај лујџе.
Само премногу е тивко
 

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Член сум дури на еден форум. На овој, што е сосема очигледно ако пишувам коментар токму тука.
Ниту се сметам за форумџија ниту сум. Имам цели 900 мислења, од кои 700 оставени во сакам да кажам и во љубовна и отворено дури 5 теми кои едвај да живнале...
Долетав на црнобело од чиста досада минатиот Велигден кога ако се сеќавате депресивна беше атмосферата низ државава.
Ниту знаев што е форум, ни што треба да правам тука, ни за што би ми служел... од чиста љубопитност направив корисничко име и од нула знаење што е форумџија прочитајте ми го никот - моето сопствено име.. уаооо - каква креативност !
Со оглед на се ова, не знам колку компетентна сум да дадам свое мислење на темава, ама сепак еве го:
Според кои параметри еден форум се смета за најдобар?
Според број на членови?
Број на теми?
Број на мислења?
Развиени дискусии?
Добра администрација?
Не може туку така да кажеме дали еден форум е добар или не.
Од многу фактори зависи квалитетот на еден форум, и пред се форумот го прават членовите. Добри членови, какви што во своите најубави денови црнобело форумот имаше. Не дека сега нема, ама тек тук... повеќето ретко или не пишуваат, сосема си отидоа од тука или само читаат и се смеат...
Оние што останавме, се учиме да бидеме форумџии - а како ли тоа го правиме без учителите?
Останува да дигнат раце уште оние малкуте како Саладин и Електра, па тек тогаш слободно да конкурираме и да одговараме на прашањето кој е најлош форум во Македонија.
п.с примери како Саладин И Електра има уште, нека не се чувствуваат за навредени и омаловажени оние кои сум ги мислела а не сум ги спомнала, нека не се навредуваат ни оние кои не сум ги мислела, зошто сепак е тоа мое мислење кое не треба да се земе во предвид : )
 

Licno taa

Староседелец
28 јануари 2013
59
50
1,028
Форум Македонија за мене беше најдобар форум
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,119
1,683
Форумите си е*аа мајката во Македонија кога партиските потрчковци, троловите (меѓу кои и јас) и останатите добија простап на интернет.
Нема добар форум, има форум во кој има квалитетна дискусија и форум со срања.