Која полиција ја имаме ние во Македонија?

  • Подфорумот „Политика и политички настани“ се отвора со цел да се информираме и дискутираме за политичките збиднувања во Македонија и светот.

    Освен стандардните форумски правила, се молат членовите да:
    - Се држат настрана од својата пристрасност и да дискутираат во рамките на зададената тема, односно да ја држат дискусијата на соодветно ниво. Секое скршнување од истата ќе биде избришено и казнувано по потреба.
    - Не навлегуваат во конфликти околу политичките партии на кои (не) им се наклонети.
    - Секој обид за партиски активизам ќе биде санкциониран, а корисникот баниран.

    Пристап до овој подфорум имаат членови со над 50 мислења по останатите теми, односно членови чија цел не е ширење политичка пропаганда и нетрпеливост.

    Тимот на ЦрноБело форум се оградува од поддржување на било која политичка партија.

Caci

Истакнат Член
15 февруари 2012
876
1,104
393
30
Струмица
Не си фантазирајте многу, имаме полиција и полициски структури што се на високо ниво..
Дискутирам за техника, опрема, психофизичка подготвеност, инфраструктура, едуцирани кадри..

Односот помеѓу полицаец - граѓанин...... НЕ е знак дека не чини полицијата... тоа си сме ние, и нашиот менталитет.
Благодарение на политичката клима, такво понашање постои во секоја административна работа..

Нашиве служби, посебно одделот за разузнавање и контраразузнавање - не се воопшто за потценување.

епа како тогаш може да е фатен крадецот и да го пуштат, му велат оди си, слобден си, а да не го видовме ќе земеше се... тоа полиција е???
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: emzzy

близнак

Староседелец
21 јуни 2012
169
306
1,063
епа како тогаш може да е фатен крадецот и да го пуштат, му велат оди си, слобден си, а да не го видовме ќе земеше се... тоа полиција е???

Не ги познавам правните детали... можат да го држат 24 сати, и ако нема докази ќе му залепат 2 шамари, и ќе го пуштат.
Ама следниот пат ке крка 30 дена притвор и кривична...

НЕма 100% демократија нигде... Судството и полицијата треба да се изолирани, што практично не е возможно.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
А што толку се чудите па?
Ко демек секоја институција во државава ни е на нивоу, па полицијава заостанува.
Посебно полицијава си е тесно поврзана со градските лопужи. Си делат се`.
Мајка ми 2 пати ја беа ограбиле. Еднаш наркоманчиња 20 и кусур годишни, друг пат во државна направиле сценарио некои демек ќе се тепаат, и дури народов бил загреан, други колеги си ја завршиле работата.
И во двата случаи ништо, само истиот одговор „Аха, без гајле, ги знаеме ние нив.“
Поарно да не се ни брукаш и нервираш да пријавуваш.
Од шалтерски кучки, преку ванаби докторчиња, медицински сестри и браќа, пицопевци во своја канцеларија, па до славниве полицајци, се` си ебало векот. Мислат за леви Божји ташак се фатиле со „функцијата“ нивна.
Посебно ако мамичка и татенце им ги обезбедиле со по некоја продадена нива и фатена врска преку на дедо ми сестра ти, тие се најопасните, најдигнатите и нај врска немаат од работата која им се налага.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Caci, parvati and Legioner

Caci

Истакнат Член
15 февруари 2012
876
1,104
393
30
Струмица
Не ги познавам правните детали... можат да го држат 24 сати, и ако нема докази ќе му залепат 2 шамари, и ќе го пуштат.
Ама следниот пат ке крка 30 дена притвор и кривична...

НЕма 100% демократија нигде... Судството и полицијата треба да се изолирани, што практично не е возможно.

ама тука не го ни однесоа во станица, на лице место, во на детето домот крадецот фатен, и му рекоа оди си, што е дури жално...
 

FallenAngel

Староседелец
5 декември 2012
601
402
1,073
Eupen
Татко ми е полицаец во Струмица. На еден летен одмор отидов заедно со него на една ноќна смена. Имаше две работи каде мораше тој и неговиот колега кој не придружуваше , да превземат нешто. Еден ром ја малтретираше својата жена на патот и татко ми веднаш го предупреди и ја однесе жената дома а него му рече да се отрезни. На жената и даде број доколку нешто се случи да се јави на полицијата. Накај 5 наутро се случи кражба во нашето село. Крадците беа фатени од страна на татко ми и колегата. Незнам за другите но го знам татко ми каков е како човек а исто така добродушно и праведно се однесува и со колегите и граѓаните. Нормално дека има и такви кои го мразат бидејки ради нивна вина биле фатени од него и имале некоја казна за плаќање. Но има и такви кои знаат да ја ценат неговата работа. Полицијата нема лесна работа. Нејзиниот живот е ноч стоп во опасност иако имаат со себе оружје, не е се во тоа да се пука и рани човек. Затоа психологијата и психата на човекот кој станал полицаец треба да е добра бидејки тој секој ден се справува со секакви луге. Со некои кои веќе изгубиле се во животот и ништо не им е мило и не размислуваат дали некој ќе повредат или некои кои се нашле во некој ситуација каде згрешиле. И тоа е мојата омилена професија. Се надевам еден ден ако не во Македонија тука каде што сум ќе станам една добра полицајка. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mnogo Bitno

Lepaa

Истакнат Член
2 декември 2012
985
1,704
393
Никоја.Секакви умоболни шетаат низ улиците тие ништо не прават.Значи,има еден мост и многу е високо поставен еден човек не е во ред со мозок и оди на него |-( Тие го гледаат и ништо не му викаат.Боже,петар!
Не дај боже,да се одбраниш од наркоман ако те нападне.Ти ќе бидеш виновен,затоа што на него дрогата му била потреба (facepalm)
Порано имаше полицајци шетаа по улиците а,сега само гледаат да си седнат некаде да се напијат и демек на работа се.
 

Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,801
810
1,133
Skopje
Имаме полиција за пример по која многумина плукаа ,а изгледа не знаат дека мирно спијат поради нив , тие се оние кој деноноќно ја чуваат границата со јужниот сосед (циганите) на која има илјадници мигранти кој се спремни во секој момент да влезат во Македонија .
Истите тие кој денес плукаат по полицијата што безмалку ги емитува скоро секоја телевизија се истите оние кој во 2001 година со двогледи гледаа како Волците и Тигрите беа во срцето на Арачиново , Теарце , Расче, Радуша , ВАКСИНЦЕ итн и изиграваа стручњаци кој каков калибар користи и за каква намена е истиот ...
Со таквите само ќе ја изгубиме целата држава , а нека се крстат на тие (полицајци) по кој маваат со камења и дигаат раце на нив !!!
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
^колку само ти нема врска ова со темата за полицијата кај нас, туку онака само да изругаш одредена толпа народ што протестира поради „полициска бруталност изрежирана од високите редови“.
 

Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,801
810
1,133
Skopje
Никого не ругам , реалноста ја кажувам само ,а сигурен сум дека не ја знаеш дека не си ни бил да видиш , баш има врска со темава која е и дво ,а и тросмислена ...
Секој има право да протестира ,само мора да се соочиш дека дел од тие не сите нормално се оние кој се Широка рамена ,а муда малена , мора да се помириш и ти и тие со тоа , и нормално се виде во 2001 , па тие сега што маваат по полицијата сакаат двојазичност и премиер Албанец не сакам јас ?!
Како и да е ,не сваќај лично ништо ,јас кажувам тоа што сум видел тамо баш кај што тие со двогледите не можат и немаат газ да влезат ,а тоа е така другар ...
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Никого не ругам , реалноста ја кажувам само ,а сигурен сум дека не ја знаеш дека не си ни бил да видиш , баш има врска со темава која е и дво ,а и тросмислена ...
Секој има право да протестира ,само мора да се соочиш дека дел од тие не сите нормално се оние кој се Широка рамена ,а муда малена , мора да се помириш и ти и тие со тоа , и нормално се виде во 2001 , па тие сега што маваат по полицијата сакаат двојазичност и премиер Албанец не сакам јас ?!
Како и да е ,не сваќај лично ништо ,јас кажувам тоа што сум видел тамо баш кај што тие со двогледите не можат и немаат газ да влезат ,а тоа е така другар ...
Повели друже, изгледај до крај.


Секако дека не се сите такви, но твојата претходна осуда делуваше како сите што се таму се такви.
Исто така како и главнокомандујучи шеф на полицијата што прави разни далавери со коалициониот терорист па уште и сценарија у диво насеље каде гинат недужни полицајци, се` со цел да одвлече внимание на рајата од суштинските проблеми.