1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Која е смислата на животот?

Дискусија во форумот 'Философија' започната од melpomena, 22 март 2012.

  1. melpomena

    melpomena Енигма

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    8,231
    Допаѓања:
    17,756
    Основното прашање со кое мора да се соочи секој разумен човек е прашањето за смислата на животот-прашање што окупирало многу мисловни луге во минатото, а кое и денеска е привлечно и актуелно. Веројатно сите ние во одредени мигови, на пример, набљудувајќи го прекрасниот залез на сонцето кое во свечена тишина тоне зад живописниот пејсаж, сме се запрашале од каде потекнува таа хармонија и убавина и што е тоа што животот го прави живот и кое место ни припаѓа нам во него.
    Од каде доаѓам и каде одам? Какво значење има мојот живот меѓу оние безброј милијарди луѓе кои живееле или живеат
    Можно ли е по смртта да престане се, и сите мои размислувања, мојата љубов, жалоста и напорите да постигнам нешто што ќе ме краси како човек, да исчезнат во вртологот на времето и само повремено да се појавувам во сеќавањето на моите деца, на моите роднини, пријатели, а по неколку децении, кога и нивниот живот ќе се угаси, повеќе ниту таму?
    Се ова може да се случи уште во следниот миг, зашто сите знаеме дека располагаме со несигурен живот. Дали тогаш се исплатува и понатаму, да живееме, да се бориме и да се мачиме, за на крај да станеме поим насочен кон заборав, празнина која засекогаш ќе остане? Зар во универзиумот настанало се така бесмислено за набргу да исчезне во бесмисла?
    Која е вашата смисла на животот?
     
    На slb_bobo, Lena и Aristokrat им се допаѓа ова.
  2. lady_blue

    lady_blue Староседелец

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    2,400
    Допаѓања:
    4,420
    Децата.
     
    На fantina, Prashina, Arhangel Uril и уште 10 други им се допаѓа ова.
  3. existence

    existence Boolean
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    7,391
    Допаѓања:
    9,099
    Животот сам по себе нема никаква смисла. Смислата е мисловен поим кој ние сами го придаваме на животот како би си одредиле некоја насока кон која би ни течел животот и според таа смисла си ги одредуваме животните цели. Целите се оние кои не` водат да направиме или да не направиме нешто.

    Искрено мене не ми е јасно зошто сите се стремат кон тоа да бидат запаметени по нешто. Јас одамна се помирив со фактот дека јас сум само некој кој живее овде одреден период и потоа го снемува. Моето дело кое би го оставил позади себе не ми е нималку гајле дали ќе остане запаметено од некого некогаш или пак нема. Не ми е воопшто гајле дали некогаш некој ќе рече „Ееех, Бобо направи ова или она“. Јас сакам само да си ги постигнам повеќето од целите кои си ги имам поставено пред себе иако сум сигурен дека со тек на време и тие молдираат и дека би ми требале најмалку 300 години живот за да остварам се` што имам замислено.
     
    На melpomena, danijela, lora и уште 5 други им се допаѓа ова.
  4. Avona Vi

    Avona Vi Истакнат Член

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    493
    Допаѓања:
    630
    Без разлика која е смислата, сите ќе умреме еден ден.. така да нема смисла живото
     
    На TheTrooper и Aristokrat им се допаѓа ова.
  5. MissChievous

    MissChievous Ingenious

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,084
    Допаѓања:
    7,013
    Да бидам среќна и да ги направам среќни луѓето кои ми значат.
    Уживам во секојдневните работи... утринско ладно нес, разговор кој трае со саати со дечко ми, пица за ручек, седење во парк на трева, пиво, трошење цело попладне на играње видео игра на пц, седење до многу доцна навечер гледајќи серија, сладолед, добра книга, дремење со моите пријатели надвор било каде, добра свирка, дожд, купување на парче облека после долго меркање, првото бањање во езеро/море, патување, пеење на цел глас, чоколадо, уметност, музика... Смислата на мојот живот е уживање во секој даден миг. Да, треба да се извршуваат обврските, да се има барем трошка сериозност во животот, но не треба да се замара премногу, еднаш се живее!
     
    На Luckky, Lena, BlackTulip и уште 5 други им се допаѓа ова.
  6. Aristokrat

    Aristokrat Староседелец

    Зачленет на:
    27 февруари 2012
    Мислења:
    2,655
    Допаѓања:
    3,335
    Јас го прочитав коментаров и во еден момент помислив дека не си ја разбрала темата баш или...или пак не си ја разбрала.:)
    Муабетот е следниов животот ни функционира на начин се што правиме покасно да имаме некаква корист или бенефит на пример идеш на факс за да се вработиш или работиш за да земеш пари да направиш деца и така натака.
    Муабетот е следен слушаш некој што си го познавала дека умрел (да не поаѓаме од самите себеси) и наеднаш си викаш "Ejj колку деца пари,внуци имаше и умре" и наеднаш се запрашуваш дали некој после ќе го награди или само ќе гние и гние два метра под земја и целта да живее било на крај црвите да се гоштеват со него
    Јадењето,пиењето,трчањето што го кажа се само моменти како ти ќе го потполниш животот да ти биде позабавен со цел да живееш повеќе што пак после сето тоа се сведува да се дојде до умирањето.
    Можеби од тука е пустата желба со илјадници години човекот да се разубеди дека има нешто после овој живот зашто инаку навистина би бил безцелен.
     
    На balerina му/ѝ се допаѓа ова.
  7. MissChievous

    MissChievous Ingenious

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,084
    Допаѓања:
    7,013
    Јас ја разбрав убаво темата. Секој има различна цел и различни потреби. Тоа што за тебе е успех, не значи дека е и за мене. На некои важно им е да бидат запаметени, на некои не им е. На некои важно им е да имаат семејство, деца, внуци, на некои не им е. Секој различно живее и различно ја наоѓа смислата на животот. Смртта е само последното нешто што на сите ќе ни се случи, со неа завршува смислата на животот.
     
    На Lena и 4FUN им се допаѓа ова.
  8. Nightmare_f

    Nightmare_f Истакнат Член

    Зачленет на:
    19 февруари 2012
    Мислења:
    1,358
    Допаѓања:
    2,204
    да се пронајдеш себеси, да знаеш што сакаш од животот и за тоа да живееш.:cool:
     
    На 4FUN и Ludaca им се допаѓа ова.
  9. Saladin

    Saladin Unbaised
    Член на администрација

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,993
    Допаѓања:
    9,620
    Смислата на животот е трчање по идеали и совршенства, а всушност несфаќање дека таквите не постојат.
     
    На Lena, lora, Primrose и уште 2 други им се допаѓа ова.
  10. iDeposito

    iDeposito Староседелец

    Зачленет на:
    29 февруари 2012
    Мислења:
    47
    Допаѓања:
    63
    Идеалот и совршенството не го барај во секој човек. За сите нас постои една до две личности кој што се совршени и идеални за нас а за другите можеби најлоши. Тоа е смислата на животот.
     

Сподели: