Која држава во светот е најдобра за живеење? Зошто?

Која од наведените држави е најдобра за живеење?


  • Вкупно гласале
    12
  • Poll closed .

X4ert

Нов член
25 август 2013
5
2
3
40
Струмица
Во светот постојат многу убави и големи држави. Дали некогаш сте посакале вие да живеете во една од нив? Која е таа земја што најмногу ве привлекува и зошто ја преферирате истата?
 

SaltNPepa

Староседелец
19 август 2013
49
116
633
Има ли посебна причина зошто се овие држави наведени? Јас лично ниедна од овие не би одбрала за живот. Повеќе ме влече Австралија, скандинавските земји и евентуално Канада. Средени системи од почеток до крај, секој има прилично добар живот со солидни плати, а секој труд повеќе побогато е награден. Не постои експоатација на работниците, а и да ја има, никого се нема пожалено затоа што е платен повеќе. Може имаат поспецифични клими, ама најмал проблем.
 

X4ert

Нов член
25 август 2013
5
2
3
40
Струмица
Има ли посебна причина зошто се овие држави наведени? Јас лично ниедна од овие не би одбрала за живот. Повеќе ме влече Австралија, скандинавските земји и евентуално Канада. Средени системи од почеток до крај, секој има прилично добар живот со солидни плати, а секој труд повеќе побогато е награден. Не постои експоатација на работниците, а и да ја има, никого се нема пожалено затоа што е платен повеќе. Може имаат поспецифични клими, ама најмал проблем.
Во горе наведените држави живеат голем број на Македонци па тоа е и една од причините поради кои се наведени. Особено се истакнати Швајцарија и Германија како богати и средени држави за добар живот. Се сложувам за тоа дека земјите на Скандинавскиот полуостров се исто така доста привлечни но сепак мнозинството Македонци е во Швајцарија, Германија, Италија и сл. Инаку експоатацијата постои насекаде во светот, можеби не за секого но сепак постои.
 

SaltNPepa

Староседелец
19 август 2013
49
116
633
Експлоатација постои, ама не е исто да `рмбаш како магаре и на крајот ни П од пари да не видиш со тоа да работиш и да бидеш богато платен. Мене така добро некој да ме плаќа јас не би се штедила да работам, напротив тоа е стимул и за напредок. И поарно да идам таму каде што нема толку Македонци...ние сме клета нација.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider and X4ert

X4ert

Нов член
25 август 2013
5
2
3
40
Струмица
Се сложувам со тебе. Каде и да одиме ние сме исти. Пример во Германија во град каде има само 10 македонски семејства кои што треба сложено да соработуваат и да се заедно во лошо и во добро тие едноставно се на голема дистанца па некои дури и се мразат.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: SaltNPepa

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Данска,Канада,Финска,Шведска,Норвешка во која било од овие живеел,од тие во анкетата што се во ниедна не сакам да живеам.
 

Harmonija

Истакнат Член
12 јули 2013
600
405
363
28
МАКЕДОНИЈА, ЛЕЖИ ЛЕБУ ДА ТЕ ЈАДАМ!!! ОВА Е МОЈАТА ЧУДЕСНА ЗЕМЈА :)
 

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,795
1,153
29
Битола
1.НОРВЕШКА
2.САД
3.ШВАЈЦАРИЈА
4.ГЕРМАНИЈА
5.АВСТРАЛИЈА
6.KАНАДА
7.ФРАНЦИЈА
8.ШВЕДСКА
9.ВЕЛИКА БРИТАНИЈА
10.ИСЛАНД
... Иначе Македонија за ништо не ја давам без разлика на се. :)