Коригира или Корегира?

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Мислам дека насловот објасни се’.
Што мислите вие, се пишува Коригирање, или Корегирање?
Овој збор е дојден во транскрипција од зборот "correct“ но сепак во нашиот јазик е дојдено како „коригирање“ - барем јас на факултет така научив.
Сега моментално на еден друг нет простор дојдов до „жестока дебата“ за ова, па сакав да видам дали јас сум во заблуда сите овие години или човекот.
 

Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,065
113
Скопје
www.statik-group.com
Корегирање, корегира...Корекција...
-според мене вака е. И така го користам јас.




коригира

ОБЈАСНУВАЊЕ
1 :​
(лат. corrigere) 1. поправи/поправа, внесе/внесува поправки, врши, изврши/извршува коректура; 2. подобри/подобрува; дотера/дотерува; 3. опомене/опоменува, казни/казнува.


Збор
Објаснување, превод
коригира
(лат. corrigere)
коригира
поправи/поправа, внесе/внесува поправки, врши, изврши/извршува коректура;
коригира
подобри/подобрува; дотера/дотерува;
коригира
опомене/опоменува, казни/казнува.
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Разговорски ми се чини сите употребуваме корегирање... ама тоа ни е една од неправилностите што секојдневно ги употребуваме
 

Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,065
113
Скопје
www.statik-group.com
Разговорски ми се чини сите употребуваме корегирање... ама тоа ни е една од неправилностите што секојдневно ги употребуваме

Многу ретко и да го користат.Особено многумина од скопје што се залажуваат дека зборат најчисто
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Arkantos

ShakaZulu

Староседелец
19 февруари 2012
431
886
1,103
Ако зборот корекција не е македонски литературен збор тогаш и корегирање не е литературно, затоа што корикцја мислам врска нема со животот :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: emzzy

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Ако зборот корекција не е македонски литературен збор тогаш и корегирање не е литературно, затоа што корикцја мислам врска нема со животот :)
Значи речениците што ќе ги пастирам се потполно оф топик ама ај да видиш :)
Освен за ваков тип на корекција, дермалните филери се користат и за зголемување на волуменот на усните, пополнување на јаболчниците со што се зголемува нивната компактност.
Филерите, освен за коригирање на брчките, може да се користат и за зголемување на волуменот на усните, со што естетски се постигнува нивна исполнетост и младешки изглед.

Извор: http://www.ancevski.com.mk/index.php/mk/tretmani-lice/27-dermalni-fileri
 

emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123
Па види..од корекција доаѓа корегирање и од корегирање - корегира. Не е корикција него е корекција, затоа и пологично ми е да е правилно корегира а не коригира...
И професорката по македонски јазик и литература корегирање го употребува а не коригира..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Arkantos

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Точно пологично е. Затоа што ние на основата само додаваме суфикси...
Ама во сите лекторирани дела јас сум сретнувал корекција, и не корегира, туку коригира :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: She and emzzy