Контрацептивни пилули

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Многу научници денеска сметаат дека е здраво жената редовно да користи контрацептивни пилули. Освен за нивната редовна намена, научниците им препишуваат и низа позитивни ефекти кои контрацептивните пилули ги имаат врз телото. Сепак голем број од жените не ги користат бидејќи имаат мислење дека тие делуваат лошо врз организамот т.е. на некој начин му штетат на организамот. Еве неколку митови во врска со контрацептивните пилули кои сметаме дека ќе ви разрешат дел од дилемите.
images (1).jpg
Контрацептивната пилула дебелее
Мит кој е многу проширен, но сепак ќе нагласиме дека порано контрацептивните пилули имале улога во дебелеењето, меѓутоа со развојот на медицината и фармакологијата, денеска оваа нус појава е сведена на минимум. Можеби кај некои жени ќе се зголеми телесната тежина, но ништо повеќе од 1 или 2 килограми, нешто што не се забележува и што нетреба да ви биде пречка за да ги користите.

Контрацептивната пилула го намалува либидото
Овој мит е исто така раширен со причина. Некои студии направени во САД изнеле резултати дека контрацептивните пилули го намалуваат либидото на жените. Сепак ваквото нешто денеска се негира со правење на други студии, каде што намалувањето на либидото е забележано кај многу мал процент од испитанички, па неможеме да кажеме дека контрацептивната пилула го намалува либидото кај жените. Покрај ова, либидото односно сексуалната желба не зависи само од биолошките фактори туку и од психолошките и социјалните – коментираат многу научници.

Контрацептивната пилула предизвикува тумор
Ова е доста распространет мит. Сепак е неточен. Иако порано научниците се сомневале во вакво нешто, сега се докажува сосема спротивното. Контрацептивните таблети, освен што не предизвикуваат рак, туку ги штитат жените од рак на јајници или ендометриум, а исто така ги штитат и од појава на воспалителни процеси на овие органи, тврдат научниците.

Затоа научниците сметаат дека контрацептивните пилули се сосема безбедни и добри за употреба и ниту едно од горенаведените причини за нивно избегнување не е оправдано бидејќи е неточно.
zazdravje.com.mk

Дали вие користите контрацептивни пилули?
 
Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
Не користам ама докторката ми ги препорача овие
yaz-packaging.jpg

и ми даде една брошура каде што има се објаснето за нив,како да се земаат,што се случува со Вашето тело за време на менструалниот циклус и како воопшто делува пилулата,како спречува бременост и дека има здравствени придобивки како поредовна и понеболна менструација,и намалување на ендометријален и оваријален канцер.
 
Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103

И мене исто ми ги препорачаја овие, но требаше предходно да направам папа тест, брис и не знам уште што за да можела докторката да ми дозволи да ги користам. Не сум правела такви испитување и ми беше страф и ништо не направив. Најповеќе сакав да ги користам за понеболна и поредовна менструација...ама ете треба да се решам и да ги направам тие тестирања. Дали и тебе ти барала некои такви тестови или не?
 
Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
И мене исто ми ги препорачаја овие, но требаше предходно да направам папа тест, брис и не знам уште што за да можела докторката да ми дозволи да ги користам. Не сум правела такви испитување и ми беше страф и ништо не направив. Најповеќе сакав да ги користам за понеболна и поредовна менструација...ама ете треба да се решам и да ги направам тие тестирања. Дали и тебе ти барала некои такви тестови или не?
Во моментот кога ми ги препорача,ме зимаше брис за редовен пап,а претходно не ми спомнала дека треба да ми направи пап за да ми ги препорача овие.
 
Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Во моментот кога ми ги препорача,ме зимаше брис за редовен пап,а претходно не ми спомнала дека треба да ми направи пап за да ми ги препорача овие.
Епа јас се уште не сум била на пап тест можеби затоа ми барала... не знам зошто инаку..... ама веќе време е да си направам такво испитување.
 
poop15

Нов член
17 септември 2014
1
0
1
34
здраво
ќе може ли некој да ми каже ( од искуство или од сигурен извор ) дали промената на времето во кое се пијат контрацептивните пилули влијае на заштитата ? поконкретно, ги пијам во 15 часот, ама следното пакување сакам да го почнам во 17 часот ?
Фала
 
JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
здраво
ќе може ли некој да ми каже ( од искуство или од сигурен извор ) дали промената на времето во кое се пијат контрацептивните пилули влијае на заштитата ? поконкретно, ги пијам во 15 часот, ама следното пакување сакам да го почнам во 17 часот ?
Фала
Здраво, не користам пилули ,но по некоја логика не би требало да влијае при заштитата.
Најубаво косултација со гинеколог.
 
Farfalla

Староседелец
14 февруари 2012
455
1,010
1,103
@poop15 слободно можеш да си почнеш во 17, нема никако тоа да влијае на контрацепцијата.
 
rain-bow

Истакнат Член
21 ноември 2014
174
79
338
Не ги сакам, 2 месеци само пиев јаз и одма имав проблеми, покачен притисок што мене никогаш ми се нема случено. Секој лек во било која форма е штетен, кога се користи долго, па затоа не можам да разберам како ова чудо може да е безбедно. Хормони се во прашање не е заебанција.