Конкурс за полицаец

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
Предходната недела, поточно од Вторникот можеби слушнавте на телевизија, можеби од некој ваш близок пријател излезе соопштение од МВР дека ќе примат нови 330 полицајци кои ќе бидат една година на обука во Идризово, а потоа ќе им се одреди работното место.

Услови кој треба да ги исполнува секој кандидат

Да не е постар од 25 години
Да е над 175 см висок
Да има завшрено средно образование
Да не е осудуван
Да е државјанин на Македонија

Заинтересираните кандидати може да се пријават во дадените места по региони.

Исто така покрај гореневедените услови ќе има и писмен дел, како и практичен дел.
Машките треба да направат 60 стомачни, 40 склекови, 10 згибови и да се истрчат 3,5 км за 13 минути.
За женските мислам дека е истово освен ќе бидат поштедени од правење згибови.


Инспириран од условите и практичниот дел решив да се пријавам.
Зошто? Најпрво ги исполнувам сите услови, цела година сум во форма за мене 60 стомачни, 40 склекови и 10 згибови се смешно, а за трчање 5 км ги трчам за 13 минути, значи некаде 3,5 кн за 10-тина минути.

Не дека некогаш сум сакал или сум сонувал дека ќе бидам полицаец или сум аплицирал во државна работа, едноставно сакам предизвици, а со тоа имам уште поголема самодоверба да се докажам на самиот себе, а тоа да го видат и другите дека има спремни и способни лица, иако се знае во нашата држава како се влегува. Ако татко ти е владика и ти ќе бидеш поп, така да и овде, мора да се има врски, иако јас сум сигурен дека 300 луѓе веќе унапред се знаат кои ќе влезат, но јас решив да си ја пробам среќата без разлика дали ќе ме примат или не сакам да ја видам со мои очи вистинската слика на кој начин и какви ќе бидат примени, што и да биде апсолутно нема да биде никакво разочарување за мене, напротив поголем поттик за самодокажување во иднина.


Дали од форумот има некој што се пријави или се мисли дали да го стори тоа, и што мислите во врска со примувањето?
 

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
Знам дека примаат 150 Македонци и 150 Албанци, во Аеродром биле пријавени околу 2500. Дали ќе го видиме и тоа чудо без партиска врска да се случи во државава вработување.
 

Bum-Bum

Истакнат Член
3 март 2012
1,126
1,845
423
Еден досаден град
Условите се дури смешни....
Тоа е океј...ништо тешко,ништо страшно ;)
Пробај си ја среќата,моеби ке успееш...
Ете и татко ми е така влезен.....бидејки бил многу способе без врски...ама нели...тоа било друго време :D
Јас би пробала на некои 3 ,4 години...зашто да не....убава е таа работа
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Trajche

Bum-Bum

Истакнат Член
3 март 2012
1,126
1,845
423
Еден досаден град
Знам дека примаат 150 Македонци и 150 Албанци, во Аеродром биле пријавени околу 2500. Дали ќе го видиме и тоа чудо без партиска врска да се случи во државава вработување.
Нема шанси да влезе некој без книшка...биди сигурен во тоа...Такво време дојде...
Така да ако случајно немаш моја препорака да си се зачлениш....
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hip.Hop_MKD

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
Знам дека примаат 150 Македонци и 150 Албанци, во Аеродром биле пријавени околу 2500. Дали ќе го видиме и тоа чудо без партиска врска да се случи во државава вработување.

Голема бројка, јас се мислев дека ќе има некаде 10 илјади пријавени, ама најверојатно дупло од овие по мои предпоставки. Првото елиминирање ќе биде само по мерење висина и тежина.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hip.Hop_MKD and Bum-Bum

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
Не сум ама баш ич во форма, иначе ќе се пријавев. Патем до 10-ти јуни беше пријавувањето.
 

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
Не сум ама баш ич во форма, иначе ќе се пријавев. Патем до 10-ти јуни беше пријавувањето.

Еееее, другарче да знаеш само какви се пријавуваа, нема да поверуваш, пред мои очи... од такви уште повеќе се инспирирам. Нема ни 175 см се пријавил, некој од 120 кила и тој, и ќоро и сакато, да така да остај тоа што не си во форма. И најжално некој таков ќе влезе.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mila Kunis and Hip.Hop_MKD

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
1,001
602
423
Ohrid
Нема шанси да влезе некој без книшка...биди сигурен во тоа...Такво време дојде...
Така да ако случајно немаш моја препорака да си се зачлениш....

и тоа не ти е гаранција (nod), само добар пријател (добра врска ) и ништо друго !!!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hip.Hop_MKD

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,795
1,153
28
Битола
Годинава од школо бев близу Скопје во Полициска Академија близу Идризово и селото Јурумлери..беше многу јако имаше што да се види научив мн. работи и видов дека е мн напорна оваа работа ама баш интересна..така да би било убаво да се работи оваа професија !!!