Колку добро го познавате вашиот партнер?

Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,801
810
1,133
Skopje
Никогаш не можеш да го познаваш баш, секогаш има една резерва кај секого која никогаш па ни сад да ја запознаете за жал !
 

Traviesa

Истакнат Член
8 јуни 2016
25
15
113
Задоволително.

Му го знам карактерот, начинот на размислување и реагирање... А знам и што сака и што му треба во даден момент. :giggle :sram

Не е интересно се да се знае и уживам во процесот на постепено откривање. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mnogo Bitno

Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,102
969
1,133
Јас и тој сме најголемите инаети. Понекогаш го гушам со мојата сериозност, а тој ме труе со неговите модерни сфаќања. Не се откажувам лесно од никого, секогаш кога ќе сме се карале сме се враќале еден на друг. Тешко е без него секогаш.
Се трудам да го разберам, но мислите ми преоѓаат на други перверзни работи што сакам да ги правам со него. Не знам како се справува со мојата избувливост, со мојот тежок темперамент и емоциите.
Не сакам да го изгубам никогаш зошто совршено ми одговара. Никогаш нема доволно да го познавам зошто такви се луѓето и секогаш се менуваат. Алчна сум и посесивна. Сум плачела за него пред брат ми многу пати, како дете мало.
Тој е напнат, така го доживувам, лесно менува расположение, некогаш е најромантичен и ми ја држи раката дури и во кола. Тежок инает, не можам да го поднесам и ужасно ме нервира, ама кога ми дели комплименти се топам цела, заборавам кај сум, ептен ми го врти светот. Дури кога е перверзен и ми кажува глупости што ќе ми ги прави ме смее и му викам дека е тешка ретарда :zelen(star).
Не се знае иднината што носи, но штом е дел од мојот живот јас ќе се трудам да остане така и повеќе да го разбирам.