Колекционерство на постери

Marcello

Староседелец
17 декември 2014
116
58
1,028
33
Дали сте колекционер на постери и дали дома во вашата соба лепите постери?

Јас како помал купував списание Bravo германско издание на кој имаше мега големи постери кој зафаќаа пола дел од ѕид . Во стариот стан каде живеев имав разно разни, од рапери. Варосувавме дома и морав да ги извадам и тогаш не ме пуштаа од дома да ги залепам затоа што ќе остави дамки и ќе го уништи ѕидот. Ги чував но како растев некој други работи ми беа поинтересни од постери и ги баталив, мајка ми ми ги фрли.

Не дека сега не сакам постери но да одлучувам само јас во мојата соба што и како ќе ставам на ѕидот одма би ставил постери, овојпат не би ги лепел туку би ги урамувал како слика.
 

Ditto+Maker

Истакнат Член
8 декември 2014
351
254
373
Bookworld
Сум купувал списанија каде има постери на подарок, но никогаш не сум ставал постери на ѕид. Искрено, никогаш и не ми ни се допаѓале постерите. Повеќе сакам слики, а може и географски карти.:D
 

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
Сум ги купувал сите можни списанија што ни ги нуделе на училиште сум ги вадел постерите од фудбалерите и сум ги лепел на секое можно празно место од ѕидот собата ми личела како од картони и весници да ја имам правено :giggle
сега среќа се имам откажано од купување и лепење постери по ѕид
 

Ice_Man

Староседелец
16 февруари 2012
440
236
1,053
на времето ретко кој немаше постери по собата
целата ми беше излепена ,пред 15 ина год и више,сите споени еден до друг,па кога ослабни селотејпот какво пагјање имаше
@Marcello колку си год си па не ти даваат да лепиш :D
 

Marcello

Староседелец
17 декември 2014
116
58
1,028
33
@Marcello колку си год си па не ти даваат да лепиш :D
Не е до годините, јас имам 24 години, ама имам брат кој исто со мене ја дели собата. Така да не би сакал он да биде незадоволен после што има постери кој он не би сакал секој ден да ги гледа.
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Никогаш не сум сакал да правам нешто што е пат до уништување - од една страна на ѕидот, од друга страна на постерите.
До душа имав еден постер, Iron Maiden, ама не беше залепен, туку беше „заглавен“ помеѓу две урамени слагалици, и изгледаше смешно :)
За разлика од мене, собата на сестра ми, беше прича за себе. Најмногу ми се допаѓаше колажот што го имаше направено на врата, од сосем мали сликички :)