Колективитет или индивидуалност?

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
Аааа, каква е таа индивидуалност кога за едно обично излегување меѓу раја, се консултирате со минимум три другарки дали сукњата ви стои убаво, да не ве прави дебела и сл.
Па ако не ви чуе што мислат другите и ако секогаш сте доволни сами на себе за било каква одлука, излезете на мидер и ЧИК папучи и се ќе е таман.
Значи немој да бидете смешни со вашата контрадикторност.

Сите ние помалку или повеќе се водиме по постапките на мнозинството и во многу ситуации тоа е сосема нормална и правилна одлука. Она што е важно е да не подлегнуваме на се што ни се сервира како паразити и да не станеме зависни од тупкањето по рамо од толпата.
И секако, проценката за нечиј карактер да биде лично своја, како што кажа Electra погоре.
 

BlackTulip

Староседелец
15 март 2013
628
790
1,103
Зависи од секоја ситуација или дел од животот , ние постојано припаѓаме на некој колектив во зависност од мислењето кое го делиме , на пример јас и уште 10 други слушаме рок музика и ние претставуваме мнозинство - група која што го дели својот став кон музиката , додека за оние кои слушаат друг вид на музика ке сум само индивидуа која се дели и обратно . Така и за се што се случува, постојано се мешаме во различни колективи и го споделуваме нашето мислење и никогаш нема да можеме да припаѓаме само на еден одреред. Што се однесува на луѓето кои се плашат да го споделат своето мислење - и тие припаѓаат некаде :) во мнозинството на следачи (wasntme)
 

Simplicity

Нов член
3 април 2013
9
17
3
Темава е поставена во Социологија a не во Општи муабети затоа што ова прашање е тема за изучување во Социјологијата како предмет во училиштата.

Сакам да ве прашам дали потпаѓате под колективитетот или вашите ставови се индивидуални?
Ме интересира кој е начинот на кој што донесувате судење за нештото - не мора да е само поим, може да е и личност.
Еве еден пример:
Има некој човек во околината за кој сите кажуваат дека е злобен. Вие одејќи по сите нив го сметате за злобен, или пак одите го запознавате, набљудувате па подоцна носите свој ставови?

Јас, ретко кога потпаѓам на колективитетот - ама сепак морам да признам дека некогаш успева да ме надвладее.
Во ова денешно време, кога многу работи ни се наметнати, сакале или не потпаѓаме под колективитетот.
Не сакам да оформувам мислење за луѓе, базирано врз туѓо размислување.
Сакам сама да си се уверам. Но, пак има ситуации кога мислењето на мнозинството е точно.
Зависи, и од ситуацијата и од личноста.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Arkantos

Just Perfect

Активен Член
3 април 2013
137
120
43
Индивидуалноста е најдобар избор...не се однесува секој со секого исто,можеби мислењето на колективитетот е погрешно,не можеш да оформиш свое мислење врз основа на другите,доколку баш таа особа што за другите е лоша за тебе е најдобра на свет,не се плаши-кажи си го своето мислење.
 

TheKitten

Истакнат Член
3 март 2012
528
614
93
Колку и да сум друштвена личност, кога доаѓаме до делот за создавање на лични ставови и одбирање на начини на живот, секогаш индивидуално носам ,,суд,,, што дури преминува на граница со асоцијалност.
Се водам стрикно по свои правила, без оглед дали се правилни или погрешни.
Никому не грешам (барем не намерно), но не дозволувам некој ниту да ме советува, а не пак да управува со мојот живот.
 

monika88

Истакнат Член
1 април 2013
453
645
193
35
Неготино
секогаш индивидуално размислувам а колективно одлучувам:)
ќе излажам ако кажам дека секогаш индивидуално постапувам
тоа не го правам од страв и слабост дека нема да успеам-туку само од почит дека и мои блиски постојат на планетава и за некои работи е едноставно потребна колективност
постојат многу примери како на пример -кај шуто тамо и боде- е сега он индивидуално постапил ама нема колективна поткрепа за да заврши некоја работа,и работата ќе остане незавршена
за моите мислења и ставови сум си самата јас индивидуално одговорна,но за некоја работа во целост ја завршам незнам ни јас самата ама потпаѓам понекогаш и на колективитетот-тоа не можам да си го објаснам:unsure
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Само имајте предвид дека и националната и верската припадност се колективитет, стадо.:pusi

Индивидуалноста е тешка. Тоа подразбира да се изгради свој мозаик на интереси, ставови, погледи, вредности, перцепции кои се стекнуваат низ текот на животот базирајќи се на сопствените искуства.
А тоа не е баш едноставно, декларација за индивидуалност не значи многу. Од друга страна не треба да се меша индивидуалноста со lone wolf карактер. Индивидуалноста не е синоним за асоцијалност.
Индивидуалецот може по свој избор да соработува со други и доброволно да се организира во групи со кои дели заеднички интерес, фри асосиејшн.

Многу е полесно човек да стане дел од масовното, од веќе понудените матрици, од колективот. Сигурно е и удобно. Социјализацијата, прифаќањето и одобрувањето од масата се подразбираат по дифолт. За да постои такво масовно групирање мора да постојат магловити, нејасни и општи категории во кои поединецот би верувал дека е дел. Ништо конкретно и јасно, само ефтин мистицизам обоен во племенски бои со соодветна симболика. Затоа е лесно да се биде дел од имагинарни заедници...

Конфликтот меѓу овие два концепти е неизбежен.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Big Berta