Колективитет или индивидуалност?

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Нормално дека секој човек одлучува како ќе постапи.
Но прашање е погрешно поставено, требаше да прашаш дали некои луѓе ги ислишуваат другите луѓе што мислат па врз тоа да донесат заклучок за нештото за кое што се дискутира?

-Јас еве ќе одговорам зависи од ситуацијата во која што сум. Некогаш ги ислишувам луѓето па реагирам ама се познавам себе си и знам дека секогаш реагирам брзоплетно без премногу размислување.
Прашањето е ептен кореткно поставено. Прашав дали имате индивидуални ставови или потпаѓате на колективитетот. Дадов пример со тоа создавање мислење за други луѓе, ама не реков дека треба да се задржите само на таа точка...
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
И на крајот,
ги читам сите овие постови и сфаќам колку секој од овие луѓе е посебен и индивидуален на свој начин.
Секое мислење е од некоја сопствена перспектива кажано и секое е точно.
И никој не припаѓа на толпата а всушност сите се дел од неа..
И секој од нас во некои периоди од својот живот се чувствува како отпадник,
за потоа повторно да се измеша и припаѓа на толпата..
 

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Прашањето е ептен кореткно поставено. Прашав дали имате индивидуални ставови или потпаѓате на колективитетот. Дадов пример со тоа создавање мислење за други луѓе, ама не реков дека треба да се задржите само на таа точка...


За се треба да постои повеќе од еден човек.
За една обична караница се потребни двајца. :)

Што значи индивидуалноста.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Не, луѓе, никој од нас не е 100% индивидуален. Едноставно е невозможно со сите влијанија околу нас.
Да го земеме последново фијаско со „Империјава“, не дека песната не беше за никаде, но под влијание на коментарите по медиумите, ни самите не сте свесни колку се имаат плашено да го искажат своето поразлично мислење, до степен што и самите се посомневале во својот вкус и смислата за „судење“, па решиле да молчат или да се вклопат во толпата за да не бидат нападнати од „врвните критичари“...резултатот? Сите го видовме.
Друг прост, секојдневен пример, погледнете ги и темиве по форумов, гарантирам дека воведот на авторот и првите 2-3 поста и те како влијаат врз понатамошната дискусија. И пред да се сфати ова негативно и дека испаѓа како никој да нема сопствено размислување...има, сите имаме, само многумина се плашат гласно да го искажат, многумина го менуваат за да бидат прифатени од средината, а некои и навистина го менуваат мислењето ако се работи за нешто во кое биле недоволно упатени, па донеле погрешен заклучок. И тука настанува таа „асимилација“.
Всушност, самиот колективитет е збир од (најшироко прифатени) индивидуалности.
Никој од нас не е најпаметен, нит ги прошол сите можни животни искуства, за да би имале неменливо мислење за нештото.
Општо низ животните ситуации е така, со сите медиуми и рекла-казала, со пријатели и роднини на кои од почит сакаме да им угодиме, па знаеме да премолчиме дека не секогаш делиме исто мислење...се случува, и не се плашете да признаете, тоа не ве прави помалку Вие, нит ве слева во безличната толпа од која сите очајно се плашиме, а во која уште поочајно припаѓаме поради тој страв.
Единствено нешто за кое никогаш не дозволувам да ми влијае туѓото мислење, е при донесување заклучоци за личности. Посебно не негативни.
Нели наводно повеќето се водиме по она „Како ти со мене, така и јас со тебе“, не? Така да, никогаш не може да знаеме дека некој ќе се однесува спрема нас на ист начин како што се однесува со оној кој ни ја доловува сликата за првиот. Чисто затоа што не им го знам соодносот, а и во природата ни е да ги превртуваме настаните за секогаш да испаднеме невината страна.
 

malata..

Истакнат Член
16 февруари 2013
38
42
318
скоро секогаш донесувам индивидуални одлуки и мислења, со тоа ќе покажеме какви мислења имаме за околината
а со тоа се гради и нашиот карактер
не подлежам под колективност освен во ретки случаи кога се сложувам со другите во зависност од тоа за што се работи

но како и да е, индивидуалноста е најдобра бидејќи секој човек сам за себе претставува индивидуа
која треба да размислува и донесува заклучоци на свој начин и со свои ставови.
rosaparks133667_m.jpg
 

M.Adams

Истакнат Член
16 јануари 2013
82
96
118
Зависи за што, која ситуација е во прашање.
Помина времето кога одев постојано со глава во ѕид, сама против сите, само за да докажам дека со мене нема манипулирање. Јас сум си јас, и никого не слушам, оти нели сум...посебна, индивидуалец (smoke) Ма дај, смешки. Сега гледам дека многу често сум грешела заради тој став и сум го терала заради инат и пркос али тоа е.
Сега сметам дека сум доволно паметна и искусна да знам кога треба да и се приклучам на толпата а кога да се оттргнам од неа. Пак ќе грешам, ама се помалку со годините, се надевам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

Trouble

Староседелец
6 март 2012
1,516
2,611
1,123
Сите сте индивидуи и како демек додека не видам нешто не верувам во другите шо ќе ми кажат за тоа нешто/човек што и да е, а сите верувате у Госпот и како он постои и како он прави добри дела, на лоши враќа со лошо... а никој од вас не се уверил дека воопшто постои?! Епа како бе вие дами и господо сте индивидуи молим вас?!
Јас СУМ индивидуа, ама во колектив, шо значи сум, слушам, постојам, се изјаснувам тоа шо го мислам се тоа во колектив ама сум јуник и сум посебна од сите нив, пошто си имам посебни ставови, размислувања, постапки од сите други луѓе во тој колектив, како и сите вие не?!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena and Saladin

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
Јас со некои луѓе се фузирам комплетно, а од други се делам толку многу што може да се каже дека заедничка ни е само анатомијата. Многу нормално нели. Искрено, не може да не ги земеш во обзир стереотипите што го следат некој човек, можеш само да промениш мислење откако подобро ќе го спознаеш.

Човекот е како дрво. Има свој корен, свое стебло, ама има и многу гранки. Ти си тоа што си, труди се 1000 пати да се променеш, не може. Но, не можеш да опстоиш без гледиштата на другите, без никаква интеракција. Така да, човекот е во центарот на Веновиот дијаграм меѓу индивидуалност и колективност. Секој човек има свое јас, ама и на секој човек му треба убав збор од околината:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena and Arkantos

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Контрадикторно е да вадите закључоци само од вашата перцепција, а имате толкав круг на пријатели. За што тогаш дискутирате? За вашите индивидуални ставови што сте ги стекнале искључиво сами? А кој ве има научено?
Поентата ми е, секој колку толку припаѓа (се пронаоѓа) во една група, колектива. Судено му е на човекот да живее во некоја група па макар сочинета од уште една индивидуа.
За групното размислување, оние кои одат по линија на помал отпор и` помагаат на групата да им пресудува за нивниот став. Оние кои се обидуваат да размислуваат своеглаво, сепак одат повеќе емпириски кон проблемот. Но сепак нивните подоцнежно изградени ставови, ги пронаоѓаат во некоја друга единка, со што се создава групно размислување за истиот став.