Колективитет или индивидуалност?

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Темава е поставена во Социологија a не во Општи муабети затоа што ова прашање е тема за изучување во Социјологијата како предмет во училиштата.

Сакам да ве прашам дали потпаѓате под колективитетот или вашите ставови се индивидуални?
Ме интересира кој е начинот на кој што донесувате судење за нештото - не мора да е само поим, може да е и личност.
Еве еден пример:
Има некој човек во околината за кој сите кажуваат дека е злобен. Вие одејќи по сите нив го сметате за злобен, или пак одите го запознавате, набљудувате па подоцна носите свој ставови?

Јас, ретко кога потпаѓам на колективитетот - ама сепак морам да признам дека некогаш успева да ме надвладее.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Животот ме научил да не се водам по ничии судови за некого или за нешто, така да се водам по мојата сопствена интуиција и си го слушам срцето...и фала Богу досега не ме изневериле и не сум згрешила...
 

alba

Староседелец
15 март 2012
1,424
2,015
1,123
Темава е поставена во Социологија a не во Општи муабети затоа што ова прашање е тема за изучување во Социјологијата како предмет во училиштата.

Сакам да ве прашам дали потпаѓате под колективитетот или вашите ставови се индивидуални?
Ме интересира кој е начинот на кој што донесувате судење за нештото - не мора да е само поим, може да е и личност.
Еве еден пример:
Има некој човек во околината за кој сите кажуваат дека е злобен. Вие одејќи по сите нив го сметате за злобен, или пак одите го запознавате, набљудувате па подоцна носите свој ставови?

Јас, ретко кога потпаѓам на колективитетот - ама сепак морам да признам дека некогаш успева да ме надвладее.

Не подлегнувам на колективитетот не судаман на луѓето за нивните постапки колку и да ми се блиски бидејки утре може во некоја таква ситуација и јас така да постапам знаеме кога ќе надвлеат емоциите над разумот често се слчува да се донесат и погрешни одлуки. Лепењето етикети на луѓе со кои ни два реда немам муеабет напраено е страшна работа и не ми е јасно зш тоа се прави и дали и колку треба да сме засегнати од животите на туѓите луѓе. Понекогаш се случува и да е во право тој колективитет ама тоа и многу не е важно се додека се однесуваме како ЛУЃЕ едни со други.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena and MoonFairy

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Ретко потпаѓам, сакам сама да се уверам.

Кога се вратив во државава, а имав пропуштено пола семестар на факс, сите колеги ми збореа за еден професор колку бил лош и никогаш дека нема да сме положиле. Типот на секое предавање се заебаваше, опуштено си предаваше и си муабетеше. Јас се чудам за што зборат, баш ми е фин човекот, па дури и екстра фин. Поминаа 2/3 месеци, професоров почна да троши пола предавање за да не навредува и да ни соли памет колку лоши студенти сме биле и дека ништо не сме учеле. Промена и во однесување и во мислење - 180 степени. И ете, поминати се 3/4 семестри и никој нема положено кај него. :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena and violetmoon

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Искрено,
повеќе сакам да го кажам моето мислење
и го заштитувам својот став и со тоа да не му се допаднам некому,
отколку да го имам мислењето на толпата само да би припаѓала таму.
Чудното е што и секогаш се поврзувам со луѓе кои не и припаѓаат на толпата,
затоа што се оригинални со свои стилови,
мислења и гледни точки на животот.
(И мислам дека се отфрлени баш заради тоа што се посебни и мистериозни за другите)
И притоа воошто и не ме интересира што толпата мисли за некој,
ако јас мислам дека тој некој е во ред, и го доживувам како пријатен- пријатна особа,
тогаш навистина стојам позади тие луѓе, и одат против сите останати.
Нема да наведувам примери но има нешто што сум го напишала на оваа тема,кога сфатив дека нема ништо од тој обид да припаѓаш некаде и со тоа да се загубиш себе,
и се надевам не е офф топик ако го постирам овде:)
Ах да,
ќе додадам и нешто од психолошки аспект.
Најчесто колективците(најчесто, не секогаш)
се особи кои немаат самодоверба, и немаат сигурност во себе да го изразат и застапуваат своето мислење) т.е постои некој страв во нив да не бидат отфрлени од другите.



Не припаѓаш

Ти си самец,
не припаѓаш тука.

Твоите мисли, делувања, уметност,
се нешта кои не и одговараат
на толпата.

Твојата индивидуалност
не е акцептирана.
Не припаѓа.

Се што правиш,
се што кажуваш
се става на златната вага
на Јустиција..
И се анализира
од сите ќошиња и страни..

Заклучок:
Не припаѓаш.

Ќе биде направено да припаѓаш,
на начин на кој се ќе биде изменето.
Секој збор, секое дело.

Не припаѓаш,
што си тоа ти..

Не припаѓаш,
што твојот живот ти припаѓа тебе..

Не припаѓаш...

Ти не си како јас,
не припаѓаш..

Ти не си како тие таму,
не припаѓаш...

Ти имаш свои соништа,
не припаѓаш..

Погледни!

Тие го прават вистинското,
така требаш и ти.
Твоите соништа се нереални,
твоите цели недофатни.
Не припаѓаш.
Ти си непокорен не ги исполнуваш
критериите на општеството,
не припаѓаш.

И дека си првокласна верзија
на самиот себе,
а не ефтина копија на некој друг,
не припаѓаш.

И никогаш нема да припаѓаш.
октомври 2012
 

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Порано мислев колективитетот значи слога, семејство, заедништво, утопија.
Но ова го мислев се додека не почнав да чуствувам и гледам како зли луѓе го користат значењето и асоцијациите на зборот колективитет за некои свои цели. (колективно перење на мозоците, ексклузивно право да мислиме како проповеда групата, едномислие, угнетување, губење на самите себе)
Сега сметам дека мора да се развие индивидуализмот, да се напуштат групите, да научат луѓето да гледаат преку своите очи, да го слушаат своето срце и да дејствуваат преку своја лична интуитивност. Почнавме премногу да зависиме од групите, престануваме да размислуваме сами, чекајќи некој друг да одлучи и размисли за нас.
Дојде време кога да си индивидуалист значи да се биде многу посилен , отколку претопен во еден колективизам каде стануваш само како трага од стопена снегулка.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider, Lena and Anakin

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
Јас сум самец од коа памтам за себе. Не припаѓам на групи, не делам некакви колективни ставови и мислења , иако се случува да се согласам по некое прашање доколку позади имам добар аргумент зошто сум се изјаснила така. Да , обично сум личност која не дава мислења непотврдени или недокажани и најчесто доаѓам до конфликт со луѓе што тврдат дека се во право а воопшто не се. Обично се оградувам од судови и до душа не сакам да слушам проповеди , анализи и најчесто бегам од масата ( тоа физички се објаснува коа не одиш по главна улица туку по било кое патче само за да не сретнеш некого никогаш ) Да , бегам од луѓето но не затоа што им се плашам, бегам затоа што денес не можам да ги гледам , неможам ни утре ни зад утре, ќе излезам повторно пак ,и пак ќе се движам низ тие луѓе , ќе среќавам нови, ќе работам за нив, ќе морам да имам пријатели , познајници, итн итн...ќе се трујам.,..и повторно ќе бегам и ке се регенерирам сама уживајќи во самотијата и чистината на само моето место...не припаѓам и не барам да припаѓам никаде духовно и тоа е тоа што ме држи ваква каква што сум....морам да признаам дека се случува една непријатна промена која што не е добра а тоа е мојата рамнодушност кон човекот и човештвото.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Oleri and Lena

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
Јас па стално си мислам, да не речам сум убедена, дека најчесто тие кои велат дека се поинакви и оригинални и далеку од влијанија на толпата, се всушност тие кои се ептенски дела од неа :D
Сум кажала и порано, тие кои се навистина индивидуалци и навистина се двојат, се тие кои никогаш нема јасно и гласно да се декларираат како такви. Односно, личност која е поинаква, нема да рече - јас сум поинаква/ поинаков.
Од друга страна, желбата и настојувањата да се биде поинаков само заради да се биде поинаков, мене ми е многу смешна.
Оригиналност само заради оригиналност граничи со глупост :D
И кога сите би се декларирале како самосвесни индивидуалци кои мноооооогу ретко, скоро ич, потпаѓаат под влијание на толпата, тогаш не стануваме ништо друго ами само дел од друга една толпа, која ете, во моментов одлучила дека е модерно за се биде уникатно оригинален индивидуалец :D
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Човек злобен?
Не постои таков.
За некого е злобен но не за секого.
Можеби е злобен за злобните,може за добрите,зависи кој од каков аспект ги гледа работите.
Се согласувам апсолутно со постот на Лејдито над мене.
Кога ке слушнам,прочитам како некој сам се става на страната на она дека е посебен,уникатен....од посебноста само тоа му преостанува.
Јас не знам каде припагам,односно знам.
Зависи за што се работи.
Нит посебно терам со сила да сум дел од колективот,а уште помалку пак се декларирам како посебна.
Нешто ако ми се допага,зарем е битно ако цел колектив го мисли истото?
Ако ми се допагало пред тоа,ке ми се допага и откако ке дознаам дека на сите им се допага.
По голема глупост од она глуматање посебност не постои.
Таквите индивидуи сами по себе ми стануваат одбивни и во најбрз можен рок на било кој начин го дознаваат тоа.
Би ги сместила дури и на листата на очајот.
Не е лесно да трагаш во себе по нешто што воопшто не го поседуваш.
 

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Нормално дека секој човек одлучува како ќе постапи.
Но прашање е погрешно поставено, требаше да прашаш дали некои луѓе ги ислишуваат другите луѓе што мислат па врз тоа да донесат заклучок за нештото за кое што се дискутира?

-Јас еве ќе одговорам зависи од ситуацијата во која што сум. Некогаш ги ислишувам луѓето па реагирам ама се познавам себе си и знам дека секогаш реагирам брзоплетно без премногу размислување.