Коледе (Бадник)

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
Бадник или Коледе се нарекува денот пред роденденот на Исус Христос според христијанската традиција.Секоја година Бадник се паѓа на 6ти јануари а Божиќ на 7ми јануари.
Прекрасни денови кога семејствата во хармонија ја очекуваат и прославуваат веста за Христовото раѓање.
На Бадник, уште од самото утро во секоја куќа се слуша гласот на децата коледари, кои со коледарските песни за здравје и бериќет го симболизираат гласот на ангелите за раѓањето на Исус Христос. Домаќините им даваат костени, ореви, јаболка, круши, за да го зачуваат овој убав обичај кој се пренесува од колено на колено.
badnikova-trpeza.jpg

Бадник е празник за семејството. На овој ден не се оди по гости и сите треба да бидат во своите домови покрај најблиските. Според традицијата, вечерта целото семејство се собира околу бадниковата трпеза. Таа треба да биде богата, но посна. Бадник е последниот ден од 40-дневните божиќни пости. Домаќинките приготвуваат тавче-гравче, риба, сарма, питулици, компири, а ставаат и овошје, за трпезата да биде побогата.
Обичаите се разликуваат во зависност од местото, но скоро на секоја трпеза присуствува домашна погача, лепче или популарно нареченото кравајче, во кое се става пара. Домаќинот на куќата откако ќе се прекрсти го разделува лепчето на членовите на семејството, но притоа остава едно парче за Бога и едно за куќата. Се верува дека оној кој што ќе ја пронајде парата ќе го прати здравје, среќа и успех цела година што претстои.
Потсетување на коледарската песничка:
Коледе леде
паднало греде
утепало деде
деде се мачи
баба го квачи
со четири јајца
гускини, шаткини.
Денес е Коледе,
утре е Божиќ
ќе колеме теле
теле вика леле
не колете мене
ќе ви купам зеље
да месите пита
да јадете сите.
Коледееееееееее…​
Дали кога сте биле деца и вие сте оделе на коледе?​
На што најмногу се радувавте кога ќе ви ставеа во торбичката?​
За тие постарите,дали можеби вие сте сега тие што им ја отварате вратата на коледарите и им ставате во торбичките?​
Какви се обичаите во вашиот крај? Можеби имате некоја друга поразлична песничка?​
Дали едвај чекате за Бадник,да седнете на вечера и да се скрши погачата со паричка?​
Ви ја местеа ли паричката кога бевте мали за да не плачете?:D
Како реагиравте ако се паднеше кај братчето или сестричето?​
Дали навистина ви носи среќа паричката?​
Темава нека биде и за честитање Божиќ.​
Христос се роди :)
 

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
уффф јас многу ги сакам овие празници.Кога бев мала одев на коледе и многу се радував кога ми ја полена торбичката,а кога ке ми ставеа некоја паричка радост моја мислиш кој знае колку пари имаш:D.Ама секој бадник сум го сакала и уште се радувам кога ке ми се падне паричката,која во последниве 15 год само еднаш ми се падна,освен нели кога бев дете па ми ја местеа за да не плачам:place. Инаку ние седнуваме доле на под,тука го местиме јадењето, кршиме лепче,јадеме и така тоа е една убава традиција и убав момент за мене.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Marchisio

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Ко мала ме носеле на коледе, ама ми било многу срам, та сум се вртела лево-десно и сум си ја мрморела песната на сопствениот нос, а посебно ми било непријатно кога ќе дојдело време да ми дадат намирници и пари, па сум се криела позади мама за да не ги гледам во очи, па дури тогаш сум го пружала рачето. :D
А видете ја трпезана само! Ако треба најголем верник ќе бидам за таква трпеза.
Мене ми е најубава атмосферата кога сите приквечер ќе си седнеме заедно, сите расположени, од една страна мириса на костени, бадеми и ореви, од друга на мандарини, јаболка и урми, во средина гори свеќа која додава на топлина, зелниче, сарма и ред други прстолижечки јадења, а после дада ви се тови со благо и за три дена е потешка 5 кила.
Со паричето инаку сме скарани изгледа. Само еднаш или два пати ми се има паднато вистински, до 7 години ми го местеле, па веројатно затоа сега ми наплаќа. :giggle
Држете ми среќа годинава. :place
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 990Freak and Blabla

Caci

Истакнат Член
15 февруари 2012
876
1,104
393
31
Струмица
Дали кога сте биле деца и вие сте оделе на коледе? ехеее многу сакав да одам
На што најмногу се радувавте кога ќе ви ставеа во торбичката? на паќетчето од тетка ми, таа правеше паќетчиња, внатре со парички, оревчиња, мандарини, чокалада и нз што друго имаше
За тие постарите,дали можеби вие сте сега тие што им ја отварате вратата на коледарите и им ставате во торбичките? не сум отворила уште врата на никој, некако кај нас и не доаѓаат да викаат, како да избледува оваа традиција
Какви се обичаите во вашиот крај? Можеби имате некоја друга поразлична песничка? еве една песничка која јас ја пеев: коледе бабо коледе, дај ми бабо колаче, да ти живи малаче едно две три коледе :giggle
Дали едвај чекате за Бадник,да седнете на вечера и да се скрши погачата со паричка? посебно оваа година, со душа ја чекам да дојде, башка и на две места ќе кршам :giggle
Ви ја местеа ли паричката кога бевте мали за да не плачете? шознам, изгледа :D
Дали навистина ви носи среќа паричката? често се паѓа паричката во мене, и фала богу си имам среќа (happy)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Blabla

Lollypop

Истакнат Член
26 декември 2012
251
197
143
Ја ипак мислам дека у Тетово Б'дник (како што го викаат тетовчани) најубаво се празнува. Не се маскираат само децата се маскираат и тинејџери и воздрасни ии наместо да одат по куќи тие така маскирани излегуваат во град и одат по кафичи и диска..преубаво е. Иии секоја година има натпревар и се бираат најубави маски. Додека младите излегуваат постарите палат оган по маалата ии играат оро јадат додека пак најмалите пеат по куќи.. Празник за секого.
На Бадник во Тетово има премногу луѓе од сите градови доаѓаат да ја видат креативността на младите. :)
 

Рушен

Активен Член
22 октомври 2012
181
124
43
Вистина се роди.

Најубавата вечера во мојот живот. Риби, тавче гравче и баклава.