Кока-Кола или Пепси

Кој е подобар?

  • Пепси

    Гласови: 8 30.8%
  • Кока Кола

    Гласови: 18 69.2%

  • Вкупно гласале
    26

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Кока-Кола и Пепси отсекогаш биле лути ривали на пазарот на газирани пијалоци. Во 1970-тите, започнала т.н. „Војна на газираните пијалоци“, во која Пепси се’ повеќе се издигнувала на сметка на Кока-Кола. Особено биле изненадувачки слепите тестови на вкус, каде што со заврзани очи луѓето пробувале од двата пијалока, и повеќе го избрале Пепси како пијалок со подобар вкус. По овој потег, продажбата на Пепси почнала рапидно да расте, додека позицијата на Кока-Кола била се’ повеќе ранлива.
Потоа, следувал нов потег на Кока-Кола, која забрзано работела да го врати уделот на пазарот. Така, компанијата го направила производот „Нова Кока-Кола“, која по вкус многу наликувала на „Пепси“ и која на тестирањата добивала премногу позитивни критики. Набрзо по пуштањето, производот бил повлечен од употреба поради катастрофалната продажба. Овој маркетинг потег се смета за најкатастрофален во историјата на Кока-Кола, како и воопшто во изминатиот век.
Кока-Кола немала друго решение, освен да го врати оригиналниот рецепт, кој е задржан и ден-денес. Продажбата повторно почнала да расте, додека уделот на Пепси паѓал. Во 2008-та, во САД, Кока-Кола има удел од 42,7%, додека Пепси од 30,8%. Во Македонија, Кока-Кола вообичаено се наоѓа најпродаваните продукти во земјава.
Интересно е, што и покрај големата доминација на Кока-Кола низ светот, Пепси исто така „држи“ неколку земји, и меѓу нив е и големата Индија, а исто така и во Пакистан, Доминиканска Република, Гватемала, неколку канадски провинции, како и американски држави.

Кој пијалок од овие два е подобар според вас?

На светско ниво мислам дека е подобар Пепсито. И многу подобар маркетинг имаат.

ColaWars.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Scars and The_countess

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Грција, Србија, Црна Гора, Турција....преовладува Кока Колата.
 

Hkakashi

Староседелец
13 јуни 2012
1,543
1,697
1,133
26
Куманово
Иако не пијам газирани сокови повеќе од 1 год. Пепси ми беше поубав, сега незнам каков е.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Marick14

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Иако не пијам газирани сокови повеќе од 1 год. Пепси ми беше поубав, сега незнам каков е.

Исто и јас не пијам веќе година дена газирани, но кога пиев Пепси ми беше број 1. :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hkakashi

Coelho

Староседелец
2 април 2012
287
493
663
Скопје
Гласав за Кока Кола (ја вклучувам и таа од McDonald's, многу ми е убава) бидејќи обичното Пепси не ми е нешто посебно, но ако треба да одберам помеѓу Кока Кола и Пепси Твист малку ќе подразмислам.
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Гласав за Кока Кола (ја вклучувам и таа од McDonald's, многу ми е убава) бидејќи обичното Пепси не ми е нешто посебно, но ако треба да одберам помеѓу Кока Кола и Пепси Твист малку ќе подразмислам.

А кока кола чери и ванила?

Ги има некој пробано тие? Ги има во Шведска, Норвешка.
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
А кока кола чери и ванила?

Ги има некој пробано тие? Ги има во Шведска, Норвешка.

Јас ги имам пробано, к.к. чери вкусна ми беше, повеќе во Германија, одколку во Америка, некако различна беше. А вкусот на к.к. ванила речиси идентичен ми беше на Кокта (обичната).