Кога и како стануваме возрасни?

TIGERWOMAN31SK

Истакнат Член
3 јули 2012
822
697
93
секој индивидуално,јас на пример во основно бев веке возрасна со размислувања и однесување,дури накај 16 години ми дојде периодот да одлепам,и после 10 години да станам повторно возрасна.и точно рече лаки дека некои се возрасни кога животот ке почне да боли.но мене и кога ме боли се трудам да најдам баланс меѓу возрасното и детето во мене.за жал превише сум возрасна од животов гаден
 

Мортидо

Староседелец
6 март 2012
1,056
1,575
1,133
Yellowknife, NT, Canada
metatron86.deviantart.com
секој индивидуално,јас на пример во основно бев веке возрасна со размислувања и однесување,дури накај 16 години ми дојде периодот да одлепам,и после 10 години да станам повторно возрасна.и точно рече лаки дека некои се возрасни кога животот ке почне да боли.но мене и кога ме боли се трудам да најдам баланс меѓу возрасното и детето во мене.за жал превише сум возрасна од животов гаден
можеби си го поминувала повеќе времето со возрасни па си ги присвоила нивното однесување и размислувања, си ги имитирала на некој начин. На 16 кога ќе почнат да се друкаат хормоните нормално е да се одлепи,та после на 26 да се стиши малце.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Nemirna. and TIGERWOMAN31SK

Angiie

Истакнат Член
16 февруари 2012
506
639
93
Стануваме возрасни тогаш кога животот ќе истури пред нас купче со проблеми кои треба да ги решиме. И така учејќи се да го исчистиме тој неред од проблеми ние учиме да бидеме возрасни. Но само учиме! Ние секогаш сме деца кои се однесуваат и размислуваат како возрасни.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: *V****** and 4FUN

Мирче_мкД

Истакнат Член
25 јуни 2012
173
121
343
30
За тоа колку сме возрасни покажува искуството на личноста. Некои од 15 години можат да отворат дискусија за сериозни теми и да издржуваат фамилија, а некој од 4о години не знае еден сендвич да си направи. И нема врска според мене дали човекот е сериозен или не. Шо дека ако е молчалив тогаш е сериозен ? може да е глуп како труба. Значи факторот по кој оценувам дали одредена личност е возрасна или не е способноста да се снајде во одредени ситуации и да има условно кажано разумни размислувања.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Morticia.

Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина
Чудно како сите велат дека созревањето има врска со оплодување на женка. Па создаваш фамилија, по некое летенце детенце, просечна плата од 200 бона и тука таму по некое пивце или ракиивчка уз мезе.

Сериозно колку среќни бракови познавате? Или деца кои растат во такво опкружување?

Лично познавам луѓе од дисфункционално семејство, во кое најчесто мажот пие или шара по жени, неретко тепа, а жената е безгласна буква, во чести ситуации работничка, готвачка, кафекуварка, перачка и што уште не.

Дали ваквите ви личат на созреани возрасни индивидуи или животниот век се одбројува со земање на нови лични карти на секои пет години?
Зошто вакви индивидуи се несозреани?

Коренот е во нивното детство? Ако е, тогаш е неважи муабетот дека човек станува возрасен кога ќе оформи семејство. Ако констатираме така и го гледаме под микро, испаѓа дека мажите се спермотозоиди, а жените јајце клетки чиј максимум се вади кога ќе се судрат?!?! На интелектуално и духовно ниво?!?!
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Возрасни стануваме кога ќе почне животот да боли. Кога стануваме свесни за сите проблеми околку нас и ќе почнеме рационално да размислуваме за животот.
И кога сме деца животот боли,секоја тогашна болка ни изгледа исто болна како и болката на возрасните.
Секоја возрасна доба си има своја тежина,на која гледаме со потсмев кога ке ја надминеме.
Кога сега ке ми текне за некои таканаречени болки од детството или пубертетот ми е смешно но тогаш не ми беше. :)
Исто како што кажа и Мортидо,самосталноста си има итекако удел во созревањето,обврските,одговорноста,сите тие допринесуваат за наше созревање.
Ми се чини дека никогаш нема да бидеме доволно созреани,а и подобро да е така.
Се согласувам и со она од Песинџер дека никогаш не треба да дозволиме во целост да исчезне детето во нас.
Не се согласувам со Реми во она дека еден маш не е зрел ако освен жена му се занимава и со други жени,тоа не значи дека не е осозреан колку толку,тоа е веке сосема друга тема и прашање.
Итекако одговорноста спрема свое родено чедо го осозрева човекот.И тоа не значи дека е целосно зрел,потполна зрелост според мене не постои.
Основата на еден човек има исто така преголем удел во неговото созревање,некои дури и прерано го започнуваат тој стадиум.Отприлика сите брзаме да го започнеме периодот на нашето созревање.На сите ни се чини дека и на свои 18 сме зрели.
Да,зрели сме,но прашањето е колку?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky, slb_bobo and Lady*

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,119
1,683
Незнам кога стануваме возрасни, ама знам дека детето во нас никогаш не умира.
 

Мортидо

Староседелец
6 март 2012
1,056
1,575
1,133
Yellowknife, NT, Canada
metatron86.deviantart.com
  • Ми се допаѓа
Реакции: slb_bobo and melpomena

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Кои се тие ’’нас’’?
Сите луѓе?
Ох, колку само не.
take a look around...
Да додадам и дека ако погледне на околу има доста да види и глумење Возрасен.



Дури се прашувам,дали секој од нас поминал и низ таков период во кој сакал да глуми зрелост.
Едно е да имаш зрелост а сосема нешто друго е да мислиш дека си зрел.
Ако не друго,кога некој се труди да ти укаже што е уствари зрелост,погледни го,ислушај го што сака да каже,може ке сватиш дека е во право,а ако не сватиш и ако не е во право,ништо не си изгубил.
Се разбира дека не "секој од улица" дека треба да го ислушаш.
 

Мортидо

Староседелец
6 март 2012
1,056
1,575
1,133
Yellowknife, NT, Canada
metatron86.deviantart.com
Се знае кои луѓе се најзрели и со најголемо животно искуство.
Дали некој слушнал некој да рече ’’мудрото дете’’ или ’’мудриот младич’’?
А ’’мудриот старец’’?