Кога една жена сака, таа знае

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Не ја сакал!Ако ја сакал немало да ја вара...:mad не сакам да имал сожалување кон неа заради болеста...сакам да ја сакал ...и на крај што ти вреди да се каеш кога личноста ја нема?!Значи требало она да умре,после да ги види сликите,да сфати дека има писма позади нив,да ги прочита и да види дека за неа секој момент и бил важен поминат со него...И дека таа вечер кога ја изварал иако му потврдила за неговата верност ,таа осетила дека бил со друга... но тоа го напишала во последното писмо...осеќала дека и се ближи крајот и дека еден ден ќе се покае за неговата постапка...
покрај борбата со рак,замисли си како и било кога знаела дека нејзиниот сакан спиел со друга жена...ужас!
Затоа јадниов го напишал писмово...не за него ...туку да упати порака на другите да научат на туѓи грешки....затоа што, што ви вредат научени животни лекции кога ќе изгубите некој на кој сте му преставувале цел свет... :place:x
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina, Electra and 4FUN

Nightmare_f

Истакнат Член
19 февруари 2012
1,359
2,207
423
Дома пред Пц
го читав завчера...убаа приказна ... и ја потврдуам сторијата...дека коа една жена сака...таа знае...таа чуствува...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: emzzy and JaMi

Angie :)

Нов член
23 февруари 2013
1
0
1
27
Погледна кон прозорецот. Ја стави десната рака на стаклото. Иако низ него се гледаше нејзината населба, таа низ стаклото го виде својот живот. Сите подеми, сите падежи. Секоја сторена грешка, вешто се исцртуваше на тоа обично стакло од прозорецот во нејзината соба. Погледна и ги виде пријателите. Оние кои постоеле порано. Блиските, без кои таа не можеше да си го замисли животот. Но, нивната слика набрзина исчезна од стаклото. Токму, на истиот начин тие исчезнаа од нејзиниот живот. А таа сеуште копнееше по нив...Сеуште тагуваше и бараше одговор за нивното ненадејно заминување. Се појави слика од оние кои сеуште беа тука, оние вистинските, со насмееани, спокојни лица, кои како да велеа: “Тука сум, не грижи се”. Потоа, сликата се изгуби. Таа длабоко воздивна. Знаеше дека не е лесно да го гледаш своето минато и сегашност. Но, се насмевна и продолжи. Таа мала насмевка на нејзините усни се должеше на сликата од новите пријатели, исцртана на стаклото. Новите, вистинските, кои иако ги запозна сега, и беа поважни од многу луѓе исчезнати далеку во минатото. Ова беа луѓе кои се појавија токму кога и беа потребни. Додека силуетите на оние пријатели од минатото заминуваа, новите беа тука да ја смират тагата во нејзиното срце. Тие беа вистинските кои неа и беа потребни. Многу други слики се појавуваа во нејзината глава и излегуваа на платното наречено стакло од прозорец. Нејзината глава беше една огромна фантазија, исполнета со милион обични и необични мисли, кои ја правеа самата неа, необична. Но, покрај сето тоа, и таа нереалност, таа не секогаш леташе во облаци. Нејзиниот живот беше поделен на две. Реален и фантазија. А, сега, сето тоа, го гледаше со своите очи. Покрај се останато, сосема на крајот виде нешто што и се допадна и ја растажи во исто време. Да беше некој друг, да застанеше на истото место и да погледнеше кон истиот прозорец, ќе видеше само обични улици, обични куќи. Ќе видеше една обична населба. Но, таа го виде својот живот. А, на крајот, го виде него. Нејзината реалност и фантазија. Личноста која ја сонуваше. Која ја посакуваше повеќе од се на светот, иако беше свесна дека него никогаш нема да може да го има. Но, токму таа личност, ја носеше до солзи и ја смееше. Се појави заедно со оние вистинските и со новите пријатели и нејзиниот живот се смени на подобро. Го виде него, се насмевна, ги затвори очите, а кога повторно ги отвори, виде обична населба. Нејзиното минато заврши, сегашноста продолжи, а иднината пристигнуваше...
Angie. :)
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Ма немора да знае таа. Доволно е ти да знаеш дека немаш три чисти во мозокот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Жената секогаш знае...а дали ќе рагира тоа е прашање на избор...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

mspasenoski

Староседелец
19 февруари 2013
442
701
1,103
36
Карпош - Влае
Секој има три чисти, него колку е верен на тој што го сака !
Требаше да имам две срца, едно нечувствително и друго постојано вљубено, требаше она второто да му го подарам на оној за кого чука, а со она првото би живеел среќен !