Партнер со инвалидитет

Scars

Староседелец
17 февруари 2012
2,229
3,538
1,143
Девојки колку сте спремни за да би влегле во врска со инвалидизирано лице?Дали би влегле во врска со инвалидизирано лице?Што кога во вас е вљубено инвалидизирано лице и ви приоѓа како би реагирале?Ви се случила ли таква љубов,врска и со какви мислења сте излегле од таква врска?Според мое мислење многу многу ретко некоја особа би сакал/а да влезе во врска со некое инвалидизирано лице скоро никогаш(со исклучоци).Како е чувството да живееш во агонија,да не бидеш сакан,да бидат сите со тебе порад сожалување ,а не поради самиот ти?Можеби ќе чуеме и мислење од некој/а особа со инвалидитет којашто е на форумот и како ја/го доживуваат потенцијалните партнери/ки.Сакам искрени мислења.
 

Теофанија

Полноправен Член
19 февруари 2012
55
23
8
Проблемот на луѓето е што ги сврстуваат другите луѓе во многу групи, подгрупи, видови, раси, сталежи, слоеви, што ли не. Кога не би била толку голема потребата на луѓето да делат, светов би бил поубаво место за живеење и сите би биле подеднакви. Многу пати имам споменато и сум присталица на фактот дека надворешниот изглед воопшто не е важен. Во воведниот дел не е специфицирано на каков вид инвалидитет се мисли, но сите ние со текот на годините стануваме инвалиди. На некој во голема мера му се оштетува сетилото за вид, некој не слуша/дослушнува, на некој му се губи способоста за зборување, некој ќе почне да страда од остеопороза и ревматични заболувања и се што доаѓа со нив итн. Некој може трајно да ја изгуби способноста да оди и ткн. Сигурно сопругот или сопругата на кои ќе им се случи оваа судбина нема да ги оставите, туку ќе бидете покрај нив и ќе ги поддржувате уште повеќе.
Значи, сеедно е кога ќе се случи болеста или кога ќе се појави мааната. Сите ќе добиеме некоја дијагноза која нема да ни биде по ќеиф и ќе сакаме да имаме некој до нас да не поткрепи. Така да, не сметам дека лице со инвалидитет е особено поразлично или поинакво од другите, затоа што на сите ни се случуваат лоши работи, и можеби нешто што во иднина ќе ни се случи за нас ќе има поголема тежина од инвалидитетот. Познавам луѓе инвалиди кои се поголеми оптимисти и повеќе физички активни, со елан за живот од здрави и прави (но мразливи) луѓе. Кај лицата со инвалидитет повеќе е разгорена желбата за живот.
Такво лице ќе ве вика на утакмица фудбал во слободен ден додека мрзливиот дечко нема да сака да си го помрдне дебелиот газ од пред компјутер за да игра некоја игра. :D Затоа што постојат толку многу прекрасни луѓе меѓу нив, вреди да се замижи пред предрасудите и стереотипите несреќно наметнати врз денешнитем млади генерации. И да се тргне замислениот превез на срам што ги обвива неизградените личности кога ќе се најдат во друштво со лице со инвалидитет.
Камо инвалидската количка или слушното апаратче да беа најголемите разлики меѓу човечкиот род. (а не желбата за превласт, зависта и самољубието)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Scars31

Мила

Активен Член
1 март 2012
121
99
28
На плажа!!!
Да не треба темава да оди во љубов и секс?

Јас лично не би прифатила да сум во врска со инвалидизирано лице. Доста ми се секојдневните проблеми, не сакам намерно уште повеќе да си создавам.

Но доколку на мојот партнер ( да не даде Бог ) му се случи нешто поради кое би бил инвалид, секако нема да го напуштам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum and Nemirna.

turop

Активен Член
15 март 2012
105
68
28
Дали би биле некој што има недостаноци на него;Хендилипиран,слеп,хронични болести,говор,полн со маани најразлични манни.
а се разбира ако има некаква љубов.
Нека дополни некој ако мисли да се дополни,
 

emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123
За насловот: Секој има недостатоци.
А да не бегам од темата, најискрено не би била,...ама што е пишано нека е. Ако морам да сум со некој со маани ќе сум.
Греотичка ми се..и тие луѓе а скоро несреќни во животот :place
 

Natenceto

Староседелец
6 март 2012
1,031
1,193
1,123
Скопје
Никој не е совршен, секој си има мана. Човек е, за мене не би било што имал недостатоци, што мисли така за себе, тоа е само набивање на комплекси, би го сакала пред се ако има душа и карактер, друго не е битно дали нешто му фали. Зашто таквите лица вообичаено ништо не им фали имаат се само се многу искомплексирани - зборувам од искуство.
 

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Секој би можел да биде во таква ситуација,никогаш не треба да викаме никогаш затоа што не знаеме што ни носи животот...не дај боже би можеле ние да бидеме утре со недостатоци иако денес сме здрави и прави ....ако е вистинска љубовта ќе го прифатиме партнерот со сите негови маани,како и обратно...Совршенството никогаш не можеме да го постигнеме... Треба да ја цениме и бараме среќата во малите работи кои не се купуваат со пари...
 
Последна промена:

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
1,001
602
423
Ohrid
Дали би биле некој што има недостаноци на него;Хендилипиран,слеп,хроничен.говор,полн со маани најразлични манни.
а се разбира ако има некаква љубов.
Нека дополни некој ако мисли да се дополни,

абе шо ти текна вакава тема пријателе ???
абе иделане човек нема сите си имаат мани кој повеќе кој помалку