1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Кога бев мал/мала...

Дискусија во форумот 'Хумор' започната од Hip.Hop_MKD, 19 април 2012.

  1. Сара.13

    Сара.13 Староседелец

    Зачленет на:
    13 ноември 2012
    Мислења:
    1,260
    Допаѓања:
    3,106
    наместо мама и тато викав мајка ти и татко ти(за своите родители) (facepalm) јбг дете :D
     
  2. Хоуп*

    Хоуп* Proton
    Член на администрација

    Зачленет на:
    4 април 2013
    Мислења:
    2,414
    Допаѓања:
    4,232
    Кога бев мала, паднав на глава и сега кога мижам не гледам :giggle
     
  3. monika88

    monika88 Истакнат Член

    Зачленет на:
    1 април 2013
    Мислења:
    454
    Допаѓања:
    644
    многу често му пеев песничка на татко ми за роденден и еднаш вакава глупост лупнав
    -денес на тато му е роденден и полни 9 години (сите се смеат и ме поправаат дека 29,а не 9)
    и јас продолжувам полни 29 години,и во таа чест јас ќе му испеам една песничка,како се вика
    тато вози џип,на кривина вика тит тиииииииииииит
    хахахахахаххахахахаххахаха сите се изнасмеале,мислам ептен сум се потрудила за песничкава и сум ги утнала годините ама нема врска битно сите се изнасмеале слатко,и до ден денес ја паметат оваа глупост од мене:patos
     
    На Aquarius му/ѝ се допаѓа ова.
  4. escape

    escape Староседелец

    Зачленет на:
    20 октомври 2012
    Мислења:
    2,171
    Допаѓања:
    2,234
    Ко мала сум била доста инаетливо дете ама и мирно. :) Многу сум сакала да ме држат во раце и од сите сум плачела. Иначе се имам измочано еднаш во релна, еднаш во када, сакав и на тераса ама ништо мајка ми ме сопрела. :) Се имам утепано од фрижидерот пошто брат ми ме лажеше дека можам да летам, насекаде се качував немаше мебел кај што се немав качено и обожавав да се кријам, еднаш така им се сокрив додека бевме на гости, абе цел стан го пребараа не дека беше многу голем станот еднособен, а пошто ја бев ситно, мало, неприметливо сум се пикнала во едно ќоше и си се смеев, а овие паметот не знаеа кај им е, a кога се појавив додека не си тргнавме мајка ми од рака не ме пушташе ко кученце некое. :( :D
     
    На Aquarius му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Kisserboy

    Kisserboy Староседелец

    Зачленет на:
    6 март 2012
    Мислења:
    2,446
    Допаѓања:
    3,794
    Сум се мочал од тараса :rofl
    Сакав да бидам полицаец
    Кога возев точаче мало се замислував дека сум таксист и ако некој сакаше да го превозам требаше да плати пари (лисја од дрво :D ) xD
    Секој втор ден немав колена хахахахаха :D
    Правев торта од песок
    Крадев цреши во маало
    Ех времиња :D
     
    На BioTrpe и Outrider им се допаѓа ова.
  6. incule

    incule Староседелец

    Зачленет на:
    5 јануари 2015
    Мислења:
    731
    Допаѓања:
    121
    Кога бев мала само со машки се дружев, еднаш ме немаше дома цел ден и мајка ми се јави во полиција а ја и другарка ми се шетавме и цела бев во тетоважи,цела бев во модрици,бев несмасна
     

Сподели: