Книжевен предизвик за 2017та година

Колку книги планирам да прочитам годинава?


  • Вкупно гласале
    17
Статус
Затворена за нови мислења.

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
3. Ноќниот воз за Лисабон - Паскал Мерсие (393 стр. III)
4/5
Ретко која книга да ми остави толку испомешани чувства. На моменти сакав да ја прекинам поради претенциозноста писателот што упорно ја провлекува својата „длабинска“ филозофија на егзистенционализам, обидувајќи се да ги опише едни-те-исти поенти со различни зборови, на крај оставајќи некаков вкус на конфузност, или со други зборови, мислата - „што сакал писателот да каже? - освен една те иста идеја опишана со различни зборови“. Оттука би бил и малку повеќе строг кон оценувањето, да не ја имаше приказната во целост, толку ритмична, бурна, длабока. Секако, ја направив и таа грешка што го гледав филмот пред книгата кој ми долеа уште толку масло во очекувањата. Но не се разочарав, вака ако збориме за начинот на кој приказната се одвива. Како и секаде, и тука филмот многу мал дел опфаќа од приказната, како и одредена ампутација на по мене клучни ликови во книгата.
Со право би го рекол романов егзистенционалистички бидејќи од самиот крај се води баш кон основното прашање за тоа дали се` е минливо, дали оставаме нешто на местото каде што сме егзистирале или буквално ги „пакуваме куферите“ и заминуваме оттаму, без траги на спомени.
Краток синопсис за оние кои ги мрзи да ја читаат книгата нема да дадам. Почнете ја, прво страна по страна па потоа поглавје по поглавје. И кажете ми дека не вредеше да го фатите „Ноќниот воз за Лисабон“.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ScorpioNka

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Atonement - Ian McEwan (372стр. Vintage books - англиски)
5/5
Колку год да е одличен филмот, книгата секогаш ќе биде чекор над него. Моја една и единствена препорака - пред да почнете да го гледате филмот, прочитајте ја книгата. Не затоа што филмот ќе ви го наруши крајот и ќе ве тера нон стоп да мислите на него додека читајќи, безмилосно се задлабочувате во приказната, туку затоа што одредени сцени макар колку и гротескно се прикажани на големото платно, писателот може десеткратно да ги долови на читателот. Тоа, и секако претходната мисла што ја имам кажано :)
Што ме навлече најмногу на книгава е самиот опис кој на моменти можеби делува по малку козистентно бидејќи писателот опишува една иста состојба со богат фонд на зборови, но мислата не му е хаотична, баш напротив, приказната има свој столб (backbone) на кој се накитени трите дела со епилогот, сите три одвивајќи се во различен период на животот на протагонистите. Се работи за тројца главни лика, (две сестри и едно момче), некаде во англија во средината на 30тите и за време на почетокот на војната. Ја имаме Бриони, најмладиот лик во прикаската со особено бујна машта која во почетокот има сосема среден живот или буквално англичаните би рекле (by the book - no pun intended :D). Но сето тоа ќе се измени еден ден кога нејзиниот „совршен свет на детството“ ќе загази со првите чекори во светот на возрасните, кога ќе ги забележи нејзината сестра Сесилија и момчето Роби кај фонтаната во паркот, уривајќи го митот на совршената љубов опишана во класиците. Оттогаш перипетиите започнуваат. Не би одел понатаму за да не го нарушам посебното чувство кога го имате при сметање на сите можности што би можеле да се случат.
Иако изгубив речиси 2 недели читајќи ја книгава, ни во еден момент немав чувство на залутаност и изгубеност. Ова го имам забележано и во други два романи на МекЈуан.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ScorpioNka

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
5. На крајот од денот - Казуо Ишигуро (232 стр. III)
5/5
Се воздржав да не и` скратам една ѕвездичка помалку поради „мошне“ лошиот превод, со други зборови, константното користење на 2-3 архаични зборчиња од страна на преведувачот. Секако тоа е пропуст на издавачката куќа, а не на самиот писател и целата негова суштина што тој сака да ја пренесе на читателот. А книгата, како целина е совршенство само за себе. Прекрасен опис на човековата поврзаност, на заслепеноста на протагонистот со идеалите во кои самиот верува, притоа одминувајќи ги сите останати можни моменти кои на долгорочен план би му донеле многу поголема среќа и мир во душата. Ова е од оние класични "Што ако“ приказни за кои некогаш побудуваат горчина поради погрешните избори, но понекогаш слатка меланхолија. Нема да ја раскажувам приказната, стилот е лесно читлив, мислата на Ишигуро е концизна иако отвара големо поле на размислување. Топла препорака посебно до оние кои се љубители на англиската литература.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ScorpioNka

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
„На полковникот нема кој да му пишува“ - Г.Г. Маркес (71 стр. Арс Либрис)
2/5

...или во превод - „да го продадам петелот или не, прашање е сега“.
80 страни тупење за еден петел. Жал ми е Маркес, ама книжулево нема никаква смисла. Демек гордоста ќе си ја проголта полковникот. Сум читал многу подобри романи апропо ваквиве ситуации. Здодевно и без никаква подлабока смисла.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ScorpioNka

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
7. „Изумот на Морел“ - Адолфо Биос Касарес (100 стр - Антолог)
2.5/5

Одличен концепт, лошо раскажан. Можеби во 40тите би прошол многу подобро, сега тој тип на раскажување на авантури/психолошки трилери веќе од старт не нуди изненадување. Кога ќе помешаш нешто налик на Shutter Island, Truman show, Mr. Nobody, но предтоа си ги гледал овие три филма, книгава ќе ти делува како да си претрчал низ неа и на самиот крај си осетил празнина и по малку замор од исчекувањето на некаков добар заплет и позадинска приказна. Не знам зошто Борхес толку ја величи. На пример, Барико кога би ја раскажал, би напишал нешто како Мистер Гвин која е далеку подобра книга.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ScorpioNka

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
8. Шест степени слобода - Никола Дикнер (230 стр - Бегемот) 3/5
Класичен трилер сличен на оние романчиња на Ден Браун. Две приказни кои се одвиваат паралелно, со неколку флешбекови, описи на технологија, дигитална шпионажа, ликови секогаш опкружени со некаков пијалок, јадење... Немаше некоја посебна длабочина, да признам. Иако, сама по себе, се чита во еден здив, лесен стил, значи типично за ваквиот жанр.
Претходната - Николски му беше неколку скалила подобра.


9. Одбројување - Фросина Пармаковска (211 стр. Или-или) 5/5
Што да речам за книгава, а да не делувам исклиши(зи)рано...
Да би рекол дека книгава е совршена, би било погрешно бидејќи така поставувам граница за нешто што во иднина можеби ќе биде уште посовршено, во некој нов роман на авторот Пармаковска. Би рекол единствено дека тој нејзин спонтан стил уште од Вишновата хроника ме има освоено. Така и тука, со скриена сентиментална жичка за местото каде има израснато, почнувајќи од главниот лик и нејзиниот маж со умствена болка, отпрва ме навлекува длабоко да верувам во површниот обем на работите , за да потоа постепено еден по еден авторката ги „соблече“ сите ликови со кои протагонистката има директен контакт, да ја прикаже сета нивна причина зошто нивните реакции, на моменти се скриени, додека во други, испливуваат на површината и ја отсликуваат нивната слика и прилика.
Да не го расипувам филмот, не сакам да го раскажам ни сижето на овој роман кој се консумира во еден здив, не оставајќи никакви горки трагови на двосмисленост и конфузност, едноставно и спонтано те понесува до последната страница.

10. Како да се биде добар - Ник Хорнби (305 стр. - Табернакул) 3.5/5
Иако најслаба од низата прочитани негови книги, и оваа нуди одреден шмек на хумор збогатен со циничност кој, мислам дека бар до сега, не сум сретнал некој да го надмине. Симпатично книжуле кое опишува за тоа „како да си го уништите бракот, како да не си ги воспитувате децата“ како и погрешните морални пораки што често ги извлекуваме од поедини „хуманитарци“.

11. Источно од рајот - Џон Штајнбек (689 стр - Магор) 5/5 *
Уф, навистина не знам од каде да почнам...
Немам зборови со кои би опишал колку книгава може да допре до обичниот читател. И покрај обемноста, нејзината едноставност преку наративната мисла на Штајнбек не` воведува во вечната борба меѓу доброто и злото. Неговата истрајност е оноа што најмногу ме има освоено. Бидејќи, реално, злото не би имало логика самото од себе да егзистира де не би постоеле причините за неговото појавување.
Приказната нема да ја раскажувам бидејќи е преобемна, но ве уверувам дека ни минута нема да ве остави со промашена поента. Се` е толку складно скоцкано, секој опис, секој дијалог има смисла (дури кога е опишан со невербална комуникација). Се осеќате како еден од главните ликови (Семјуел Хамилтон) ви ја раскажува приказната со голема истрајност и проникливост, како да самиот тој ве анализира и пробува да го извади најдоброто од вас.
Заслужува да биде книга - лектира за секој млад кој се наоѓа во двоумието меѓу доброто и злото.

12. Вторниците со Мори - Мич Елбом (165 стр. - ТРИ) 2/5
По малку незгодно ми е што и` давам волку слаба оценка на книгава, бидејќи сум свесен дека се работи за нечива пишана биографија. Па сепак...
Книгава ќе беше солиден есеј од неколку страни. Немаше никакви потреби од расплинувања, бидејќи уште од самиот почеток, поентата е доловена и е доволна сама за себе. Тип заболен од неизлечива болест, неговиот бивш студент е тука за да ги документира последните неколку недели (вторници де), и целиот дијалог се сведува на типично „попување“ за светската мудрост, начин на живот и такви слични веќе видени поенти. Кратко книгиче кое уште во втората глава доаѓа до суштината на целиот тек, после тоа станува само здодевно и заморно повторување. Сум читал далеку подобри книги, со повеќе поента и суштина. Ова е премногу too-good-to-be-true по мене.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ScorpioNka

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
13. Кланица 5 - Курт Вонегат (230 стр. - Темплум) 3/5
Апсурдност на војната, апсурдност на времето, апсурност на човекот како единка во воените времиња... Апсурдистан!
Иако сево ова Вонегат одлично го доловува со длабок засек на ироничност и црн хумор, некако не ме погоди длабоко, најмногу поради неговата хаотичност низ времето на главниот протагонист Били Пилгрим кој фатен од германците е транспортиран до кланицата 5 во близина на Дрезден за кој на сите нѝ е позната неговата судбина при крајот на втората светска војна. Чуден е тој трансфер низ одредени временски епохи кои Вонегат ги предвидел, но хаотичноста на моменти ме тераше да ја прекинам книгата со читање.
Така ти е тоа.
14. Уличниот мачор Боб - Џејмс Бовен (210 стр. - Арс ламина) 4/5
Иако пишана во скромен стил, книгава има еден т.н. ефект на подигање на расположението. Вистинска сторија за еден загубен тип во тунелот на зависноста на дрогите, кој една вечер наоѓа еден жолт мачор кому му е потребна нега. На крајот се поставува прашањето, кому му е потребна повеќе нега, на дечкото или мачорот Боб? Клише приказна кое=ја ќе ви ја згрее душата.
15. Патувањата со Чарли - Џон Штајнбек (210 стр. Ѕвезди на светската книжевност) 4.5/5
Како и секогаш, маестрален опис на обичниот човек со кој Штајнбек се сретнува во неговото патешествие низ поголемиот дел на Соединетите американски држави. До сега ме нема изневерено ниедно негово пишано дело.
16. Norwegian wood - Haruki Murakami (296 стр. - Vintage) 3.5/5
Само да бев 10-15 години помлад, книгата би имала подлабока порака. Приказната се одвртува меѓу две повторувачки поенти - болка и секс. Кога од едната се заситуваме, настапува другата. И цело време се врти околу клише љубовен триаголник, вклучувајќи самоубиства. Очекував многу повеќе.
17. Клубот на непоправливите оптимисти - Мишел де Генасија (640 стр. - ТРИ) 4.5/5
А може ли да изгледа нешто грдо напишано како Франција во почетокот на 60тите?
Oдлична "coming of age" книга, опфаќајќи ја раната адолесценција на едно младо момче и животот неколку емигранти од источните земји.
18. Незнаење - Милан Кундера ( 140 стр. - Табернакул) 5/5
„Враќање, на грчки се вели nostos. Algos значи страдање. Значи носталгијата е страдање предизвикано од незадоволениот копнеж за враќање.“
Уште на почетокот кога наидов на овој цитат, бев сигурен дека налетав на некое Вечно Враќање, сентимент типичен за дисидентот Кундера. Одлично прикажани животни стории на двајца емигранти кои на почетокот по малку несвесни за својата животна трагедија , пробуваат да си ја пополнат својата празнина во душата, или со други зборови, да си го разјаснат своето незнаење поради околностите низ кои се проткајуваат нивните љубовни врски. Одлично четиво и мевлем за душа.
 
Статус
Затворена за нови мислења.