Книжевен предизвик за 2016та

Колку книги ќе прочитам годинава?

  • 5 книги (level existence :D )

  • 10 книги (ептен лагано)

  • 15 книги (leitmotif)

  • 20 книги (средно, едно со едно)

  • 30 книги (Nescafe strong)

  • 52 книги (мењам долен веш, еднаш неделно)

  • 100 книги (level Impossibiru)


Резултатите се видливи откако ќе гласате.
Статус
Затворена за нови мислења.

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
17. Долг пат до дното - Ник Хорнби (321)
------------------------- I I --------------------------------
4/5
Ти реков, сите ќе се фрлат :p

Него...

20. „Но-Уи“ - Лидија Димковска (171 стр. Или-или) 5/5

Ајме, каква книга...
Длабока, прониклива, топла... Пишана со стил кој повелкува голема емотивност кон родољубието, иако ја опишува токму спротивната страна - како човекот кога решава да го напушта родното огниште поради мал милион причини, „за навек станува суштество без дом - странец кој талка и по небо и по море“.
Прекрасна драма, пишана со бескрајната мисла на Лидија Димковска, која течејќи, не запира и те носи де во сегашноста, де во нетолку далечното минато, де на самиот зачеток на животот на двете Неди, баба и внука. Дијалогот меѓу нив во форма на раскажување, толку присен, те навраќа во мислите да си речеш „барем некогаш да имам една личност на која би и` ја раскажал/а својата голгота од живот, а таа да ме разбере“.
Топло препорачувам да ја прочита секој оној кој во животот барем еднаш се соочил со животниот избор на одделување од своето родно огниште, како и на оние кои медитеранот им е нивен прв/втор дом.

@Luckky мораш. Далмација прекрасно опишана.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
1. „Жената и родот во исламот“ - Лејла Ахмед - Број на страници: 350 - прочитана
2. „Митот на демократијата“ - Франк Карстен - Број на страници: 123 - прочитана
3. „Неугодното во културата“ - Сигмунд Фројд - Број на страници: 141 - прочитана
4. "Un reino lejano" - Isabel San Sebastian - Број на страници: 344 - прочитана
5. "Palmeras en la nieve" - Luz Gabas - Број на страници: 281 - прочитана

6. „Параноја и хомосексуалност - Случајот Шребер“ - Сигмунд Фројд - Број на страници: 143
7. "Vision de los vencidos" - Miguel Leon Portilla - Број на страници: 155

8. "Pablo Escobar, mi padre. Las historias que no deberíamos saber" - Juan Pablo Escobar - Број на страници: 483
*
9. „Небо во оган“ - Марио де Са-Карнеиро - Број на страници: 280 -
морам да признам дека јас, подобра збирка раскази не сум прочитал... многу оддамна. Фантастично. До каде сѐ може да стигне човек кога ќе ја сфати апсурдноста на своето постоење - тоа е прашањето што си го поставуваш после секоја последна точка од расказите.
10. „Ѓаволијада, Кобни јајца“ - Михаил Булгаков - Број на страници: 164 - кога Булгаков го зема перото да пишува општествена критика... фантазијата и реалноста се сплотуваат и играат оро пред него и му овозможуваат сѐ што сака! Книгата, всушност е составена од две новели, првата е своевидна верзија на Фауст - но има и елементи на мотивот „Давид - Голијат“... и во импресиите ќе се задржам само на оваа новела, втората не ми се допадна толку многу од проста причина што со футуристичките мисли Булгаков... малку забегувал. Но! Во првава новела... јас немам прочитано подобра критика на Советскиот Сојуз во животов мој!
11. „Архангел во саѓи“ - Ана Бландијана - Број на страници: 110 - збирка поезија... Јас љубител на поезија не сум. Посебно не на новава поезија, што сѐ е само поезија не е.... ама ова е нешто повеќе од поезија... ова е капка по капка од душа вадено... Само еден стих ќе издвојам „Би требало да се раѓаме стари,
за да доаѓаме на свет мудри и кадарни
Судбината да си ја одредуваме сами,
На првиот крстопат да знаеме кој пат каде води
И неодговорен да е сал копнежот по ад.“
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Big Berta

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
21. High fidelity - Nick Hornby (244 стр. Penguin books - англиски)
5/5
И ајде сеа одлучи се што е подобро... филмот или книгата?
Краткото сиже е толку познато - после долга врска на која и` се гледа крајот, тип од некои 30 и кусур години си прави листа на флешбекови на своите омилени и не-толку-омилени случки, врски, буквално се` што има доживеано во животот. Секој човек барем еднаш во животот си прави една слична листа во која се преиспитува за својот неуспех и причините каде точно згрешил. Колку е тоа плодно и како делува врз индивидуата, Хорнби тоа умешно го опишува, вметнувајќи неколку нишки на поп културата во Англија во крајот на 70тите до почеток на 90тите. Книга која мора барем еднаш во животот (во рана-средна адолесценција) да ја прочитате.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
22. Лебарка - Рави Хаж (240стр. Или-или)
4/5
Грозничаво реалистичен опис на подземјето животот и имигрантите на маргините на едно туѓо општество. Хаж умее да ја приближи таа отуѓеност, притоа давајќи акцент на неславното минато на протагонистот, покажувајќи дека истиот е само едно ништожно човече, роб на своите пориви. За оние кои се љубители на романите на Ками, топла препорака.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
23. Гордиева врвка - Бернхард Шлинк (270 стр. Или-или)
3.5/5
На моменти конфузна, на моменти едноставна, баш како купче јазли зврзани на една гордиева врвка. Не знам што да кажам за Шлинк после ова. На моменти ми изгледаше толку претенциозен што ме тераше да запрам со читање. Но ја доистерав до крај. Не е како „читачот“ но не е до толку катастрофална како што луѓево пишуваат на интернет. Без тие непотребни дефокуси, без таа претенциозност и со ставање повеќе акцент на полицијата и странските служби, книгата би имала многу повеќе суштина во целост. Вака, многу празни одови, чворови, повторувања одново и одово, и пак се осеќаш изгубен во некаков вител.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
24. Тивок хаос - Сандро Веронеси (450 стр. Или-или)
4.5/5
Италијаните имаат еден добар глагол - chiacchierare, што на нашки буквално би се превело - брборење. Со таа разлика што кај нив, повеќе е во позитивна конотација - јер тие во принцип се големи брбливци.
Така и со книгава. Тој неизбежен и секогаш присутен елемент му дава посебен шмек на овој роман, зависно од публиката и особено од самиот читач колку е во можност истиот да го восприеми. На моменти ми одеше толку на нерви, на моменти не можев да престанам да се смеам.
Шармантно прикажана прикаска со доза на блага сатирична меланхолија, баш како тивкиот хаос, кој секојдневно не` опкружува, но поради нашата слепост ние или го потиснуваме, или му даваме многу подлабока важност, наместо да го прифатиме онаков каков што е. Нема да одам многу во детали, романот има исклучително интимна вредност меѓу писателот и читателот, така да ова е роман кој или може длабоко да посегне во човековиот интимен хаос и со неговата блага горчина да го насмее, или да вроди еден вид на површен хаос кој читателот воопшто не би се нафатил да го разбере.
 
Последна промена:

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Гаргара - Игор Станојоски (185 стр. Панили)
5/5
Kако што некаде другде реков (а исто и авторот), ова е тип на книга која те седнува во некаков воз и ти шепнува - патувањето тукушто започна. Се чита во еден здив, те води во подземните тунели на мистериозниот Л`вив, поттикнувајќи ја жедта да го посетиш барем еднаш во животот овој град. Стилот иако богат, е со едноставна конструкција на речениците без прита да се загуби човек во мислата. Изобилува со скриени референци кои на читателот често му проникнуваат насмевка. Одлична авантура, проткајана со мириси на кафе, љубов и мистериозни разрешници. Препорака до сите, особено оние кои имаат посебен фетиш на книгите на Зафон ;).
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
26. Се случи на први септември - Павол Ранков (328 стр. Ars Libris)
4/5
Солидна политичко-историска книга опфаќајќи го временскиот интервал од `38ма до `68ма. Читајќи ја првата третина каде во најголем процент се опишува за фашистичката опресија врз голем дел од источна Европа (Чешка, Словачка, Унгарија) очекував голем дел од приказната да се разврзе околу директна критика на тоталитарните режими. Наспроти тоа, добив подлабоко разјаснување колку истите можат да бидат продуктивни/деструктивни кога паранојата и стравот би се оттгнале настрана.
Сторијата се состои од тројца другари (унгарец, чех и евреин) во својата рана младост се вљубуваат во една девојка. Поставуваат пакт дека никој друг освен нив тројца не е достоен да ја има. За да докажат кој прв е достоен за нејзиното внимание, закажуваат натпревар во пливање во локалниот базен во Левице.
Годините поминуваат, а со тоа и животите меѓу оваа славна четворка на моменти се преплетуваат, во други се разединуваат. Имаат свои општествени размирици како и подоцна, кога едниот од нив станува висок функционер, другиот поради личната судбина пребегнува во странство и третиот поради предрасудите во општеството пробува на некаков начин да живее во тој меѓупростор, да најде конечно засолниште кое би му гарантирало мирен живот. Но пред се`, тука е Марија, нештото што ги спојува сите тројца, што можеби на моменти ја усложнува работата, но на некој начин претставува пред се` и над се` за сите тројца другари, која го држи балансот меѓу нив.
Сето ова, со уфрлени политички мотиви на социјализмот кој сублимативно е прикажан како стаховладеење и параноичност во големите институции. Книгава на моменти потсетува на Кундера, иако ја нема таа психолошка анализа на ликовите, повеќе е сврзана за нивната дејност и дејствие. Ја препорачувам за оние кои ги интересира животот во источниот блок пред, за и по втората светска војна.
Единствено нешто што не ми се допаѓаше е конфузноста во првата третина со честото преименување на ликовите според тоа кој режим ја има запоседнато Словачка.
За преводот и техничката обработка на текстот имам посебни примедби, но тука повеќе се осврнав за книгата како дело што писателот сака да ни го пренесе.
 
Статус
Затворена за нови мислења.