Книга или филм?

Книга или филм?


  • Вкупно гласале
    45

Slims

Активен Член
19 април 2012
192
177
43
Релативно прашање.
Општо кажано, книгата ти остава повеќе простор за фантазија и е збогатена со детали, нешто што им фали на филмовите, но сепак добра филмска екипа знае да направи од просечна книга феноменален филм.
Мое мислење, подобро книга па филм.

Но еве еден пример, книгите на Спаркс се просечни, но повеќето филмови не вредат ни 5 денара. Само можам да ги издвојам The Notebook и A Walk to Remember. Подобро да се гледаат филмовите, него ли да се читаат.
Најновата адаптација на Ана Каренина, како филм е оригинален, интересна е идејата дејството да се одвива како театарска сцена, со мотото дека цел живот е играње улога, но нема ништо од приказната, ама изгледа тоа не ми ни било на ум на режисерот. Така да, не се мачи со филмови, ни еден не може да ти го доволи ни блиску ова ремек дело.
The Illusionist и The Prestige, не сум ги читала на книгите, но филмовите вредат за 10 меџик-трилер книги.
Еднакво добри и книга и филм: Гордост и предрасуди; Тепачки клуб; Новела за сонот/Eyes Wide Shut.

All in all, се' зависи од многу фактори.
 

Nightmare_f

Истакнат Член
19 февруари 2012
1,359
2,207
423
Дома пред Пц
Зависи ...пример ја имав читано
Ранетиот орел - Мир - јам
, и додека престојував во Црна Гора ја даваа и серијата од истоимениот филм...и само се изнервирав пошто многу од деталите кои ги има во книгата и се битни за самата приказна, во филмот беа изоставени:mad

Додека пак филмот
ми остави поубав впечаток него книгата
Страници за нашата љубов - Николас Спаркс

Се на се мислам дека е подобро прво да се чита книгата па потоа да се гледа филмот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bibi@

Emma.T

Истакнат Член
23 декември 2012
241
352
163
Веќе на слична тема имам напишано дека секогаш сум повеќе за книга отколку за филм, па и овде ќе го кажам истото. Значи, описот и сликата која јас ќе си ја направам во глава според истиот, не може да ги замени ни цел Холивуд.
Ако веќе толку сакате да гледате филмови, прво прочитајте ја книгата, а после гледајте го филмот.

Имам прочитано многу книги според кои се направени филмови и еден филм кој ми остави голем впечаток беше Pride and prejudice, ама не тој со Најтли, туку оваа верзија.
Книгите на Мир-Јам ги имам сите и искрено сериите направени по нив страшно ми идат на нерви, особено фактот што еден ист глумец ги толкува главните ликови во сите 3 серии, а во книгите, описот на главниот лик секогаш е различен.
The picture of Dorian Gray - книгата е masterpiece, за разлика од филмот, кој мене ми беше одвратен.
Dear John - филмот има промени и искрено многу повеќе ја препорачувам книгата.
The notebook и A walk to remember - интересни ми беа и книгата и филмот, ама сепак, книга си е книга, па дури и од Спаркс.
Ана Каренина - книгата е одлична, што не можам да го кажам истото за филмот.
Доста набројував да не ве „давам“ со повеќе споредби, пак ќе кажам - пред секој филм, да се прочита книгата. :)
 

Angiie

Истакнат Член
16 февруари 2012
506
639
93
Се водам по правилото Прво книга, после филм. Ако го гледам филмот отприлика ќе ја знам содржината на книгата и нема да ја читам со толкава заинтересираност како кога не би го гледала филмот. Еднаш се случи да го гледам прво филмот, Прошетка за паметење, а после ја читав книгата и решив дека никогаш повеќе нема да правам така. Едно што ликовите си ги замислував како оние што беа на филмот, друго што веќе ја знаев содржината и не ми беше толку интересно. Значи не ми даде простор за фантазирање.
 

Ouroboros

Полноправен Член
4 март 2013
37
10
8
35
Тешко да се определиш, и двете си имаат своја тежина, би играл со двата огдовори...:) Ако биде сега нема да е после, ако биде после нема да е сега...
 

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Ма еве јас на пример кога излезе Хари потер и го прочитав првиот дел си имав исфантазирано филм во во моја режија (во мојата глава).Кога излезе филмот не бев скроз разочаран ама разликата беше очигледна.
Сега ја читам Доријан Греј и сваќам колку филмот беше за никаде (истото беше само името и желбата да биде вечно млад).
Филм е само за луѓе што или немаат време за книга,мрзеливи или евентуално да не можат да ја најдат а имаат желба да ја прочитаат.
Сепак сум за книга пред филм.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bibi@ and $3Я3|\||)&p&†Y

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
Јас незнам тој шо читал книги па ако излезе филм да очекува нешто, јас лично ги двојам тие работи...сакам да читам книга- читам, сакам филм да глеам адаптиран глеам, норамално коа читаш е сосема различно искуство тоа не се споредува, ти си си самиот сценограф , костимограф, музичар и кадија и судија , ние самите и даваме нов живот и многу многу уникатни реинкарнациии на таа една книга ...филмот од друга страна е друга прикаска...јас многу често ги одбирам и двете , понекогаш се случило дури и да ме изненади филм направен според нечие дело да е стварно добар и така...ама сопствената фантазија е најмоќна и нај обоена.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bibi@ and Saladin

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Видов веќе дека има таква тема но во оваа е поинаква тема само нз како да го напраам насловот подобар. Модераторите може да корегираат. Овде може да се разговара на веќе постоечки книги и филмови што се правени според книгата или книгата според филмот. Што е подобро дали книгата да се прочита или филмот да се гледа? Што попрво, филмот па книгата или обратно? А успут и јас имам прашање... Планирам да ја читам Ангели и демони од Ден Браун но не сега туку во блиска иднина но дека има и филм сакам да го гледам но вие што ке ме советувате.. Филмот прво или книгата??
Прочитај ја книгата, па погледни го филмот.
Мене барем така ми е подобро, пошто ако прво го гледаш филмот, можеш да се разочараш без да ја прочиташ книгата, а книгата да е сосема друга приказна од филмот, како што е и скоро секогаш.