Книга или филм?

Книга или филм?


  • Вкупно гласале
    45

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
Дефинитивно книга. Книгата секој си ја доживува на различен начин. Постојано се случува филмови кои се правени според книги да се катастрофа.Еве еден пример, книгата "Доријан Греј" од Оскар Вајлд е одлична барем според мене,меѓутоа филмот најновиот е толку катастрофа што кога го гледав ми се згади буквално. Затоа книга:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: UnFleur

zombie#

Полноправен Член
11 април 2012
72
65
18
28
Книга.
А многу се нервирам ко ќе гледам некој филм шо е врз основа на некоја прочитана книга праен и ко ќе забележвам дека ми фалат некој сцени или пак дека е нешто изменето на полошо.
 

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Книга се разбира, книгата ти пружа можност за сто постотно уживање и релаксација, можеш да ја читаш кога сакаш и каде сакаш, пред се колку време сакаш, а не филм си почнал и ај до крај да го изгледаш... лично мене ме исцрпуваат два саати гледање филм. Читајќи книга влегувам во улога на режисер, секој опис го замислувам како што јас сакам, секоја личност и случување исто...
Некои филмови само би ги избрала пред книга, но малку се такви. И тоа повеќе поради музиката која со книга неможе да се долови.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Книга. Филмот премногу ограничува, се` е само 100% визуелно презентирање на нечие гледиште. Мада има некои филмови кои вредат приближно како нивните претходници - книгите. Ама тоа е реткост.
 

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Книгата затоа што ми дава слобода да создавам визија и слика за нешто што е само раскажано со зборови. А би излажала ако не спомнам дека и филмот си има свои убавини, добар филм, добро изрежиран и тоа како може да ме остави без зборови. Така да и тоа и тоа:):)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: WomanInRed and Wild.One

Wild.One

Истакнат Член
17 јуни 2012
197
147
343
Wonderland
Има и добри филмови ама кога треба да бирам помеѓу едно тоа е книгата.. Обожавам кога ке едноставно ке влезам во неа и ништо живо не регистрирам околу мене, се губам :)
 

Emma.T

Истакнат Член
23 декември 2012
241
352
163
Книга, затоа што не постои толку добар режисер како мојата фантазија. За мене најважниот дел од книгата е описот, особено опис на некој мирис, а тоа не може да го прикаже ниту еден филм.