Книга Јов

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
90
Осумнаесетa книга во Стариот Завет е напишан во форма на песни за која се верува дека е една од најпознатите и тешко за разбирање книга.

Во неа се опишува животот на Јов од времето кога Господ го предава во рацете на сатаната се до неговата смрт.

Имаше еден човек во земјата Уз,по име Јов,тој беше непоречен ,богобојазлив и го одбегнуваше злото, кој имаше седум синови и три ќерки. Тој редовно придонесева жртва на Бога во име на своите синови и ќерки, бидејќи тој беше без грев.

Сатаната посетен од Бога му кажува дека Јов е добар само затоа што го благослови трудот од рацете негови , и Господ го наговара да ги стави своите раце на работа и на неговите добра ,да види дали тогаш Јов ќе го благословува.

Искушуван од сатаната со најголемите маки и болка, прво ги убил сите говеда и слуги кои ги добил праведниот, и на крајот сите синови и ќерки. Иако тој останува без ништо или без тоа што го стекнал во текот на животот (само неговата жена остана со него) ја кине облека, ја бричи главата, и паѓа на земја, се поклони и го благословува Бог.

Сатаната се навраќа кај Бога и добива дозвола со болести да се тестира Јов. Откако ќе биде покриен со болни рани, сатаната и жената го наговараат Јов да ја прифати смртта и да се откаже од Бога, но тој верува дека ,Божјиот човек добива понекогаш зло, а не само добро, Сатаната бил поразен и веќе не се враќа.

Кога неговите тројца пријатели слушнале за неговите проблеми, дошле да го утешат. Неговите пријатели ќе се обидат да му дадат совет и верување дека Господ може го казнува поради неговите гревови. По нивната логика Јов беше голем грешник, кој се приближува кон крајот на лошиот живот. Му ги набројуваат неговите гревови (22,5-9) и му нудат решение со кое ќе го запре неговото страдање. Го советуваат да се исповеда за гревовите, да се помири со Бога, и да го прифати законот на Господа и да живеат со тоа (22,21-24).
Јов беше храбар во својата праведност, ги одбива нив, а критикувањето на неговата кауза е уште поголемо страдање. Тие стануваат неговите мачители, а не утешители, нивните зборови му носат поголем товарот .

На крајот од книгата , Господ зборува со Јов од бурата, поради неговата посветеност, вратено му е многу пати повеќе од она што првично го поседувал.

Одличен текст кој ги покажува врските со кој човек е врзан за световните работи и колку е болно нивното разврзување.
Богатството и сето тоа што во текот на животот може да го стекнеме,врските со семејството и здрајвето кој се силен фактор за она што значи живот,додека без нив колку големо би било страдањето.

Текстот можеби е само поинаку составена приказна,за оние кој се свртени кон надворешното поставувајќи си прашањата , зошто страдаат праведните , зошто Бог дозволува зло на земјата, и за оние кој се завртени навнатре разбирајќи го глувиот диалог кој го води Јов.

Прочитајте ја книгата и видете од која страна сте вие!
Се разбира, и споделете со нас.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ●Untouchable°

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253

Интересно од тебе, од кај ги најде штрковите, од каде ја извади книгата!? Требаше да напишеш прво за тебе, од која страна си ти.
Незнам зошто е книгава тешка за разбирање, повеќе е тешка и досадна за читање, но како и во сите, пораката е една те иста-Бог може да ти сотре се живо и диво ако сака,да те мачи и става во искушение и тоа само за да ја провери колкава е љубовта кон Бога.Не ми е јасно само зошто Бог треба нешто да докажува!??
 
Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
90
Интересно од тебе, од кај ги најде штрковите, од каде ја извади книгата!? Требаше да напишеш прво за тебе, од која страна си ти.
Незнам зошто е книгава тешка за разбирање, повеќе е тешка и досадна за читање, но како и во сите, пораката е една те иста-Бог може да ти сотре се живо и диво ако сака,да те мачи и става во искушение и тоа само за да ја провери колкава е љубовта кон Бога.Не ми е јасно само зошто Бог треба нешто да докажува!??
:) Приказната опишана во Книга Јов,за мене е една од најдобрите духовни книги,овде може да ја додадам и Трета Книга Ездра,
во кој се опишува внатрешна (звртена навнатре во човека) тетарска престава, која писателот ја поврзал со надворешните секојдневни доживувања и тоа што човека го држи врзан за земјата,создавајќи со тоа една безвременска приказна која се случува од род во род.

Според тоа како ти ја имаш разбрано јасно е дека разбирање ти е усмерен надворешно,ликовите(синови,ќерки,семејство) и поимите за богатство се дефинирани според тоа што го гледаш,слушаш и говориш (произлезено од умот) и на истите се потпираш како нераскинлив дел од твоето постоење,додека Јов со нив води полемика,трите пријатели кој "дошле" да го утешат.

За оние кој размислуваат надворешно,на Јов му умираат синовите,ќерките,слугите и добитокот,додека за оние кој се свртени навнатре,"умира" Јов.
;)

п.с.Штрковите ги сликав летоска.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo and diva orhideja

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
90
Можно ли е од таа книга, да се отворе духовното око ?
Не,до сега се нема случено само со читање книга да се отвори духовното око.
Тоа му доаѓа како да со гледање слики од леб, да се насади нивата со пченица. :(
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Svetiot Duh

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Не,до сега се нема случено само со читање книга да се отвори духовното око.
Тоа му доаѓа како да со гледање слики од леб, да се насади нивата со пченица. :(
Што се мисли под духовно око??
 
malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Ја немам читано книгата, но како дете имам гледано цртан филм со приказнава и ми има оставено голем впечаток.
Тоа е тоа за кое копнеам, тоа е чувството... да се откажам од се што ме ограничува (материјата) во име на бесконечната слобода, бесконечната моќ која несебично ни е доделена...
Синовите, керките, слугите, богатството... се само илузија и не можат да се изгубат бидејки не можат да се поседуваат, а и ако го прифатиме мислењето дека сите сме едно, тогаш би било чудно да веруваме некој може вистински да се раздели од себе си... затоа нештата на крајот тројно се враќаат, бидејки откако се менува личноста (перцепцијата) се менува и реалноста оклу истата.
Победата над искушенијата во името на творецот е еден од најсигурните начини да се поврземе со него.
 
Во книгата поимите синови, ќерки , слуги се само споредби за внатрешното доживување во текот на еден човечки живот,со сите негови промени.

Инаку во надворешно размислување никогаш на исто мерило не би поставил синови, ќерки, слуги или со еден збор човек и материјално богатство.Едното со другото е неспоредливо.

Јов е всушност оној никулец ,она исконско кое е составен дел од секое човечко битие кое за жал ретки се оние кој го живеат, повеќето се ќерките, синовите и слугите,а тој останува затрупан испод лажната слика која трите " пријатели " (очите,ушите и говорот-умот) им ја сервираат за некаков бог кој никогаш го немаат осознаено.Затоа во почетокот Јов се моли за нив. ;)

Љубовта кон ближните треба да се зголемува, а не да се копнее од нивно разврзување.