Кинеска диета

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
Покрај тоа што вишокот килограми се препишува на Западот, Кинезите се практичари па брзо реагирале на новите трендови, и во своите препораки за убав изглед се држат на традиционалниот начин на одржување витка линија и добро здравје.

Ова се десет правила и плус една мини диета, кои ќе ви помогнат да бидете здрави и витки на Кинески начин :)


1. Јадете полека, додека не станете сити!
- Наместо да ги гледате калориските таблици, внесувајте намирници со висока хранлива вредност. Јадете полека, почувствувајте го вкусот на храната и престанете кога ќе бидете сити.

2. Оризот не е лош јаглехидрат, јадете го слободно!
- Во многу диети јаглехидратите се третираат како своевиден „ столб на срамот “ и постанале главен кривец за прекумерна тежина. Оризот бил 30 векови и сеуште е главна храна на многу луѓе од кои повеќето се витки, хамбургерот е присутен во исхраната околу еден век и милиони луѓе кои го конзумираат константно се сметаат за прилично дебели. И сега дали навистина оризот е лош јаглехидрат?

3. За појадок -КОНГИ!
- Важно е наутро да јадете некое лесно, топло јадење. Традиционално кинеско јадење, за појадок е каша течна од ориз позната како КОНГИ. Се конзумира топла, и има прочистувачки ефект и спречува дехидрација.

4. Порција богата со зеленчук!
- Ако влезете во кинеска кујна ќе најдете чинии на кои е сервирано многу повеќе зеленчук отколку месо. Конзумирајте многу повеќе зеленчук кој е богат со антиоксиданси, а многу помалку месо и ќе имате многу повеќе енергија и ќе се чувствувате многу подобро.

5. Клучот е разноличноста!
- Конзумирањето на разнолична храна во помали количини е добар начин да се заситите што набрзо доведува до смалување на апетитот.Кинескиот начин ги вклучува сите вкусови во јадењето кое го спремате (солено, благо, кисело, горко, луто) и со тоа ја спречуваат потребата за слатки работи и масти, со кои Западњаците потешко се справуваат.

6. Сметајте го секој оброк како посебна прилика!
- Наместо да брзате, да купувате брза храна или набрзина да подгревате во микробранова печка, секој оброк сфатете го како посебна прилика што ќе ја поделите со семејството или пријателите.

7. Сирова храна за живо тело!
- Кинезите сметаат дека на организмот му треба вистинска, права храна и затоа користат исклучиво свежи сезонски продукти, без додавање на конзерванси .

8. Јадете храна за која знаете дека е добра за вашето здравје!
- Традиционалната Кинеска медицина користи лековити билки за лечење болести како и за подобрување на имунитетот. Затоа во подготовката на храна се додаваат: лук, чили, ѓумбир...кои освен што се здрави ја прават храната повкусна.

9. Зелен чај!
- Богат е со антиоксиданси, со доста антисептички и прочистувачки својства, и затоа конзумирањето во текот на денот ви помага да се подобри варењето, да се спречат канцерогени заболувања како и ја оджрува хигиената на устата.

10. Храна со телесна температура!
- Според Кинезите температурата на храната треба да биде во склад со телесната. Значи заборавете ги ледените напитоци или пак жешките чорби. Храната никогаш не треба да биде ни преладна ни претопла туку во хармонија со телесната температура.

И еве ја мини диетата ( мора да се изеде се што е на менито, без да се прескокнуваат оброци)

Појадок: Варен милет во немасно млеко, со шоља зелен чај со лимон.
Ужина:Јогурт измешан со било кое сезонско овошје, освен банана. Ако случајно немате време да го правите ова, изедете еден грејпфрут. Плус еден шол зелен чај со лимон.
Ручек: Пилешко месо со интегрален ориз и зеленчук обарени и печен компир. Јадете додека не се заситите. После тоа напијте се шол зелен чај со лимон.
Ужина: Зелен чај со лимон или парче грејпфрут.
Вечера: Пилешко месо на скара, со обарени брокули и сезонски зеленчук обарен. Зачинете со билен зачин и лимон, никако сол. После тоа напијте се шол чај од билки.

Оваа диета се држи една недела и иако делува монотона, ги содржи сите неопходни нутритиви.
Се губат околу 3 кг - 3.5 кг .
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Minella

Hexasto

Истакнат Член
16 февруари 2012
1,095
1,633
113
Македонија
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
А Македонската диета најверојатно се подразбира под ананас диетата- сѐ се јаде освен ананас. :D
Цела среќа што немаше некој дел со варено куче или скакулци тука :giggle Луди Кинези се, се бива...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The Tramp and Selma