1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Кафич по ваша мерка

Дискусија во форумот 'Излегување и ноќен живот' започната од Шмекси, 7 април 2012.

  1. Marick14

    Marick14 Истакнат Член

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    3,279
    Допаѓања:
    2,353
    Па за влез не би наплаќал. Колку има место, толку. Ете вчера бев во Експириенс и имаше жива свирка (српско, кое не го поднесувам али тоа е) и влез не се наплаќаше. Се си беше под контрола, гужва немаше многу.
    Е сега заборавив да ги споменам коњопоите. И тие би играле важна улога. Кога би имало журка, ќе оставам 2-3 поголеми сепариња за седење и другото би било се коњопој.
     
    На Bum-Bum му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Marick14

    Marick14 Истакнат Член

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    3,279
    Допаѓања:
    2,353
    И едно, што мислам дека е најважно а никој не го спомена а и незнам дали ќе му текне на некој......

    За кафе, би викнал мајстор за кафиња. Значи човек што знае од машина како да прави добри кафиња. Со срциња, кругчиња итн....
    Ќе добива дневница поголема, но ќе прави екстра кафиња и строго само кафиња ќе прави.
    На кеј по кафичите, е сега незнам во кој, има еден тип (како што го објаснив) и прави само кафиња. Доаѓа со куферче, прави кафе само, и добива минимум 3.000 денари дневница. Али кафето е перверзија.
     
    На Bum-Bum и Selma им се допаѓа ова.
  3. 3pi0

    3pi0 Староседелец

    Зачленет на:
    25 февруари 2012
    Мислења:
    246
    Допаѓања:
    275
    тие мајстори за кафиња што ги викаш се викаат баристи..
    инаку за кафето да биде убаво е 10% знаење 90% машината колку е добра...
    ако не го бива кафематот не го бива ни мајсторот...
     
    На Marick14 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Marick14

    Marick14 Истакнат Член

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    3,279
    Допаѓања:
    2,353
    Е како се викаат не знаев, иначе да игра голема улога и машината за кафе, но поголема улога игра масторот.
     
    На Bum-Bum му/ѝ се допаѓа ова.
  5. ZmajChe

    ZmajChe Истакнат Член

    Зачленет на:
    21 март 2012
    Мислења:
    937
    Допаѓања:
    2,068
    хм...
    кафич по мја мерка.. во центарот некаде.
    Свирки секој викенд, и тоа секој викенд нов бенд - затоа што е глупо нон-стоп исти да викаш. караоке во недела.
    дозволено за пушачи и цени прифатливи за секој. :)
    внатрешен дизајн.. би било во стилот на старата прилепска Апореа.. ако некој имал некогаш шанса да ја види, само понов мебел :)) тоа е тоа :)
     
    На Ludaca и 048 им се допаѓа ова.
  6. Јована

    Јована Истакнат Член

    Зачленет на:
    20 април 2012
    Мислења:
    144
    Допаѓања:
    311
    Во центарот на Скопје.
    Да биде осветлен, да се вика кај ЈОВЧЕ.
    Да има музика и да се служи само пиалоци:)
     
  7. ZVERKA31SK

    ZVERKA31SK Нов член

    Зачленет на:
    1 јули 2012
    Мислења:
    7
    Допаѓања:
    4
    FACEBOOK CAFFE 251088_194031093977809_193602654020653_471808_5979414_n.jpg
     
    На Bum-Bum му/ѝ се допаѓа ова.
  8. katetoo

    katetoo Истакнат Член

    Зачленет на:
    28 јуни 2012
    Мислења:
    61
    Допаѓања:
    60
    Еден ден ќе отворам кафич само за кафе, нема да има алкохол. Ќе биде средено, но нема да биде нешто луксузно. И секако, ќе може да дојде секој што сака да пие убаво, квалитетно кафе. Нормално дека нема да биде забрането пушењето, но ќе има одделени делови.. и тоа :)
     
  9. MissChievous

    MissChievous Ingenious

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,084
    Допаѓања:
    7,013
    Има 2 идеи за 2 различни кафича.

    Едниот би се викал Tree Broomsticks и интериерот би бил во стил на Хари Потер. Нели, тоа е поентата. Овој повеќе би бил бар, со точено пиво, разни snack видови на храна, рок музика.

    [​IMG]

    Вториот би се викал Central Perk и би бил копија од оној од Friends. Би бил за кафе (очигледно), мирно местенце за собирање на друштво и муабетење, повремено по некој изведувач на акустична гитара (само не како Фиби :giggle)

    [​IMG]
    [​IMG]
     
  10. Мортидо

    Мортидо Староседелец

    Зачленет на:
    6 март 2012
    Мислења:
    1,054
    Допаѓања:
    1,576
    Јас сум повеќе за Паб. Би ги држел најдобрите пива од цела Европа, а германските сите. Името ќе биде Deutsche Pub, на шанк двајца бармени, а за служење би вработил само девојки кои ќе носат пабски униформи ко девојкине на Октобер Фест. Ако дозволува просторот би ставил и еден билјард. А доколку би отворил кафиќ би го уредил во ориентален стил или пак нешто во стилот на Cafe Nervosa од серијата Фрејзер,а и тоа име би го носел.
     
    На Selma му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели: