1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Кафич по ваша мерка

Дискусија во форумот 'Излегување и ноќен живот' започната од Шмекси, 7 април 2012.

  1. Шмекси

    Шмекси Истакнат Член

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    1,130
    Допаѓања:
    1,066
    Да речеме дека темава е едно мало истражување што би помогнало некому :)

    Еве, имате можност да отворите кафич во Скопје.
    На кое место би го отвориле? Во центар или некоја населба во која што навистина треба некој кафич.
    Дали би сакале да има журки/караоке/што и да е за време на викенд?
    Која би била просечната цена за пиво Скопско (пример)
    Дали би дозволиле во локалот да се пуши?(за летно време да има тераса)
    Како би го уредиле внатрешно? Во кој стил?
    Што ексклузивно би додале вие?
    Што би направиле за да успеете да го прочуете кафичот?

    Чисто онака си правиме сега муабет, не мора стриктно по прашања да одговарате, прашањата служат само за да се даде правец некаков на дискусијата.
     
  2. Bum-Bum

    Bum-Bum Истакнат Член

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    1,125
    Допаѓања:
    1,844
    1.Во некоја елитна населба,Како на пример Водно...Каде што ке се собираат луѓе од високите класи
    2.Не.
    3.Не би се ни продавало пиво :)
    4.Секако,зарем на премиерот ке му забраниш да пуши во некој кафич...
    5.Луксуз,Гламур во овој стил нешто 6a00e553e71852883301156f69e409970c-500wi.jpg
    6.Па експлузивно...Неможеме да измислуваме топла вода....Ама некој пијалок или коктел незнам што се служи само во странство или е специфичен....Или пак во "подрумот" на кафичот билијард и казино :D
    7.Паа покани за отварање на кафичот на сите видни лица кои живеат во таа населба...А потоа ако услугата е добра сами ке доагаат :D Не би било баш пожело сите да знаат за тој кафич :D
     
    На Шмекси му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Dr.Gonzo

    Dr.Gonzo Истакнат Член

    Зачленет на:
    23 февруари 2012
    Мислења:
    651
    Допаѓања:
    1,915
    Каде и во кој стил не знам ама знам дека за непушачи ќе биде забрането:D:pusi
     
    На Aaliyah, street_chic, ZmajChe и уште 3 други им се допаѓа ова.
  4. Selma

    Selma Ingenious

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    4,375
    Допаѓања:
    7,070
    Значи така, а? И ја како твоја жена нема да влегувам? Ако, ако. :D

    Ако би отварала би било на некое по тајно место и само за елита. (нешо као Чак Бас што има)
    Се би било на нивоу како шо вика Жика. :D
    Пушење дозволено, а цените исто на нивоу.
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Ludaca, Гонзо, КрисТина К. и уште 2 други им се допаѓа ова.
  5. Шмекси

    Шмекси Истакнат Член

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    1,130
    Допаѓања:
    1,066
    Како прво не се дружам со елита :)

    Можеби имам рејтинг но тоа е на сосема друго поле.Идејава дојде онака ко истресена од ракав.Немам никакво искуство за менаџирање на ваков бизнис.Не би дал 100.000 евра за кафич.

    Сакам да биде достапен за сите и да има добра дневна шема и ноќна.
    Казино и билијард не! :D
     
    На Bum-Bum му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Marick14

    Marick14 Истакнат Член

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    3,279
    Допаѓања:
    2,353
    -Би направил одличен дизајн во кафичот, од сепариња до ѕидовите. Сигурно некоја моја идеа смислена.
    -Пијалоците како за почеток ќе бидат ефтини, и со тек на време ќе поскапуваат. А можно е ако има работа многу и иста цена да останат.
    -Би имал голем избор на коктели, безалкохолни и алкохолни. Многу видови на кафиња.
    -Локација, би избрал некое место близу до центарот.
    -Ќе поставам камери на секој ќош.
    -Надвор на летната тераса би поставил фонтана.
    -Ќе работат само позитивни девојки. Добро услужливи, а не некои што се мрштат.
    -Пеачи и свирки од нашата естрада строго не, зошто ние немаме пеачи што знаат да пеат. Ќе се пушта строго странско музиче.
    -Секој петок и сабота ДиЏеј ќе пуштаат музика.
    -Влезница нема да се наплаќа кога ќе има ДиЏеи.
    -Би имало и обезбедување
    -Менаџер само со долго искуство, а не некои балетани

    Ете така јас го замислувам кафичот по моја мерка.
     
    На Bum-Bum и Шмекси им се допаѓа ова.
  7. Шмекси

    Шмекси Истакнат Член

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    1,130
    Допаѓања:
    1,066

    Прва опиплива идеја :D
    За дизајнот остави ми на мене, имам 5 години искуство во тоа :D Имам генијална идеја за шанкот како и за таванот.Мислам дека луѓето ќе гледаат повеќе во таванот отколку во кафето.

    За пијалоците најубаво е да има фиксна цена.Најголема грешка во било кој бизнис е да зголемуваш цени.Губиш редовни гости/потрошувачи :)
    Коктелите и таквите работи се сложувам.
    За локацијата се сложувам.
    Камерите најмал проблем
    Петка за фонтаната на летната тераса.Особено би било добро ако има и некаква си природа одоколу.
    За девојки и јас тука се сложувам, и тоа имам идеја и за тоа.Ќе ти ја кажам ама приватно :D
    За музиката се сложувам.
    А да не се наплаќа воопшто?
    Обезбедување е океј.
    Менаџер има.

    А да те викнам за компањон? :D Гледам дека сме на иста бранова со размислувањава
     
    На Ludaca и Marick14 им се допаѓа ова.
  8. Marick14

    Marick14 Истакнат Член

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    3,279
    Допаѓања:
    2,353
    Абе јас си правам некои планови за иднина, но не е лесно да се води кафич. Има заебанции дур го отвориш па ете ти инспекции.....Иначе за пијалоците си во право. Не треба да се мањаат цените, згрешив со тој дел од постот јас. А иначе за што мислиш да се наплаќа?
    Бај д веј од секогаш сум сакал убав дизајн за кафич. во било кое кафуле да искочам, гледам и тоа како им е со дизајнот. Мене да ти кажам и тоа ме влече кај кафичите.
     
    На Bum-Bum му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Шмекси

    Шмекси Истакнат Член

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    1,130
    Допаѓања:
    1,066
    Сигурно нема лично јас да го водам затоа што јас имам друга работа која ми завзема повеќе од половина ден и сносам голема одговорност.Глава ме боли секој ден, а ова со кафичов уште помалку ми треба, но гледано од финансиски аспект убаво е да си имаш како прва помош. Значи се случи за едното нема работа, кафичов да ме покрива.Само ради тоа гледам, не од аспект курчење сум отворил кафич и изигравам јебо факич.

    За инспекции ги имам луѓето, можеме да пролонгираме некои работи.Како на пример пријавување на работници и слично.Тоа исто така ќе ти го кажам во порака.

    Па си пишал дека влезница нема да се наплаќа кога ќе има диџеи.
    А вака во обичен ден би се наплаќало?

    И мене тоа ме влече и всушност заради тоа и беше муабетот што ме натера да дојдам до идеја за кафич.
     
    На Marick14 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. MissChievous

    MissChievous Ingenious

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,084
    Допаѓања:
    7,013
    [​IMG]
    [​IMG][​IMG][​IMG]
    [​IMG]

    Цените би ги ставила просечни (на пример, Скопско 70ден.) и би имала широк избор на пијалоци, најразлични пива, вискиња, вотки, и слично, но не би служела кафе.
    Од музика, би пуштала секаков рок, панк, метал, и слично, на викенди би свиреле бендови. Би промовирала бендови, исто така.
    Локација би избрала центар, или во близина, може Капиштец, Карпош 1, и сл.
    Не би наплаќала влез и би дозволувала кој сака да влезе над 18, а мислам дека според изгледот и музиката, би биле муштерии одреден тип на луѓе.
    Со свирки и случни дешавки, со тек на време ќе стане успешен локалот.
     
    На КрисТина К., Шмекси и jovanKH2O им се допаѓа ова.

Сподели: