Кафе

Podem

Староседелец
15 февруари 2012
363
356
1,063
300.000.000 BC
Кафето, има долгогодишна традиција, но сепак заслужно за тоа кај нас на балканот се турците, кои го популаризирале, а потекнува од истокот.Она што јас го претпочитам е арабика, заради силниот мирис кој го има тоа кафе. Голем фан сум на овој пијалок и го пијам секојдневно со уживање, дневно околу 3-4 кафиња, зависно од расположението. За вистински рецепт за кафе, потребни ви се неколку реквизити, но најбитно е видот на кафето. Секогаш избегавајте да купувате паковано кафе. Прво, кафето како кафе, не е од една сорта, туку се меша со кафе, кое има вкус, кое има мирис, кое има густина, кое создава пена, значи повеќе врсти на кафе, во еден микс а во фабрика тоа кафе сигурно нема да стигни до вас - вистинска мешавина, туку во големи количини се меша, па ништо чудно од вашето пакетче кафе да добиете само еден вкус од кафето. Секогаш претпочитајте да мелите кафе. Порано беа популарни кафе-продавници, сега ретко ги има, но сепак постојат. Кај мене има една тетка што држи мал дуќан за кафе, и продава секакви видови, али сама го препорачува меленото кафе најдобро. Меша повеќе врсти кафиња, за мирис, за вкус, за се и сешто, па кога ќе се сомели има прекрасен мирис, а кога се свари е вистинско уживање да се пие. Подоле, темава ќе биде за кафе и рецепти за правење за него.

Повелете:

Кафе Јамајка (Jamaica Coffee)

Потребно време за подготовка: 5 минути
Потребни состојки:
20 мл црн рум
20 мл ликер од кафе
200 мл варено црно кафе
шлаг
Начин на подготовка: Сипете ги румот и ликерот од кафе во декоративна чаша за кафе, а потоа наполнете ја со штотуку сварено кафе. На крајот додадете шлаг и украсете ја со неколку зрна кафе.




Крем кафе:

Потребно за 6-8 кафиња:
3 големи лажици вода
200 мл млеко
едно ливче желатин
4 шолји еспресо
екстракт од ванила
1/2 шолја шеќер
2 лажици мелено кафе
Подготовка: Во мал сад турете малку вода и ставете го желатинот. Оставете десет минути да омекне желатинот. Не мешајте за тоа време. Во меѓувреме, во тенџере на оган ставете го млекото, ванилата, меленото кафе и шеќерот. Оставете смесата да зоврие (овој процес на вриење е ист како и за правење пудинг). Потоа, истиснете го желатинот со раце за да се исцеди водата и ставете го во тавчето со пудингот. Исклучете од оган и мешајте додека не се стегне смесата како пудинг. Готовата смеса ставете ја во огноотпорни чаши за десерт. Оставете да се олади два часа во фрижидер. Потоа, ставете ги чашите во сад со врела вода 10 секунди за пудингот да добие текстура како фил од торта, а не како цврст пудинг. Од горе, прелијте со еспресото и декорирајте по желба.
Забелешка: Ова не е класичен рецепт за правење Panna Cotta. Оригиналниот рецепт содржи хопла, а процесот на правење е речиси ист како горе напишаниот. Во овој рецепт за крем-кафе, меленото кафе и еспресото се тие кои му даваат автентичен вкус и италијански шмек.




Mлечна пења

Сите ја сакаме онаа млечна пена, која лебди и се топи при првата голтка од нашето утринско и попладневно кафе. Кафе лате, макијато, капучино – изборот е ваш. Да се купи еспресо машина или машина за правење кафе е навистина голема инвестиција, па затоа погледнете како да направите млечна пена, во домашни услови употребувајќи само една тегличка и микробрановата печка.
Земете една мала тегличка и наполнете ја со млеко скоро до половина.Потоа, затворете ја со капакот и протресете ја тегличката енергично околу 30 секунди додека млекото не го зголеми волуменот, двојно. Извадете го капакот од тегличката и ставете ја во микробранова печка 30 секунди.Млечната пена е готова.Ставете млеко во вашето кафе и со лажица претурете ја млечната пена на врвот од шолјата.





Шпанско кафе

Потребни состојки:
30 ml ликер од кафе
30 ml рум
матен шлаг
60 ml еспресо кафе
морско оревче
шеќер во гранули
Начин на подготовка: Во шејкер измешајте ги ликерот, румот и кафето. Чашата навлажнете ја со вода и обложете ја со шеќер по рабовите. Претурете го кафето. Врз него, ставете го шлагот и од горе изрендајте малку морско оревче.





„Каллив“ кафе-коктел
Потребни состојки:
30 мл вотка
30 мл Kahlua ликер од кафе
30 мл Ирски крем
Неколку коцки мраз
Начин на подготовка:
Ставете ги вотката, ликерот од кафе и Ирскиот крем во мешалка за коктели и мешајте додека убаво не се соединат. Подготвената мешавина сипете ја во чаша за мартини и додадете ги коцките мраз. На крајот можете да декорирате со марачино цреша, чоколаден прелив или чоколадни трошки.




Елегантно кафе со коњак
Потребно за 6-8 кафиња:
250 ml еспресо, оладено
80 ml коњак
60 ml ликер од кафе
60 ml цврсто изматен шлаг
сладолед од кафе

Подготовка: Еспресото, коњакот, ликерот и шлагот измешајте ги заедно со многу мраз. Течноста ставете ја во големи чаши. Во средината ставете по една топка сладолед од кафе или од некој друг вкус по ваша желба. Декорирајте со ситно сецкана чоколада.
Уживајте.
 

Hexasto

Истакнат Член
16 февруари 2012
1,095
1,633
113
Македонија
Обожаваммммммммм кафе :)..порано пиев многу повеке сеа нешто помалце пошто почна да ми смета со спиењево и ми ствараше несоница..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Minella and parvati

Podem

Староседелец
15 февруари 2012
363
356
1,063
300.000.000 BC
Кафе Лате (Coffee Latte)

Потребно време за подготовка: 10 минути
Потребни состојки:
1 dl млеко
1 dl топло еспресо
Начин на подготовка: Стоплете го млекото на тивок оган. Мешајте брзо со жица за матење за млекото да се распени. Сипете го свареното еспресо во повисока шолја или дебела стаклена чаша и ставајте од млекото држејќи ја пената со лажичка. Пената искористете ја за врвот од кафето. Декорирајте со цимет и додадете шеќер по вкус.


Желе-кафе

Потребни состојки:
120 ml ладна вода
415 ml штотуку сварено еспресо (8 супени лажици кафе и 470 ml вода)
415 ml засладено кондензирано млеко
80 грама желатин
3 супени лажици Kahlua или друг ликер од кафе
Начин на подготовка:
Најпрво подгответе го кафето во машина за еспресо. Потоа во еден голем сад сипете ја водата.Истресете ги кесичките со желатин во водата и мешајте за да се изедначат состојките.Треба одма да почне да се згуснува.Оставете го да постои 10 минути, за да стане меко и еластично како гума.Додадете го топлото сварено еспресо во желатинот.Со мешалка за јајца убаво промешајте за да се изедначи желатинот со кафето.Додадете го засладеното кондензирано млеко и нежно мешајте за да се соедини со желето.Во смесата додадете Kahlua или некој друг ваш омилен ликер кој оди со кафе како на пример Amaretto, Frangelico и др.Промешајте нежно за да не ви се направат премногу меурчиња.Подготвената смеса сипете ја во стаклена тава. Тавата нема потреба претходно да ја мастите или обложувате со хартија бидејќи желето не се лепи за стакло.Ставете ја тавата во замрзнувач и оставете ја внатре неколку часа, додека смесата не се стегне убаво. Доколку забележите дека се створиле многу меурчиња на површината, ставете го садот 20 минути во фрижидер за да се одмрзне малку и потоа отстранете го горниот слој со лажица.Кога вашето опијането желе од кафе ќе биде подготвено, треба да изгледа вака.Исечете го на коцки или дадете му уникатен облик со некое интересно калапче и послужете го во хартиички за колачиња.



Еспресо Мартини

Страствен кафеџија и љубител на коктели се две особини кои се кријат во секого од нас. Овој пијалак е исто што и млекото за мали деца. Јакото еспресо и чистата вотка се надополнуваат совршено, а уште кога тоа ќе се сервира во чаша за мартини, забавата може да започне.
За да го направите овој кафе коктел потребни ви се:
30 ml оладено еспресо
15 ml ликер од кафе
30 ml квалитетна вотка од ванила
15 ml Baileys
Во шејкер за коктели ставете ги сите состојки, додадете неколку коцки мраз и мешајте се додека не се соединат состојките и течноста стане ладна. Коктелот претурете го во чаша за мартини и декорирајте го со неколку цели зрна кафе.










Турско кафенце


Tурското кафе или Turk kahvesi е верен придружник кое секое утро не расонува и подготвува за предизвиците кој ги носи денот. Неизбежна е неговата подготовка и послужување кога ќе ви дојдат гости. Со локум, некое крцкаво колаче или само со две три коцки шеќер, турското кафе е препознатливо насекаде низ светот по неговата силна арома, густиот кајмак на врвот од шолјата и неверојатниот вкус кој никогаш не може да се заборави.

Ако одите во Турција и сакате да нарачате турко кафе по ваш вкус, еве како да го направите тоа на турски јазик:
Turk kahvesi Sade - Горко турско кафе
Turk kahvesi Orta - Турско кафе со малку шеќер
Turk kahvesi Sekerli - Многу благо турско кафе
Сите го правиме турското кафе на различен начин. Некои чекаат водата да зоврие, па потоа го ставаат кафето, а некои пак го ставаат кафето пред да зоврие водата.
За да направите оригинално турско кафе, важно е да се знаат две работи. Прво, турско кафе се прави со деликатно смелени зрна кафе (пофино сомелени од еспресо) и варењето на кафето е најважниот момент од целиот процес на правење на кафето.
Еве како да направите оригинално турско кафе, до толку оригинално што ќе се чувствувате дека се наоѓате во ориентален кафе-бар во некој дел од Турција:

1. Купете квалитетно, одлично смелено и добро испечено турско кафе Арабика (ако имате направа за мелење кафе, подобро би било сами да ги смелете зрната кафе).
2. Земете бакарно ѓезве или на турски cezve и наполнете го со вода, која претходно сте ја измериле во шолјата во која ќе го пиете кафето.
3. Во водата ставете две лажички кафе и шеќер, ако го пиете благо кафето. Мешајте додека не се соедини.
4. Ѓезвето ставете го на рингла со средна топлина. Ова е моментот кога целото внимание треба да го насочите кон ѓезвето со кафе. Во ниеден момент не мешајте со лажичка.
5. Кога кафето ќе почне да врие, ќе забележите како пената избива на површина. Тогаш, тргнете го ѓезвето од ринглата и почекајте да спласне пената. Потоа, повторно ставете го ѓезвето на ринглата и почекајте пак да избие пената.
6. Во шолјата за кафе, ставете малку од кафето и пак ставете го на ринглата додека повторно не избие пената и така повторувајте три пати додека не го истурите целото кафе во шолјата.

Турското кафе се служи жешко, во мала шолја за кафе и чаша ладна вода. Прво се пие една голтка вода па потоа се пие голтка од кафето. Водата всушност помага да се неутрализира вкусот во вашата уста за секој пат кога ќе пробате голтка од кафето да го почувствувате неговиот вистински вкус.
Вистинска умешност е да се знае кога точно треба да се престане со пиење на кафето, за да не се случи да голтнете малку од кашестиот остаток, кој паѓа на дното на шолјата. Кога ќе дојдете до тој дел, кој секако не се пие, не го фрлајте. Еве како да го искористите талогот од вашето испиено турско кафе. А пред да го искористите, превртете ја шолјата, почекајте да се исуши и со пријателите толкувајте ги фигурите исцртани на дното.





Капучино колачиња




Потребни состојки:
2 филџани саморастечко брашно
? филџан ванилин шеќер
1 филџан млеко
2 супени лажици еспресо во прав
? филџан стопен путер
1 јајце
? филџан издробено чоколадо за готвење како чипс
зрна од кафе
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 190° C. Подгответе 12 хартиени калапчиња за колачи. Ставете го путерот во тавче и полека мешајте го на ниска температура додека се стопи. Потоа, тргнете го од ринглата и оставете го малку да се олади. Во меѓувреме, во длабок сад сипете ги брашното и шеќерот. Во друг сад ставете го јајцето, млекото и еспресото во прав и мешајте со лажица додека кафето се изедначи. Подготвената кафе-смеса додадете ја во садот кај што се брашното и шеќерот, а потоа и стопениот путер. Мешајте додека се соединат состојките. Потоа, додадете ги чоколадните парченца и повторно промешајте, но кратко. Кога ќе завршите со изедначувањето на смесата, поделете ја на еднакви колачиња во форма на бомбици. Декорирајте ги со зрна од кафе и ставете ги да се печат 15-20 минути. Можете да се уверите дека се готови кога со чепкалка за заби ќе боцнете едно колаче и таа глатко ќе помине низ него. Извадете ги колачите од рерна и оставете ги 5 минути да се оладат.



Врв од капучино
170-220 грама маскарпоне сирење
1 супена лажица ванилин шеќер
? супена лажица еспресо во прав
? чоколаден чипс
Во длабок сад ставете ги италијанското сирење маскарпоне, шеќерот и еспресото и толчете со толчник додека не се измешаат убаво. Подготвената смеса распределете ја на секое колаче и на крајот декорирајте со чоколаден чипс.




Кафе за 60 секунди




Потребно време за подготовка: 60 секунди
Потребни состојки:
200 ml оладено филтер кафе (подготвено претходниот ден)
100 ml млеко
неколку капки екстракт од ванила
2 -3 коцки мраз
Начин на подготовка: Во голема чаша ставете ги кафето и млекото. Капнете неколку капки екстракт од ванила и промешајте. На крајот, ставете ги коцките мраз. На здравје брзо кафе.
 

Podem

Староседелец
15 февруари 2012
363
356
1,063
300.000.000 BC
Кафе со ореви
Потребно време за подготовка: 5 минути
Потребни состојки:
2 dl варено филтер кафе
1 лажица мелени ореви
Начин на подготовка: Во шолја за кафе се ставаат мелените ореви. Потоа врз нив се налева врелото филтер кафе и се промешува.
Ледени кафе снегулки (Iced Coffee Slush)
Потребно време за подготовка: 10 минути
Потребни состојки:
60 ml варено кафе
25 g шеќер
80 ml млеко
Шлаг (по избор)
Половина екстракт од ванила
Начин на подготовка: Во чаша сипете ги вареното кафе и шеќер и потоа ставете ја во замрзнувач. Оставете ја внатре се додека не се растопи шеќерот и излади кафето. Потоа додадете го млекото, екстрактот од ванила и на врвот шлагот и повторно вратете ја чашата во ладилникот. Извадете ја напивката од замрзнувачот неколку часа пред да ја сервирате. Дробете ја смесата додека не стане кашеста.
Ледено лате од карамела (Iced Caramel Latte)
Потребно време за подготовка: 10 минути
Потребни состојки:
80 ml варено еспресо
15 ml сируп од карамела
25 g бел шеќер
100 ml млеко
6 коцки мраз
Шлаг (по избор)
Начин на подготовка: Ставете ги еспресото, сирупот од карамела и шеќерот во блендер и оставете ги убаво да се измешаат, додека да се изедначи смесата. Потоа сипете го млекото и коцките мраз и продолжете да ги мешате во блендерот додека да стане смесата мазна и пенлива. Содржината истурете ја во чаша за кафе и украсете ја со шлаг.
Лате од ванила (Vanilla Latte)
Потребно време за подготовка: 10 минути
Потребни состојки:
200 милилитри млеко
30 милилитри сируп со вкус на ванила
45 милилитри топло еспресо
2 грама цимет
Начин на подготовка: Најпрво, млекото загревајте го на тивка температура додека не стане пенесто. Во шолја за кафе ставете ги сирупот и топлото еспресо. Откако млекото ќе се загрее, сипете го во шолјата, притоа држејќи ја пената со лажичка. Пената искористете ја за декорација и врз неа нанесете цимет.
Ирско кафе (Irish coffee)
Потребно време за подготовка: 5 минути
.Потребни состојки:
40 ml ликер од ирски крем
20 ml ирско виски
200 ml топло варено црно кафе
Шлаг пена
Морско оревче (по желба)
Начин на подготовка: Во висока стаклена чаша за кафе, искомбинирајте ги ликерот и вискито, а потоа додадете го топлото кафе. На врвот нанесете ја шлаг пената и морското оревче. Уживајте…
Лате со шмек на тиква (Pumpkin spiced latte)
Потребно време за подготовка: 10 минути
Потребни состојки:
230 милилитри топло зовриено млеко
5 грама шеќер
1 милилитар екстракт од ванила
2 грама зачин од тиква
50 милилитри јако црно кафе
Шлаг пена
15 милилитри сируп од карамела (по избор)
Начин на подготовка: Млекото, шеќерот, екстрактот од ванила и зачинот од тиква ставете ги во блендер и мешајте додека не добиете пенеста смеса. Смесата ставете ја во шолја и врз неа додадете го црното кафе. Декорирајте со шлаг пената и нежно нанесете малку зачин од тиква врз неа.
Бразилски кафе колачиња (Brazilian Coffee Cookies)
Време на подготовка: 20 минути
Потребни состојки:
110 грама кафеав шеќер
100 грама шеќер
1 јајце
10 милилитри екстракт од ванила
20 милилитри млеко
250 грама брашно
5 грама сол
1 грам сода
1 грам печиво
10 грама инстант кафе
Начин на подготовка: Загрејте ја рерната на температура од 200 Целзиусови степени и обложете ја тавата со пергаментна хартија. Во голем сад ставете ги кафеавиот и белиот шеќер, јајцето, екстрактот од ванила и млекото и мешајте додека смесата не стане пенеста. Во друг сад ставете ги брашното, солта, печивото и инстант кафето и на крај додадете ја смесата што претходно ја измешавте. Со миксер мешајте додека не добиете темелна хомогена смеса.
Откако ќе го направите ова, направете идентични кружни форми или доколку имате калапи можете да направите различни видови креативни колачиња. Направените форми наредете ги во тавата и печете 10 минути на температура од 200 Целзиусови степени, додека колачињата не ја добијат потребната светло кафеава боја.
Кафе пијалак со Бејлис и овошен сладолед (Bailey’s Sundae Cofee Drink)
Време за подготовка: 7 минути
Потребни состојки:
250 ml црно кафе
Сладолед од ванила
60 ml Ирски крем
Начин на подготовка: Во голема чаша ставете топка сладолед од ванила и полијте ја со ирски крем, додека не се обои. Потоа наполнете ја половината од чашата со варено црно кафе. По ваш вкус додадете млеко, шлаг, шеќер или повеќе Ирски крем.
Лесно ледено кафе (Easy Iced Coffee)
Време за подготовка: 5 минути
Потребни состојки:
2 лажици инстант кафе
1-2 лажици шеќер
1 dl топла вода
1 dl ладно млеко
6 коцки мраз
Начин на подготовка: Во мешалка за коктели (шејкер) ставете ги топлата вода, шеќерот и инстант кафето. Протресете неколку минути додека не добиете пенлива смеса. Потоа во голема чаша од 3dl ставете ги коцките мраз, и истурете го кафето од шејкерот. На крајот додадете го млекото во чашата и декорирајте со чоколаден прелив или шлаг по вкус.
 

Succubus

Истакнат Член
28 февруари 2012
562
835
393
under your skin.
ооооо, ти благодарам за трудот, мислам дека вреди волкав труд за кафе!! ^_^
 

Minella

Активен Член
15 февруари 2012
171
171
43
Pust ostrov
Не сум некоја кафеџика , ал кога сум имам добро друштво кафе Лате или Нескафе ,иначе со Турското кафе сум оддамна скарана :kafe
 

Podem

Староседелец
15 февруари 2012
363
356
1,063
300.000.000 BC
Абе не сум господ, ама сум голем фан на кафето, и сум собирал рецепти од по секаде:))))
 

street_chic

Староседелец
14 февруари 2012
1,433
3,678
723
Portofino, Italy
Пијано капучино

Потребни состојки:
*100 мл инстант кафе
*70 мл пола пола(млеко и слатка павлака)
*30 мл ликер од чоколадо
*25 мл рум
*25 мл коњак

Начин на подготовка:
Сите состојки сипете ги во метален сад и ставете ги на загрена рингла. Измешајте ги убаво и оставете да се загреат. Откако ќе се соединат и загреат, сипете ги во широка шолја и декорирајте со малку цимет.

Чоколадно кафе со мед

Време на подготовка: 10 минути

Потребни состојки:
*80 мл еспресо
*1 супена лажица мед
*1 супена лажица какао
*шлаг
Начин на подготовка:
Во ниска шолја ставете ги медот и какаото и убаво промешајте ги. Одозгора сипете го еспресото и млечната пена. На врвот додадете малку шлаг и декорирајте по избор.​
Топла мока од карамела
Потребни состојки:
*150 мл топло инстант кафе​
*30 мл сируп од карамела​
*20 мл чоколаден сируп​
*50 мл млеко​
*шлаг​
Начин на подготовка:
Топлото кафе и сирупите од карамела и чоколадо помешајте ги и ставете ги на загреана рингла. Убаво мешајте ги додека состојките не се соединат. Згуснатото кафе сипете го во шолја, одозгора додадете го млекото, а декорирајте со шлаг и карамела.​