Катакомбите во Париз

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
На плоштадот Данфер - Рошро во Париз постои влез кој води во подземната
гробница наречена Париски Катакомби.
Овие катакомби се состојат од долги подземни ходници - остатоци од некогашните рудници, каде се сместени коските на многу покојници, пренесени овде од старите париски гробници кои се одстранети. Катакомбите се направени во реновирани делови од големата мрежа на подземни тунели кон крајот на 18 век, а станале туристичка атракција од мали размери во раниот 19 век, и се постојано отворени за јавноста од 1867 година.

Многу од црквите во Париз имале свои гробишта, но со зголемување на популацијата, се намалувал просторот за гробишта, исто така се ширеле зарази и непријатна миризба од постоечките гробишта поради несоодветното погребување и отворените масовни гробници. Затоа во 1786 година било предложено да се употребат подземните тунели останати како дел од подземните каменоломи. Почнале да се прекопуваат надземните гробишта и коските на починатите биле пренесувани во катакомбите и редени едни врз други, така што не постои начин да се знае чии се.

Најверојатно во катакомбите се наоѓаат остатоците од многу жртви на Француската Револуција како Робеспјер, Дантон, Лавоазје и други.


Некој да сака да иде на викенд тука? :D

Иначе е едно од Топ 5 најморничави места во светот.

Што мислите вие за овие катакомби? Дали треба пак да се затворат? Дури има и филм за овие катакомби....

Дури и некои луѓе се губат тука..... (:|
 

Snow

Староседелец
29 април 2012
677
440
1,073
Марс
Некој да сака да иде на викенд тука? :D
Дури и некои луѓе се губат тука..... (:|
Јас би отишол ако имам можност..

Де објасни ми како може човек да се изгуби..
Оде, оде и одеднаш го снема.. Дај не гледајте филмови еб:cenzuraго.
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Никако да се затворат, тие се дел од историјата, има доста поврзани со уметноста и археологијата. Секако дека би идела, но со некој кој добро ја познава. Иначе да, може да се изгубиш и тоа како, бидејќи тие се мрачни лавиринти под земја.
П.С. Имаме и ние една катакомба во Скопје: Беверли Хилс. :giggle
 

Caci

Истакнат Член
15 февруари 2012
876
1,104
393
31
Струмица
се надевам дека еден ден ќе одам да ги посетам, никако не треба да се затворат, интересни се за посета, ја покажуваат историјата...