Карневал Прочка - Прилеп 2012

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
Меѓународен прилепски карневал ПРОЧКА
km7ic.jpg

Во Прилеп на Прочка, демоните од под земја ќе допатуваат.
По улици и сокаци ќе шетаат, ќе плашат минувачи,
откуп за живот ќе бараат, со стапови ќе маваат,
секој удар еден плод и блосооење за бериќет и род.
Да не посетат на минливоста на животот и повторното раѓање.
Тој ден во Прилеп секој може да биде што сака
Од човек - камила, од старица - дете, од маж - невеста,
од просјак - цар, од мечкари - дар мар.
Прочката е приказ на хаосот, од кој светот настанал,
ден за многу мајтап, страв и приказна.
Не дозволувајте други да ви прикажуваат, дојдете сами и видете.
Но не се правете курнази, оти овде има и покурнази.

Драги пријатели на карневалот
Прилеп е градот домаќин на 32 Меѓународна конвенција на европските карневалски градови FECC, која ќе се одржи во периодот од 26 мај до 03 јуни 2012. На ова годишно собрание учество земаат делегати од повеќе земји од Европа и Светот.
Прилеп со својата модерна инфраструктура и гостопримството е отворен да организира незаборавен конгрес.
Сите потребни информации, вклучувајќи ја програмата и пријавата ќе ги најдете на следниот линк: Притиснете тука за пријава и повеќе информации...
karneval.jpg






 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ipopovski

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
ПРОГРАМА
НА
МЕЃУНАРОДНИОТ ПРИЛЕПСКИ КАРНЕВАЛ
ПРОЧКА 2012
Локалната самоуправа на општина Прилеп и Здружението Прилепски Мечкари по дванаесетти пат традиционално го организираат Меѓународниот Прилепски карневал „Прочка 2012“.
Програмата ќе се одвива на следниот начин: Види Повеќе:
ПРОГРАМА
НА
МЕЃУНАРОДНИОТ ПРИЛЕПСКИ КАРНЕВАЛ
ПРОЧКА 2012
Локалната самоуправа на општина Прилеп и Здружението Прилепски Мечкари по дванаесетти пат традиционално го организираат Меѓународниот Прилепски карневал „Прочка 2012“.
Програмата ќе се одвива на следниот начин: Види Повеќе:
СРЕДА 22.02. 2012 г.
Прес конференција и промоција на Прилепскиот карневал во просториите на Локалната самоуправа со почеток во 11.00.
ЧЕТВРТОК 23.02.2012 г.
Припрема на изложбата на детски цртежи и маски во фоајето на Центарот за култура „Марко Цепенков“.
ПЕТОК 24. 02. 2012 г.
10 - 12 - Пријавување на учесниците во Центарот за култура „Марко Цепенков
12.00 часот - Свечено отворање на изложбата на детски цртежи и маски во фоајето на Центарот за култура „Марко Цепенков“и доделување на награди за најуспешните.
САБОТА 25. 02. 2012 г.
10 - 12 - Пријавување на учесниците во Центарот за култура „Марко Цепенков
Од 12 – 15 на големата бинана плоштадот – Најава на Карневалот и парада низ центарот на градот соMажуретки, Mечкари, Жонглери, Куклари, Кловнови, Штулари, Живи статуи.
22.00 – Забава на плоштадот со Концерт на „The Hounds“ и „Паркети“–присутните ќе бидат почестени со варено вино, топла ракија и чаj
Забава под маски во Апореа, Вирус, Мираж, Табу, Кавали, Леоне, City pub….
НЕДЕЛА 26. 02. 2012 г.
08 – 12 - Пријавување на учесниците во Центарот за култура „Марко Цепенков
13 – Дефиле на маски
Водители: Игор Трпче и Наташа Наумоска

16.30 – 17.00 Доделување на награди
Жири комисија:
Ели Милошеска Тони ЧатлескиСофија Грабулоска
Марјан Матракоски
Хилда Црнеска
20.00 – прием на странските делегации и дегустација на национални месени производи - Ресторан Липа
21.00 - Маскенбал со Концерт на „Crossroad Blues Band“- Ресторан Липа
Забава под маски во Апореа, Вирус, Мираж, Табу, Кавали, Леоне, City pub….


Ако сте по карневали еве еден добар.. ;) VIA: http://www.karnevalprilep.mk
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: mAcIkA

Angiie

Истакнат Член
16 февруари 2012
506
639
93
Тоа датумот за недела грешка ќе да е. 26.02.2012 би требало да стои :D