Карма

Alaysa

Полноправен Член
17 декември 2015
68
15
18
Вака незнаев дали да ја ставам темава во Религија или Психологија, па се одлучив тука. Последно време стана актуелна, па како што приметив немаше ваква тема :D Денешниве психолози им помагаат на лугето според нивната карма со помош на хипноза, откривајќи им ги грешките во прошлиот живот и која е нивната задача во овој свет. Се вели дека човекот минимум има 3 најглавни задачи во земјата и тоа се: 1. Да роди дете, 2.Да засади едно дрво и 3.Да изгради една куќа/свој дом.
Па дечки дали вие верувате во карма, да или не, и која е причината за вашето мислење
:)
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Кармата е кучка,ама има некоја вистина во тоа.Што викаат старите кај нас:
"Што сееш тоа и ќе жнееш" па така е и со кармата.

Психолозите не треба да им ги откриваат грешките на луѓето во прошлиот живот туку во овој живот..
Не верувам дека постојат некои поранешни животи.
Повторно начин за правење пари и за заблудување на луѓето.
Кармата е она што ни се враќа како Feedback,на делата кои ги чиниме.Прави добро и ќе ти се врати,прави лошо и лошо ќе те снајде.Самите си ја коваме кармата,не за во некој друг живот туку за овој.Како ќе се однесуваш со луѓето така и тие со тебе.Некое огледало на случувања кое е лично наше.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: cakar_ulav and Prashina

Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,102
969
1,133
Во некој сплет на околности секогаш тоа што е лошо и го направиш на друг ќе ти се врати, па може и ќе те потсети на случката.
Не може да се избегне, ниту пак некој да каже дека никогаш нешто лошо не му се случило, а цело време правел лоши работи.
Кармата најјако делува кај луѓето што мислат дека можат да си играат со чувства. Кога најмалку очекуваат ќе му врати на ист или сличен начин како кога тие пробале да повредат. Прејако нешто. Бог тешко да постои ама затоа карма си постои и кога мава јако мава и не ќе знаат што ги снајде. Ќе се каат и ќе плачат. Тоа е кога не знаат да превземат одговорност за своите акции.
Karma is a bitch so shut up and take it :zelen(star).
 

Stojne

Староседелец
29 јануари 2015
394
138
1,053
Не е све во раѓање деца и садење дрво.И да не родам деца,од било која причина,не ми е само во тоа животот.Има и други работи,на пример некој се решава на постојана активација во волонтирање,поточно во добротворни цели.
Не мора ниеднаш да сади некој дрво,ако сам нема свест.Не е свеста за еден ден,дека треба да се чува околината чиста,а после фрлај ѓубре насекаде.Ако се води некој по тие нелогични убедувања,останува назад и тапка во место.Не напредуваат тие луѓе.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Мех, некогаш сакам да верувам дека постои, но сепак рационалното во мене вели дека самите си наоѓаме ситуации кои ги нарекуваме карма.
Сечиј живот е полн со успони и падови и секому може да му се случи нешто што не би можел ни да го сонува.
Сметам дека карактерот игра огромна улога во ова. Ако си добра личност која прави добро, пологично е и другите да ти враќаат со добро. Ако си идиот, не може да очекуваш патот да ти се позлатува и сите да те чекаат со длабок наклон (океј, има и вакви социопати, но сепак...).
Болести, сообраќајки или не знам „враќање на 8мо колено“ ми се безвеза, посебно последното. Најглупаво е задоволно да си мислиш дека кармата го стигнала внучето (hehe kajsto boli vo najmiloto) за нешто за кое дедото ти згрешил во '68ма.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Јас долго одбивав да признам дека постои нешто као Судбина, во недостаток на подобар збор.
Се работи за бранови, слични како морските кои го носат човека наваму-натаму со минимален избор кој поединецот го има. Тие бранови кои не носат низ животот се судираат со други бранови на кои се наоѓаат други луѓе и така доаѓаме до контакти и интеракции.
Пример, еден бран е каде си се родил. Бранот на географската положба веќе те носи во одредена насока. Чак и во рамки на иста земја има огромни разлики од место до место на раѓање. Па потоа пол, висина, лепота или lack there of, боја на очи, коса, структура на тело, ДНК наслеџе од секаков тип (позитивен и негативен), генетска склоност кон карактерни црти и уште милион суштествени ствари над кои поединецот немал и нема никакво влијание.

Сеуште ми е нова оваа мисла со брановите, но по секоја цена сакам да знам како тие се формираат, па макар тоа сознание дошло после 21565 години што се вели :D

Дури и слободните избори како партнер/ка или друштво се во голема мера детерминирани од рано и средно детство, комплекси, трауми, психологии, од генетски предодредени склоности (пример јас не можам сексуално да се возбудам на жени со плава коса, не знам зошто, ми делуваат некако аморфно) па до ПТСД.

Не постои ни карма ни дарма, тоа се источњачки глупости кои се наменети за да објаснат свет но не само што фејлнуваат туку се и штетни. Кога би бил диктатор би поапсил све овие секти и друштва на источњачка основа, само шират глупости и игноранција, све то иде под мач бато :D
Па и абрахамските глупештини за плаќање цехови до 3 и 4 колено, каква е таа семоќна и сезнајна сила која не може да го казни Петко лично и персонално него чека негов пра-правнук да му мавне аутизам или даунов синдром, мислам сериозно, такви монструозни измишљотини треба да се казниви.

Има многу што да се каже на ваква тема, иако карма не постои тоа не значи дека не треба да се каже зошто не постои.

Riding the right wave, but how? :)