Министерството за внатрешни работи започна со примена на проектот “Безбеден град“, односно со системот на безбедносен видео надзор на улиците низ Скопје.
Видеото подолу е компилација на дел од досега регистрираните прекршоци меѓу кои најчести се оние за погрешно паркирање.
Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, ги презентираше и дописите кои сопствениците на возилата го добиваат од МВР.
„Истите содржат фотографии од возилото на местото и во времето на чинењето на прекршокот, како и соодветен поднесок од страна на сообраќајната полиција, а се испраќаат на адреса на сопственикот на возилото без разлика дали е приватно или службено. Првите поднесоци ги доставуваа полициски службеници, но не е исклучено во иднина истото да го правиме преку Македонски пошти или на друг начин“, рече Јанкулоска.
Досега се регистрирани и доставени околу 150 поднесоци, а поголем број се’ уште се во постапка. Меѓу регистрираните прекршоци, соопшти Јанкулоска, најчести се оние за погрешно паркирање, но камерите на сообраќајниците регистрирале и посериозни непочитувања на сообраќајните правила. Казните за ваквите прекршоци изнесуваат од 50 до 300 евра во денарска противвредност, но, рече министерката, како што е најавено наредниот период нема да се казнува, туку само превентивно ќе се предупредува.
Јанкулоска информираше дека меѓу првите на кои досега им биле доставени предупредувања се двајца познати професори на факултети и селектор на една од македонските национални репрезентации.
Министерката изјави дека се работи на воспоставување во функција и на камерите во Тетово и апелираше до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат до правилата и прописите, бидејќи ќе има засилено присуство на полицијата на автопатиштата во текот на летово со оглед на редовното зголемување на фреквенцијата во текот на годишните одмори.
„Во тој контекст би кажала дека мапата на радарските контроли која ја објавивме минатата година, останува на важност и оваа, а на располагање на возачите е и апликацијата ’Внимавај радар’ која што ја изготви Министерството за информатичко општество“, рече Јанкулоска.
сега казните мвр ќе ги пишува врз основа на видео снимка
добра е или лоша практика што мислите вие ??
http://www.taratur.com/node/34422