1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Камери за набљудување на сообраќајот...

Дискусија во форумот 'Авто-мото' започната од Maks, 8 март 2012.

  1. Maks

    Maks Староседелец

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    1,363
    Допаѓања:
    1,863
    Што мислите за нив? Дали се потребни во нашата Држава низ сите градови и автопати?:)
     
    На Hexasto и Hip.Hop_MKD им се допаѓа ова.
  2. Hip.Hop_MKD

    Hip.Hop_MKD Староседелец

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    2,192
    Допаѓања:
    3,931
    Потребни се иако сега за сега тие што се поставени не се во функција..
     
    На Bum-Bum, Hexasto и Maks им се допаѓа ова.
  3. Hexasto

    Hexasto Истакнат Член

    Зачленет на:
    16 февруари 2012
    Мислења:
    1,082
    Допаѓања:
    1,631
    Потребни се и тоа итно..ова сообраќајнава култура е на рекордно ниско ниво више не се издржува..
     
    На Maks му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Шмекси

    Шмекси Истакнат Член

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    1,130
    Допаѓања:
    1,066
    Мислам дека тие камери се поставени само за увид на сообраќајки и слично.Тие не се радари за мерење на брзина.Бар така знам :D
    А тие камери што ги ставија мислам дека работат.
     
    На Bum-Bum и Maks им се допаѓа ова.
  5. Maks

    Maks Староседелец

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    1,363
    Допаѓања:
    1,863
    Тие камери се поставуваат за увид на сообраќајки, недозволено поминување на црвено светло и секаков друг прекршок што може да се забележи на нив:)
     
  6. ipopovski

    ipopovski Админ
    Член на администрација

    Зачленет на:
    30 септември 2011
    Мислења:
    1,738
    Допаѓања:
    2,348
    Ве советуваме од денес повеќе да внимавате како возите во главниот град! Од денес работат безбедносните сообраќајни камери во Скопје!

    Дневник пренесува дека од денес, 7ми Мај 2012-та година работат сообраќајните камери во главниот град. Поставени се над 100 камери на главните локации и сообраќајници во градот, и преку нив ќе бидат снимани несовесните возачи и казните ќе им бидат испраќани директно на домашната адреса.
    Според надлежните има камери кои се фиксни, но има и камери кои снимаат и 360 степени, но и камери кои можат да снимат до најситни детали. Ќе се ловат сообраќајните прекршоци – поминувањата на црвено, непропуштањето пешаци, непрописното престројување, итн. Казните со доказниот материјал ќе бидат испраќани на домашната адреса на престапниците.

    [​IMG]

    Но покрај казните, се најавува дека со камерите ќе се следи протокот на сообраќај во главниот град и дека со нивна помош ќе се оптимизираат зелените бранови низ градот со цел полесно минување низ центарот и намалување на сообраќајните гужви. Според експертите, времето потребно за стигнување од една до друга локација во градот би можело да се намали за една четвртина, а со тоа да се намали и потрошеното гориво.
    Според законот, снимените материјали ќе се чуваат до шест месеци, а потоа ќе бидат уништени, освен оние материјали кои се користат како доказ во кривична или прекршочна постапка.
     
    На VULKAN-PEPEL, Maks и JaMi им се допаѓа ова.
  7. 4FUN

    4FUN Староседелец

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    894
    Допаѓања:
    1,986
    сега ке возиме без таблици и со фантомки на глава ... па да видам каде и на кого ке му ги пракаат казните (bandit)
     
    На Maks, JaMi, КрисТина К. и уште 5 други им се допаѓа ова.
  8. Caci

    Caci Истакнат Член

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    872
    Допаѓања:
    1,101
    Ова е од една страна убава работа, значително ќе се намалат сообраќајните несреќи, несовесното возење и.т.н.. но од друга и баш не е, се нарушува едно од основните човекови права, правото на слобода... баш за оваа тема зборувавме и со професорот и тој ни рече дека пред 20-тина години го имало истото и во Германија, и таму настанал хаос од тоа... кога им ги праќале дома дома снимките, а тоа било скриено од домашните, настанувале кавги, а најчести биле разводите, за ако се фатени во колата со друг/а маж/жена... и откога го виделе незадоволството на граѓаните ги извадиле камерите, а притоа за нив потрошиле многу голема сума за пари... така да можно е и тоа да биде кај нас... можеби и не треба да се праќаат тие снимки дома, можеби тогаш ќе е подобро и нема да се доведе и Македонија до истата ситуација како што било и во Германија...
     
  9. 4FUN

    4FUN Староседелец

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    894
    Допаѓања:
    1,986
    нема сликите да се пракаат на домашна адреса ... само казната и поканата за суд - сликите ке бидат како доказ, доколку некој се прави паметен (не бев јас!!! ааа не не, јас не поминав на црвено - јас само на плаво возам) :ladno
    така да, Цаци слободно швалерисувај се ... никој нема да дознае (bandit)
     
    На Caci и Sugar им се допаѓа ова.
  10. Alix

    Alix Полноправен Член

    Зачленет на:
    18 февруари 2012
    Мислења:
    28
    Допаѓања:
    44
    сега ќе ми биде страв да го отворам поштенското сандаче(bandit)
     
    На 4FUN му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели: