Како на некого да му ја ќарите девојката

Статус
Затворена за нови мислења.

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
1,001
602
423
Ohrid
Живееме во Македонија, држава во која примат е да бидеш во врска и да си во потрага по иста. Ги има разни. Убави, раскошни, богати, влакнести, мутирани но сите кои вредат ги врзува една единствена заедничка работа: имаат дечко! Во спротивно да нечинат би биле сами. А и кога чинат и прекинат врска минимум 6 месеци закрепнуваат.Затоа сите вие кои сонувате да ќарите нечија девојка, научете го текстов напамет. Па можеби ќе ви помогне.
Девојките се, некојси 749 пати попаметни, похрабри, поголеми сплеткари од машките. А каде се тука мажите? Ние сме многу по неспособни , но ако некој сака да проба некои оригинални методи, можете тоа да го направите на следниве начини:

• На сила: Кога ќе видиш некоја интересна девојка како се мачи со некој папак, приоѓаш и и велиш: Девојко, тебе ти треба енергија, брзо возење во моето BMW и 20 сантиметри свежо месо, многу повеќе од овој кретен до тебе. Притоа сето ова што ќе го наброиш треба и да го имаш, но сеедно таа нема да одолее на твојата понуда. Во крајна ситуација барем ќе ја бакнеш и ќе дознаеш каде живее.
Кај кој вид девојка ќе запали? Кај блондинка, спонзоруша
Последици: Папакот може да ве измлати, но спонзорушата сигурно ќе ве препорача кај нејзините пријателки.
• На фора: На млад пар во кафуле се претставуваш како сопственик на светски многу позната модна агенција од Милано. Велиш дека си тука дојден на одмор бидејќи неможеш воздух да земеш во Лондон и Париз од досадните новинари и фоторепортери. Но таа некако ти паднала во око. Потоа таа паѓа на штосот и почнува да го моли дечкото, тој гледа шанса за лесна заработка преку неа, а ти вечерва ќе спиеш со една од 20 заинтересирани потенцијални манекенки. При изведување на оваа операција задолжително е да носите со себе некоја лажна визит карта.
Кај кој вид девојка ќе запали? Кај слабичка, без гради, манекенски тип на девојка
Последици: Ако не ја повториш истата приказна повеќе од десет пати во истата вечер во истото кафуле тогаш нема проблем.
• На емоции : И приоѓаш оној момент кога нејзиниот дечко-грамада од два метри и 150 килограми ја оставил на цедило после ситна караница. Ја опсипуваш со нежни зборови од типот: Злато мое, тој е насилник и дивјак: Тебе ти треба некој што ќе те чува и пази, милува и симнува ѕвезди од небото, на кого ќе му бидеш кралица и се во животот! (никако да не се претерува). И тогаш полека но сигурно ти се предава.
Кај кој вид на девојка ќе запали?: Кај спонзоруша со потенцијал да прерасне во лесна женска
Последици: Многу лоши ако те начека дечко и грамадата
На среќа: Среќаваш стар пријател на улица како под рака шета преубав женски примерок. Го прегрнуваш од срце и нафрлаш некоја позната фраза, како на пр: Кај си бе брат, уште ли мокриш во гаќи? или оваа ли е таа што ја збореше дека била перверзна? На овие коментари девојката моментално бега, ти трчаш по неа го срамиш пријателот уште повеќе а на неа и нафрлаш некој комплимент додека сеуште е скршена и ранлива, и тогаш твоја е.
Кај кој вид на девојка ќе запали? Романтична, наивна, несозреана
Последици: Ќе останеш без пријател. А пријатели имаш колку сакаш. Значи во целост безболно
На блеф: Сретнуваш стара пријателка која никогаш не ти се допаѓала додека била сама. Сега одкога има дечко почнуваш да размислуваш дека би можела да биде добра во кревет. Ја начекуваш на само и почнуваш: Ти сериозно одиш со оној кретенон? Не ми се верува, вака никој не ме разочарал до сега. Морам на излезам балкон да земам свеж воздух , да се соземам. Крцкаш со забите, се туфкаш, а кога таа ќе ти пријде да те утеши ти тогаш и даваш француски бакнеж.

Кај кој вид на девојка ќе запали: Грдото пајче од факс кое никогаш не знае да се среди како што треба а кога ќе види дека има потенцијал веќе е прекасно.
Последици: Таквите девојки сакаат веднаш да се венчаат и претпочитуваат секс без презерватив. Нејзиниот фраер во случајов е неважен
• Она те мува тебе, а мислиш дека ти си ја смувал неа
Пристигнуваш на забава, се сместуваш каде што ќе ти каже домаќинката, покрај тебе седи девојка, ти се смешка и разговара со тебе. Доаѓа по неа нејзиниот дечко, таа се истура и вика по него: Колку си само одвратно љубоморен, бегај од мојот живот,не сакам веќе никогаш да те видам! Нејзиниот сега екс дечко ја праќа во п.м., заминува а таа ти плаче на рамо. Ти се заблагодарува што си до неа и полека ги допира нејзините гради до тебе. Ја носиш во соседната соба, водиш љубов со неа, и го меморираш мобилниот број, ти си најсреќниот човек на светот. Наредниот ден сите знаат освен тебе дека на рибата и се допаѓаш веќе еден месец и дека сето тоа било наместено во договор со другарките.
Кај кој вид на девојка ќе запали? Амазонка која знае што сака и тоа и го добива, но брзо се презаситува

Последици: Нема освен ако не дознаеш дека се работи за измама па да си ги кренеш акциите
Тепачка: Прилично си развиен, те нервираат кучиња и црнци, имаш свое гледиште за животот, сакаш да се напиеш и да конзумираш лесни дроги. а од секс ни с. Се возиш со другарите по мрачни улици и бараш жртви. Наидувате на прегрнат пар. Го провоцираш типот до лудило, го предизвикуваш на двобој и кога тој конечно ќе прифати, тогаш ти и твоите десетмина го газите од ќотек. Потоа и се вртиш на девојката и и велиш: Душо јас сум вистинскиот тип за тебе. Е сега ако таа не сака насилници тогаш и неа ја кршите од ќотек и потоа добро ќе се напиете.
Кај кој вид на девојка ќе запали?Ако воопшто постои таква девојка врската ќе трае до крајот на вечерта
Последици: За тебе нема, полицијата и така ја нема кога треба, а и жените се потрошен материјал, што би рекол Македонец во Њујорк кога видел блондинка како паѓа гола од 40 спрат: “ Ех што ти значи стандард, завршиш работа па фрлиш”.
• По мирен пат: Тие двајца седат во ресторан. Седнуваш до него шепнувајќи му на уво ја откриваш тајната на братучетка ти(онаа девојка со преубавото деколте, лице на ангел, што седи на наредната маса) тотално е луда по тебе. Кога тој ќе почне да и се додворува и да ја губи главата, мирно и приоѓаш на неговата девојка и и велиш ‘ Види со какво ѓубре си одела”. Не се секирај, исплачи се на моето рамо.
Кај кој вид на девојка ќе запали? Пристојна економистка или модерна банкарка со изгубено чувство за приватен живот.
Последици: Ќе треба добро да ја исплатиш глумицата од соседната маса и тоа е се.
• Со романтика: Долго се планира, скапо е , ама ако запали...Тоа поладне си открил дека девојката треба да се најде со типот во некој ресторан да ја обележат годишнината, едноставно го наоѓаш некако типот и му подметнуваш рицинус во кафето, сокот или пивото, не е важно во што, важно е само да се залепи на WC шолјата. Типот секако дека ќе касни, девојката изнервирана го чека и тука ти стапуваш на сцена, со целиот свој шарм. Ги бркаш сите гости од ресторанот, ги гасиш светлата, свеќи се палат, и и ја подаруваш најубавата роза на светот и полека но страстно ја бакнуваш. Таа сигурно ќе падне на ова.

Кај кој вид на девојка ќе запали? Онаа која никогаш не го гледала Џони Деп во Дон Жуан де Марко.
Последици: Никогаш повеќе нема да можеш да собереш доволно пари за повторно да и приредиш такво нешто.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
А како ке ви е вам некој да ви ја ќари вашата девојка,м?
ГЛУПОСТИ.
И мислам дека темата не требаше да се отвара ама јас не сум компетентна да кажувам.
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Почнавме и упатство за карење на девојки да прелистуваме.
Ај да бегаме :trcaоти тек дури сега тешко нас. :igra
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
Удварањето на девојки и приодот зависи од местото, просторот и времето. Уствари тоа е пракса а не теорија што може да се научи, само треба да ја сервираш најпогодната реченица за таа ситуација со мали ефекти на хумор (каде нема да си кловн и нема да си смртно сериозен), едноставно биди реален, ведар, насмеан и убав во очите на другите. Лажењето девојки е сосема непотребно, поготово од типот каде се претставуваш како милионер а излегуваш со Шкода Фелиција.
Пс. Не би се радувал на туѓа несреќа, не би расипувал врска на некои при толку сингл девојки.
 

Nighty

Староседелец
24 февруари 2012
727
1,181
1,103
^
Не само тоа, туку под „навала“ сме на статии од нашиве „забавни“ портали (што никнуваат побргу од печурки), во кои не’ учат, советуваат, подучуваат за тоа како до врска за една ноќ, секс на прв состанок, ќарување на туѓа девојка, освојување па откачување на фраерот во градот, врска без обврска, секс на „забранети“ места, секс на што е можно помлади години и што ли уште не...
Човек ќе си помисли две работи:
1. Ние сме едно крајно нискоморално (или безморално) општество;
2. Ај тоа, туку и сме едно крајно интелектуално ограничено општество, па сами не би знаеле ништо од горенаведените работи, па треба да читаме однапред подготвени „експертски“ анализи и препораки... Сешто! -.-
 

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
1,001
602
423
Ohrid
еден голем дел од текстот мислам дека нема врска со реалноста, али нешто од остатокот има по нешто вистина
инаку тема како тема малку да се разбие монотонија на форумов иначе не е кој знае какава тема
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: TIGERWOMAN31SK
Статус
Затворена за нови мислења.