1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Како дa пoмoгнеме кога пoстaвуваaт услови?

Дискусија во форумот 'Хуманитарни акции' започната од belabelina, 2 декември 2014.

  1. belabelina

    belabelina Истакнат Член

    Зачленет на:
    6 ноември 2014
    Мислења:
    94
    Допаѓања:
    25
    Кaкo дa им пoмoгнеме кoгa и нaс ке не oштетaт. Сaкaв дa им пoмoгнaм тaкa штo сaкaв мoите aлиштa што не ги нoсaм дa ги oднесaм вo црвен крст. А тие ми викaт oднесете ги нa хемискo и дoнесете пoтврдa oд таму. Зa дa пoмoгнaм нa некoј ќе си гo испрaзнaм џепoт како мoже тaкa пa фaлa бoгу немa дa им ги oднесaм валкани .
     
    На bonboonka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Electra

    Electra Неонка
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    16 февруари 2012
    Мислења:
    2,047
    Допаѓања:
    6,656
    Јас и ги оправдувам. Океј, можеби не мора дотолку од хемиско да бараат, ама барем исперени и средени, не ко партали згужвани, ко што прави мнозинството.
    Ко помали, доста преку школо збиравме донации, па некогаш беше човека срам да го фати да земе алишта. Наместо во канта, ги донеле за донација - изгужвано, неперено, со флеки, па дури и со дупки. Не знам ни како не им беше срам да донесат такво нешто, сепак донација е да однесеш нешто посолидно, не од сиромавиот да направиш уште посиромав. Големо понижување е тоа и претежно тие никаквите алишта им ги враќавме да си ги фрлат.
    Сигурно дека ретко кој ќе донира нешто гланц ново, ние сме такви што радо ќе го чуваме нештото по дома отколку да го подариме, ама бар онолку колку што ни дозволува душата, треба да пазиме.
    Ги знам луѓето и знам колку се срамат само што се дојдени да земат нешто, па уште да им се дадат глупости, е брука за „големите срца“.

    Не нагаѓам дека ти си однела такви алишта, само кажувам зашто треба да ги сфатиш што имаат одредени барања.
    Некои здруженија самите соберат пари и ги носат алиштата на хемиско, ама еве, некои тоа го бараат и од донорот.
     
    На bonboonka, malo, Y1K991 и уште 7 други им се допаѓа ова.
  3. Altaïr

    Altaïr Shinigami

    Зачленет на:
    23 јули 2012
    Мислења:
    5,752
    Допаѓања:
    2,574
    Е многу ќе си го испразниш џебот, 2-3 пати на кафе нема да одиш.
     
    На -•Lil Lamb•- и malo им се допаѓа ова.
  4. Luckky

    Luckky Upright

    Зачленет на:
    22 февруари 2012
    Мислења:
    2,635
    Допаѓања:
    5,809
    Со сета почит, јас можам да ти кажам дека не е така. Никој до сега не побарал на хемиско да се носат туку да се уредно спакувани, и најбитно од се' да се чисти. И со право е така. Тие алишта се донираат на луѓе кои не се во можност да обезбедат од свој џеб. Низ многу акции сум имала интеракција со луѓе и знаеш, на повеќето навистина им е срам да ја прифатат таа облека до тој степен што тебе ти станува непријатно од тоа што им е срам. Покрај се, на овој начин некако успеава да им се врати дел од достоинството. Какво достоинство ќе вратиш ако некој ти понуди нешто валкано, искинато и замирисано?
    Навистина мора да се има контрола врз облеката што се донира. На индивуални донирања ајде пак повеќе се обрнува внимание, но кога тоа е масовно е навистина хаос. Еве ќе ги спомнам донациите за поплавите во Србија и БиХ. Ние што работевме на препакување во Момин поток се угушивме во прашини, мувли и реа од засушена пот. Не е убаво да зборувам, не пред се' поради оние многумина што тоа го прават на пристоен начин. Но мора да се има некаков критериум и за тоа.
    Не сакам никого да осудувам ниту да напаѓам. Ниту пак коментарот мој е насочен кон тебе и облеката што ти сакаш да ја донираш.

    Мене првенствено би ми било срам на некого да дадам неиспрано, а не валкано и искинато. Никој не бара да се однесе на хемиско, да е штиркано или пеглано, но подобро не давај ништо отколку да го дадеш колку за да си ослободиш место во плакар и да речеш дека си помогнал.
     
    На escape, malo, Y1K991 и уште 9 други им се допаѓа ова.
  5. belabelina

    belabelina Истакнат Член

    Зачленет на:
    6 ноември 2014
    Мислења:
    94
    Допаѓања:
    25
    Фaлa бoгу дека алишта ке ги oднесaм чисти aмa вo Oхрид е тaкa и првo си oдбирaт зa нив штo ке им се дoпaдне си земaт. Немa дa се брукaш дa oднесеш валкани. А кoгa беa пoплaвите ништо не бaрa ни дaли се чисти само собира.

    Не мoже тaкa дa ти пoстaвувaт услови мoже дa ти кaжaт дa ги испереш и испеглaш. А не дa oднесеш пoтврдa oд хемиско, јaс имaм мнoгу aлиштa што не ги нoсaм зoштo тaкa дa стoјaт кoгa мoже некoј дa ги нoси. А и не чини кoлку зa две или три кaфинa пoвеќе кoштa. Тoa треба тие дa се пoгрижaт aкo мислaт декa не се дoвoлнo чисти.
     
    #5 belabelina, 3 декември 2014
    Последна промена од модератор: 3 декември 2014
  6. Аркантос

    Аркантос Romanticist

    Зачленет на:
    23 август 2012
    Мислења:
    2,353
    Допаѓања:
    3,846
    Мое лично искуство: алиштата однесени во Црвен Крст последното место на кое завршуваат е во домот на оние кои што им требаат.
    Подобро лоцирај каде има такво семејство испери, испеглај и однеси таму.
     
    На malo, MoonFairy и belabelina им се допаѓа ова.
  7. Saladin

    Saladin Unbaised
    Член на администрација

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,993
    Допаѓања:
    9,620
    Може подетално да ни` опишеш за лошово искуство? Каде што како поточно?
     
  8. Аркантос

    Аркантос Romanticist

    Зачленет на:
    23 август 2012
    Мислења:
    2,353
    Допаѓања:
    3,846
    2008 година, во просториите на Црвен Крст во Кичево. Сведочев на класифицирање на продуктите во пакетите, а бидејќи претходно секогаш сум донирал во Црвен Крст се заинтересирав и истражував - средствата за лична хигиена, храната, подобрата облека си ја делат, остатокот завршува кај сиромасите.
    Не зборувам на памет, реалност е, и токму поради ова се згрозив од сите такви институции, па колку и да се праведни некои од нив...
     
    На MoonFairy, JaMi, existence и уште 4 други им се допаѓа ова.
  9. belabelina

    belabelina Истакнат Член

    Зачленет на:
    6 ноември 2014
    Мислења:
    94
    Допаѓања:
    25
    Сето ова е точно братучетка ми работеше добротворно во црвен крст и таа ми казжуваше што прават.А тоа дека донират храна да ама со поминат рок.Така е и со облеката никој од нас што сака да донира нема да однесе скината, или валкана можеби не сме толку многу богати ама богати сме во душа некои, не сите. А за овој проблем треба сите да знат и за се што прават за да може секој на свој начин да помогне.
     
  10. alba

    alba Староседелец

    Зачленет на:
    15 март 2012
    Мислења:
    1,426
    Допаѓања:
    2,014
    E вакво нешто се случи во мојот град баш кога беа поплавите во Србија и БиХ пакетите со вода си ги поделија за друго незнам.
     
    На Prashina му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели: