Како да предизвикате љубомора кај бившиот?!

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
Не е пожелно да барате утеха во ова, но ако искушението е премногу големо тогаш ајде да почнеме…
84006170146896beab6d7c659087424_extreme.jpg

  • Најдобриот начин е да му покажете дека живеете добро и без него. Вистинската среќа се чита на лицето, но сега во вашата ситуација откако сте преживеале болка при разделбата, ќе треба да го искористите актерскиот талент, да си „залепите“ широка насмевка на лицето, секогаш кога сте во негово присуство.
  • Не престанувајте да се грижите за себе, да спортувате, да имате социален живот. Вашите заеднички пријатели и познати ќе го информираат (секако) за тоа колку добро се одразила на вас разделбата.
  • Воздржете се од поставување на депресивни статуси на фејсбук. Можете да ја искористите социалната мрежа за да му покажете на бившиот дека животот за вас продолжува, поставувајќи информација за местата кои сте ги посетиле и за луѓето со кои сте се запознале.
  • Секогаш изгледајте добро – дури и преку ден на кафе, за да сте спремни за евентуална средба со него. Освен тоа, кога сте средени, вашата самодоверба расте. Тој треба да види каква жена изгубил…
  • Кога ќе се сретнете, обидете се да не покажувате колку многу сеуште ве привлекува. Но не се однесувајте и ладно, зошто тоа исто така ја издава болката и разочарувањето од разделбата. Бидете сосема природна и насмеана, како што сте со вашите пријателки.
  • Секогаш вие бидете таа што прва ќе стане, ако сте во друштво со него. Најдобро е да кажете дека сте закаснале за некаде без да давате детали.
  • Не го прашувајте за планови за неговота блиска или далечна иднина. Така ќе сте многу поуверлива дека веќе не се интересирате од неговиот живот.
  • Најдобрата тактика да ја надминете болката од разделбата е да се фокусирате на сопствениот живот! Ако вие сте самоуверена, среќна, исполнете, средена, насмеана жена, тогаш бидете сигурна дека тој еден ден ќе жали што повеќе не сте заедно. Но тогаш ти веројатно ќе знаеш дека штом тој не го видел тоа, тој не е вистинскиот за тебе! Во меѓувреме држете се до оваа стратегија! Успех!
Сте пробале ли некоја од овие тактики? Колку ви успеало? Имате ли уште нешто да додадете на листата ? :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Dee Dee

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
  • Ми се допаѓа
Реакции: Photographer and parvati

Caci

Истакнат Член
15 февруари 2012
876
1,104
393
31
Струмица
Нема потреба и според мене... како што рече Jami животот продолжува, мислиш само тој е... ќе си најдам друг веќе ако сакам да го направам љубоморен, поготово ако ме сака уште... но нема потреба од тоа, се што е наше ќе си дојде кога тогаш, штом Бог ни го одземал, значи чува нешто подобро и поубаво за нас :wub
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina, Dee Dee and JaMi

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Somewhat корисно само доколку сеуште се чувствува нешто спрема бившиот партнер или сме толкави утепотњаци да сакаме да покажеме „Ја бев јака тигрица, да види што изгубил.“
Најлесното правило е: Биди среќен/на без да се интересираш за неговата/нејзината реакција на твојата среќа.
Се’ друго е залажување сам себе. Ебати среќата и маката ако ги правам со сила за да си олеснам себе ко демек подобро ми иде во животот, и/или да си мислам „Леле, што ли си мисли за ова мое однесување, сигурно црка.“
Факт е, доколку вие сте оставениот партнер, нешто навистина пукнало во другиот, и ако сакате дубете на глава, не постигате ништо освен што ќе испаднете попатетични во нивни очи.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hexasto

Jericho

Староседелец
19 февруари 2012
355
465
1,063
Ма не и се замарам, едино пред неа не би покажувал слабост (ако тазе сме раскинале и уште не ми е излезена од глава), ама да се трудам да ја направам љубоморна, мислам дека е постигнување на контра -ефект, наместо побрзо да ја “истерам“ од мислите, вака уште повеќе би се преокупирал со неа и не само што нема да ја заборавам туку уште потешко ќе ми стане. Така да нека си брка она нејзина работа, јас моја. Како што реков само пред неа не би покажал слабост а другово ми е гајле дали ќе биде љубоморна на мојата среќа без неа, или ќе оставам премногу ладен впечаток и така со неа се што било завршило. Фала и за убавите моменти заедно и за искуството
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hexasto

990Freak

Староседелец
12 март 2012
1,275
1,911
1,123
Kumanovo
Ко што рече Hexasto , каков корист имаме ако ги правиме бившите љубоморни? Било што било, life goes on. Гледајте да си ги усреќите сегашните, и јас би го рекол истото.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Dee Dee and Hexasto