Како да дадете отказ на работа?

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
1,001
602
423
Ohrid
Ааааа не, така не, не иде така со него :( Не е на диво де, пројавена сум, осигурана, плави картони, се по ред. Леле кога ќе ми текне што се имам напраено лошо на работа дури и жал ми паѓа кога и да помислам дека треба да дадам отказ :rofl

ако не си пријавена во локалот значи не си социјало осигурана, во тој случај можеш и одма да си заминеш, доколку си пријавена во тој случај следи законска процедура. За отказ кој во иднина би ти послужил да се пријавиш во социјално за картони.
 

Bum-Bum

Истакнат Член
3 март 2012
1,126
1,845
423
Еден досаден град
Немам да кажам ништо ново од што кажала погоре другите.
Најавување месец дена однапред,пред се ради себе,ради колегите да не испаштаат они без слободен ден дур се најде замена за твоето работно место,ради почитување на газдата од кој што кажуваш дека си задоволна,ради законот.
Туку друго ми е прашањето на целава оваа работа.
Ако добро приметив задоволна си од се.
Зошто заминување прво од работа а после од државата?
Ради авантуристичките потреби или сосема нешто друго.
Да напоменеше дека не си задоволна од платата и бакшижот ке помислев дека тоа го правиш ради финансиите и борба за подобар опстанок,а вака не ми е јасно:).
Како и да е,штом си задоволна од се,направи го твоето заминување што побезболно,да и на крај оставиш впечаток каков што тие сите заслужиле.
Она кажа и погоре во мислењата :)
Има дечко од Америка и он ке дојде тука уште малце и после она ке замине со него во Америка :)
Барем јас така разбрав...
А инаку ај и јас исто како другите ке ти кажам...:)
Објасни му ја целата ситуација како што е...
Кажи му порано за да си знае...Да има во план да бара друга....
И на крај краева нема што да ти биде глупаво...Сите се бориме за подобро и си имаме свој живот...
Ти цел жиивот ли ке работиш тамо...Епа не :)
 

Jericho

Староседелец
19 февруари 2012
355
465
1,063
Најави отказ со време за да кога ќе си отидеш и он остане со убаво мислење. Ако толку ги сакаш и ти се мили луѓето на работа не е проблем и другпат да им поминеш да ги видиш. Ама кога се работи за менување работно место нема ни срам ни ништо. Нормално е дека сите работиме за пари, а не затоа што газдата ни бил фин човек и факт е дека првата прилика за подобро платено работно место ќе ја искористиме... Така да секој ќе те разбере за тоа.
Еве најди некој другар/ка што бара работа и кога ќе му кажеш на газдата дека за толку у толку време сакаш да ја напуштиш работата, речи дека ти би му предложила некој што би можел да ја работи твојата работа...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: True_Blood and Bum-Bum

Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,065
113
Скопје
www.statik-group.com
Темава ја отварам бидејќи мене лично ме интересира какви ставови и мислења имаме околу давањето отказ... На пример јас моментално кај што работам се ми е супер погодено, газдата, колешките, муштериите, платата (што е најбитно, редовна е), бакшишот... и лично многу брзо се поврзувам со луѓе кај и да работам. Муабетот ми е, еве за месец дена сакам да одам да работам на Крф или во Будва, или ако не испадне ништо од тоа како и да е Октомври месец најкасно бегам за Америка... Како јас да му кажам на човеков дека си одам? Премногу сум приврзана и за него и за се, и стварно незнам како да го изведам тоа, знам дека ќе ми биде многу жал што ќе ја напуштам работава, дека секој ден со мерак одам на работа (happy)

Нешто најбитно кај секој работодавец е работникот навреме да го извести за напуштањето на работното место.Тој ќе ти биде благодарен што си му кажала на време, од причина што ќе има доволно време за да најде замена за тебе.
А ако веќе си толку приврзана, ќе му ја кажеш ситуацијата и ако е совесен човек тогаш ќе те разбере и нема да ти направи никакви проблеми.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
Ако ти е мил и драг газдата, покажи на дело.
Најави му поштено, да си најде човекот замена, зашто ако се стискаш и чекаш последен момент единствено што можеш да постигнеш, е да го зезнеш оној од кој вадиш плата.
А, така не се покажува задоволство нели?

И убаво си кажаа и другите, сите работиме за плата, секој гледа да си најде подобра опција...она што треба да остане на крајот е чистиот образ, од двете страни нормално.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Trouble

NEPOBEDLIV

Истакнат Член
5 март 2012
288
412
63
Како да дадеш отказ ... ? Па в понеделник оди и кажи му дека ти беше супер цело време што си работела и ептен си благодарна за работата и дека со ќеф идиш секој ден на работа, ама дека дојде време да си заминиш затоа што имаш шанса да работиш во друга држава и да заработуваш повеќе.

Лесно е.
 

Trouble

Староседелец
6 март 2012
1,516
2,611
1,123
Веќе бидна, најненадејно и на најлош начин, ама он така си сакаше, што сака тоа нека си праи сега :cool: Јас одма си почнувам со новата работа и тоа утре :igra Со поголема плата, еден оброк и колку сакам и какви сакам пијачки, со еден колега шо имав работено претходно и со една познаничка ќе работам, се надевам ќе ми биде фино :rolleyes:
 

incule

Староседелец
5 јануари 2015
740
128
1,053
30
Фино лепо,давам отказ не ми одговара работава најдов др место