Како да го усреќам?

Глуварче

Нов член
30 август 2016
4
0
1
26
Ќе ве замолам за совет. Мојата ситуација е следна...Има едно момче кое го знам од можеби година и фазла, и ми се бендиса тоа кај него што сме скроз исти во карактер и се. И така со тек на време како што се запознавме сфативме дека сме исти, и самиот тој ми го има кажано тоа. Во многу работи се пронајдуваме, исти карактери и се. И така уз муабет еднаш си ги кажувавме проблемите јас му кажував тоа дека сум страшен баксуз во љубовта а и тој исто така ми кажа дека воопшто нема среќа. И така ми се отвори порано дека бил во долга врска и само еднаш во животот сакал многу и бил премногу повреден од нејзина страна. И тогаш ми кажа дека чуствува нешто кон мене, дека ме свиѓа, ама дека неможи да си дозволи да бидиме заедно оти тој неможел да си дозволи да ме повреди и тврди дека не ме заслужува. Ми кажувале порано дека единствениот маж што те заслужува е оној кој мисли дека не те заслужува. Што мислите вие дали е така? Но сепак ние решивме да си останиме само другарчиња. И јас како другарка што да правам, иако јас го сакав му давав совети и му предложив да се проба и тој упорно ми велеше дека не бил спремен за љубов и врска повторно, не сакал да биди пак повреден. И така помина време и јас си најдов еден идиот што полека почнував да се заљубувам во него и да го заборавам "другарми" да речам, па се запоставивме и си останавме на едно здраво. Но сега брзо повторно стапивме повторно во контакт одкако се скарав со дечкото. и еден ден двајцата баксузи во љубовта се решивме да се пробаме и да излезиме и мене ми беше искрено како од соништата. Но сепак да не се препуштаме одма решивме да не бидиме ништо сериозно но сепак се понашавме како некој пар и си љубоморевме еден на друг, неговите другари ме знаеја мене, моите него. Не ме криеше од светот да речите, излегувавме пред сите само не излегувавме многу често. И сега пред некоја ден конечно му кажав како се чуствувам кога сум со него и дека баш ми годи и тој неочекувано ми кажа дека не бил среќен. Но се закаравме и во нервоза му реков да престаниме со ова што го правиме веќе да не се мачиме еден со друг но ова го кажав безмислено. Тој ми рече дека сакал да се гледа со мене, дека единствена сум јас во долго време што се пробал но не е среќен и ми рече да не престануваме не го сакал тоа, само да не ја форсираме многу и да му дадам малце време за да почниме да се врзуваме. И сега ве молам помогнетеми како да постапам? Искрено несакам да се откажам од него и да го изгубам повторно пошто му ја знам целата ситуација и го потполно го разбирам. Срепмна сум се да направам. Кажетеми како да постапувам со него да го направам среќен? Кои совети можете да ми ги дадете? Како вие би постапиле? Сакам да бидиме нешто посериозно ако треба и ќе чекам само прашањето ми е во меѓувреме што да направам за да го усреќам додека излегуваме, како да се понашам? Како да му дадам до знаење дека може да ми верува, да биди со мене и дека никогаш нема да го повредам како бившата? Вемолам помогнетеми:unsure
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Дали стапивте во некакви интимни односи, сем тоа што душите некогаш сте си ги отвориле?
Дали ти годи кога те допира тој?
Дали му годи твојот допир?

Откако ќе се запознаете добро, зборовите се излишни. Повеќе делувај, па макар и утре да си замине од тебе.
 

Глуварче

Нов член
30 август 2016
4
0
1
26
Дали стапивте во некакви интимни односи, сем тоа што душите некогаш сте си ги отвориле?
Дали ти годи кога те допира тој?
Дали му годи твојот допир?

Откако ќе се запознаете добро, зборовите се излишни. Повеќе делувај, па макар и утре да си замине од тебе.
Се што беше мување, ништо фазла. Само 5 пати имаме излезено досега. Мене страшно ми годи а него незнам, еве вика дека не е среќен, можеби не му годи. Незнам, целата сум во збрка и незнам што да правам веќе. Понекогаш ми иди и да се откажам ама неможам никако знам дека ќе ми биде криво.
 

WolfGirl

Староседелец
21 јуни 2016
214
136
1,053
@Глуварче дај му време баш како што ти кажал . Да си ги среди мислите . Во меѓувреме , мислам дека неможеш ништо да направиш во врска со добербата . Тоа мора тој сам да го процени . Знам како ти е , и знам дека ти е тешко , но мораш да издржиш . Како рекле старите , трпение - спасение . Се најдобро и се надевам дека во скоро време ќе се реши ситуацијата .
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Глуварче and corki

Ѕид на плачот

Истакнат Член
20 септември 2016
222
113
343
31
Скопје
Човек сам треба да се усреќува, да прави се` за да му биде убаво.
Ако сум јас тажна и ми се вртат некои луди мисли, некои сожалувачки, кукам врз мојот депресивен и монотон живот, сто души од моите сакани да се нацртат пред мене, мене нема да ме усреќат.
Зошто? ...Затоа што тие не знаат што сакам јас, а еве се прашуваат како да ме усреќат?
Одговоров лежи во дечкоти, не треба ти да се прашуваш. Не ти го ни прочитав целиот пост, не поради нешто друго, туку сметам дека насловот се си кажува.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo and Lena

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Не пробувај некого да усреќиш, ниту пак да го задоволиш на било каков начин.Само ќе си ја исрпиш енергијата.Ако мисли дека не те заслужува..чинам се работи за ниска самодоверба кај него и единствено тој самиот може да ја зголеми со тоа што ќе работи на самиот себе.