Какви ќе бидете кога ќе остарете?

Badgirl

Староседелец
4 јануари 2013
1,477
3,258
1,133
29
Najubaviot grad ------> SKOPJE :D
Вага

Младост – Децата ваги се во состојба да шармираат се околу себе. На нивното лице секогаш има насмевка. Без никаков проблем склопуваат пријателства, а во однесувањето се секогаш одмерени. Проблемите настануваат кога ќе дојде време да се одлучи нешто. Доколку како родители сакате да им угодите, во тој случај ќе ве полудат со нивната неодлучност.Бракот е нешто најсвето во нивниот живот, бидејќи тие на него гледаат како на нешто што мора да се преживеат во двојка.

Старост – Ако успеале во личните односи, најверојатно деновите од староста ќе ги поминат во пар. Ако останале смаи ќе се чувствуваат многу осамено и ќе се обидат да ја најдат својата втора половина.

Релативно точно (think)
 

monika88

Истакнат Член
1 април 2013
453
645
193
35
Неготино
Рак

Младост – Ова интровертно и чувствително дете, не ретко ги загрижува своите родители. Со него треба да бидете внимателни и нежни, но не да го држите под стаклено ѕвоно. Во светот на возрасните треба да го воведувате постепено. Потребата за повлекување во својот свет на соништа и мечти е добра, но ако тоа го прави премногу често, охрабрете го за некои поотворени активности. Во бракот влегуваат од инстинктивната потреба да основаат семејство.

Старост – Ако изградат стабилен дом и семејство, староста ќе им биде пријатна со голем број семејни собирања. Ако останат сами, ќе станат тажни и меланхолични. Овие луѓе паметат се, па поради тоа многу често живеат во минатото.

за староста незнам ама за младост се согласувам со горенаведеното:)
 

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
Глупости,
може и нема да бидеме.
Што нема да бидемо ? стари ? : )
Да упрао си , ја например никад нема да биду стар. hh Ке остару, ама физички : )
Можу да се кладу дека ист ке сам си у понашање , луд дедo ке сам, ке играм сони сс унуци : )
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Anakin

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
Овен
Старост – Можат да продолжат со брзиот ритам, ако здравјето им го дозволува тоа. Тешко дека ќе можат да водат мирен живот и ако им недостасуваат активноста и возбудувањето, можат да станат вистински давежи. Кога би можеле, овните до крајот на животот би се занимавале со спорт.

Би сакала да водам мирен и здрав живот духовно , би сакала да живеам некаде на планинско место доколку здравјето и околностите ми го дозволуваат тоа , и би одгледувала градинарски и овоштарски култури, би правела иљачи од билки и би чувала срни , кози, овчички, коковчиња и тако даље...би праела и ликери од разно разни зрнести плодови....и би се посветила на биологијата и на природата а најмногу на дрвјата и цвеќињата кои се мојата најголема љубов.
 

Bibi@

Староседелец
Најфотограф
1 март 2012
399
743
1,103
Стрелец
Младост – Ова се највеселите деца во зодијакот. Нема да можат лесно да се заситат од патувањата кои ќе ги доживеат уште во раното детство. Единствениот проблем со кој можеби ќе се соочат е вишокот на килограми, па затоа треба да им кажете стоп на слатките.

Старост – Кога ќе остарат некои од нив се претвораат во вистински филозофи, кои секогаш знаат да дадат по некој мудар совет. Ако пропуштиле нешто значајно во животот, нема да жалат за тоа туку ќе се обидат тоа да го преболат со филозофијата и хуморот.


Младост -апсолутно неточно
Старост -според кажаново изгледа одамна сум старица :giggle
 

Just Perfect

Активен Член
3 април 2013
137
120
43
Близнаци

Младост – Движењето и контактот се она што децата близнаци ги прави среќни. Од моментот кога ќе прозборат тие не ја затвораат својата уста. Ако се одлучат да се врзат со некоја личност, тогаш таа ќе мора да биде свесна дека на нив најмногу од се им е важен друштвениот живот. Патувањето и дружењето се двете работи кои овие луѓе ги прават најсреќни.

Старост – Во деновите од староста важно им е да ги задржат своите контакти или да ги обноват оние старите, за да имаат со кој да разговараат. Доколку се осамени, тогаш се многу несреќни. Ако нивниот партнер е друштвен тогаш кога ќе остарат може да им биде многу забавно, бидејќи ќе можат да стекнуваат нови искуства, да патуваат, да се дружат...

Греота...ќе морам да си најдам партнер значи.. :nah