Какви мисли-таков живот

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
@JaMi ,не се работи за тоа да се нервираш за се и сешто.Мене твојот начин да го гледаш животот цело време кон позитивни ствари ми е многу парадоксален,така само стануваш слепа и не можеш да забележиш некои работи кои те гледаат во очи и полека ти копаат гроб (тука спаѓаат главно самите луѓе,како подмолни суштества) не сите,ама добар процент-да!Тука не дискутирам да те приморам нешто дека мораш да размислуваш како што правам јас,но би ми било мило ако си го смениш твојот став,еден ден ќе бидеш повредена до болка,изненадно,без никој да ти каже еј пази ова и ова ќе ти се случи ама ако ќе си истрпиш.Треба да се стремиш кон тоа некои работи кои не сакаш да ти се случат да ги предвидиш,реализираш и ако можеш да ги спречиш! ;)
Не разбирам како станувам слепа и кои работи ми копаат гроб?
Не знам како да ви го доловам поинаку моето мислење за позитивните мисли.
Еве да ти дадам пример само еден ,колку само негативните мисли го рушат здравјето,колку млади лица се западнати во депресија поради тоа.
Кога имаме негативни ставови и мисли,гледаме кон еден ѕид а притоа не согледуваме дека има излез на лево и десно од ѕидот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: BioTrpe

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Сигурна сум дека секој човек на оваа планета го обземале црни мисли,нелагодност,страв,тежина од животни проблеми итд но и секој различно реагирал.Кога ќе се има ваква ситуација, тоа значи дека има некој проблем и треба да се реши а не да се потиснува.Позитивното мислење ти дава нада,сила или старите како велат-дај си кураж,ајде напред.Ако само позитивно мислиш а не почнеш рационално и трезвено да го решиш проблемот во твојот ум, тогаш или ќе се забегаш па ни психијатар нема да ти помогне или ке се замислиш како да успееш да се извлечеш од негативни мисли за да не ти го нарушат здравјето и да не западнеш во депресија.Нормален човек треба да има едно ниво на кое ќе варираат позитивните и негативните мисли,ни едно не смее да биде поголемо од друго,треба баланс,сила,воља,поттик,мотив и многу други елементи за да умееме да го протуркаме животов.Мисли позитивно и животот ќе ти биде таков е како гледај филм на радио.
 
BioTrpe

Истакнат Член
29 октомври 2015
252
173
143
Јас баш изречицава не ја поштувам. Какви мисли, таков живот. Е ајде сеа нека земе некој бескучник нека си замисли дека е милјардер, дали тоа би му помогнало да не смрзнува надвор зимен период? - Не. Што значи мислите во денешницава, воопшто не играат улога и тие што студираат Психологија, колку и да ја студираат,ако нешто не им чини, паѓаат во депресии.
Не само физичкиот живот е живот, каде го ставате духовниот?
Ако на бескучникот убавите мисли не го направат милијардер, барем ке го нарават среќен и благодарен на тоа што го има денес, колку е толку е. Не треба да бараш и посакуваш надвор од своите граници, граници кои не можат да се видат, замислат, опишат. Тоа што ти припаѓа ке си дојде.
Убават мисла е за достигнување на нирвана, како што кажа Јами, нов во денешницата веднаш посакуваме материјални нешта, и затоа сме разочарани од убавите мисли.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

misti.diva orhideja

Член со 30 казнени поени
10 јануари 2017
262
195
43

Ти веруваш во духовен живот!?
 
BioTrpe

Истакнат Член
29 октомври 2015
252
173
143
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

misti.diva orhideja

Член со 30 казнени поени
10 јануари 2017
262
195
43
Па не мислам дека постои среќа во материјалниот живот, таа е минлива и кратко трае, така да се пренасочив кон духовниот мир, спокој, љубов, среќа.
:zelen Нарочито те закачнав со вакво прашање оти си контрадикторен...велиш мир, љубов, среќа, а ваму си отворил тема "Водици" и фрлаш дрва и камења по празникот:zelen
 
BioTrpe

Истакнат Член
29 октомври 2015
252
173
143
:zelen Нарочито те закачнав со вакво прашање оти си контрадикторен...велиш мир, љубов, среќа, а ваму си отворил тема "Водици" и фрлаш дрва и камења по празникот:zelen
Празникот не носи мир, како може то Стефан со толкав стомак и тие околу него попови кои крадат кај стигнат да проповедаат за мир?
Тоа треба да го пронајдеш во себе, да се спознаеш себе, само така ке почувствуваш мир.
А ова да се нема војни не значи дека ке се има мир.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

misti.diva orhideja

Член со 30 казнени поени
10 јануари 2017
262
195
43
Празникот не носи мир, како може то Стефан со толкав стомак и тие околу него попови кои крадат кај стигнат да проповедаат за мир?
Тоа треба да го пронајдеш во себе, да се спознаеш себе, само така ке почувствуваш мир.
А ова да се нема војни не значи дека ке се има мир.
И не треба ти да се нервираш за на Стефан стомакот АКО сакаш и ти да имаш душевен мир, значи не треба да ги спомнуваш, анализираш и критикуваш;)
 
BioTrpe

Истакнат Член
29 октомври 2015
252
173
143
И не треба ти да се нервираш за на Стефан стомакот АКО сакаш и ти да имаш душевен мир, значи не треба да ги спомнуваш, анализираш и критикуваш;)
Глупо е што такви луге ни ја водат државата, црквата. Со јадење мртво животно не се добива мир, а за да станеш толку дебел и те како треба да кркаш животински продукти ;)