1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Каде припаѓаат животните? Во зоолошка или во дивината?

Дискусија во форумот 'Домашни миленици' започната од Marick14, 8 јули 2012.

  1. Caci

    Caci Истакнат Член

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    872
    Допаѓања:
    1,102
    дефинитивно во дивината... таму е нивниот дом, зоолошките не би требало ни да постојат :|
     
  2. Marick14

    Marick14 Истакнат Член

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    3,279
    Допаѓања:
    2,353
    Зошто да не постојат. За некои животни и подобро е Зоолошката. На пример за тие што се секојдневни жртви на предаторите (лавови, хиени, леопарди). А и на некои па им одговара во Зоолошка. Не им пречи.
     
  3. existence

    existence Boolean
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    7,391
    Допаѓања:
    9,099
    A зарем природата не функционираше така некако? Се сеќаваш на Ланец на исхрана? Сметам дека треба да се врати се` во природата да си живее и опстојува. Кога последен пат бев во зоолошкава во Скопје ги видов нилските коњи како плачат...толкави животни затворени во толку мало просторче без можност да си се испливаат ко што сакаат и ко што им велат гените, без можност сами да си фатат плен, без можност да живеат во својата природна околина...
     
    На Lady*, Caci и melpomena им се допаѓа ова.
  4. melpomena

    melpomena Енигма

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    8,231
    Допаѓања:
    17,756
    Си припагаат во дивината секако....еден банален пример...насекаде не демнат убијци и тоа би значело дека нам ке ни е подобро во затвор?
    мислам дека примеров доволно кажува
    потполно се согласувам со цитираново,да не го повторувам истото
     
    На LadyInPink, Caci и slb_bobo им се допаѓа ова.
  5. Diamond

    Diamond Полноправен Член

    Зачленет на:
    13 октомври 2012
    Мислења:
    33
    Допаѓања:
    23
    Животните се за во дивината. Никако во затворен кафез. Можеби треба да се регулираат од време на време, како што прават на некои емисии на ТВ, болните животни ги лекуваат и им помагаат на оние кои потешко се адаптираат, но се со цел потоа пак да ги пуштат во дивината.
     
    На Ikac му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Ikac

    Ikac Истакнат Член

    Зачленет на:
    17 октомври 2012
    Мислења:
    27
    Допаѓања:
    23
    Нормално, се согласувам со повеќето дека животните треба да живеат во дивината на слобода. Ако сте биле во некоја зоолошка градина сигурно сте забележале дека кај сите животни преовладува тага и досада. Тоа лесно се гледа по нивните очи и нивната пасивност.
    Додека за болните и повредени животни треба да се обрне поголемо внимание, .т.е. треба повеќе да се подржат институциите кои се грижат за нив и повторно ги враќаат во дивината зашто за повеќето нивни повреди директно или индиректно е виновен човекот. Слично и за ретките видови кои се пред изумирање, факт е дека за најголем број од тие видови, човекот и неговата бруталност се виновни што тие видови станале ретки, така да наша е моралната одговорност истите тие видови да се спасат од исчезнување.

    Мое мислење е дека треба поголем дел од дивината, многу повеќе планини, прашуми, да се прогласат за национални паркови насекаде по светот за да се заштитат животните од најголемиот и најнезасистниот предатор кој не знае за доста, а тоа е човекот. Исто така треба и да се забрани ловењето на животни поради истите причини.
    За нашата држава поконкретно, имаме добар пример кога ловната сезона е отворена и нашите лофџии во групи се пуштаат по дивината и убиваат сѐ што ќе им се најде на патот, макар биле тоа и заштитени видови како срни, елени, диви кози, мечки... А дивите свињи и зајците (главната храна на месојадните цицачи) ги сотруваат повеќе од половина. И после волците и лисиците им се криви што се симнуваат по селата и им колат овци и прават пиздер во кокошарниците.
     
    На slb_bobo му/ѝ се допаѓа ова.
  7. vitocorleone

    vitocorleone Староседелец

    Зачленет на:
    27 јуни 2012
    Мислења:
    75
    Допаѓања:
    39
    абе не те знам ама некако како да чувствувам дека имаш одено на ЗОО и си била пресреќна кога си била таму, па што ти твоите деца нема да ги однесеш во ЗОО??? Ајде ви се молам утре да ви речат ајде гратис во ЗОО прва ќе застанеш, а сега дрн дрн на форумов, сите сте најхумани и сите сте против тортура на животните, епа каде ке види твоето дете лав госпожа????? ќе го однесеш во африка????? Колку за твоја информација поголем дел од животните многу подобра грижа добиваат во ЗОО отколку да го оставиш да се бори за опстанок во природата, па во ЗОО не го тераат како во циркус, ако не си била да ти објаснам дека тие таму јадат три оброка дневно и седат и личат за посетителите.
     
  8. Caci

    Caci Истакнат Член

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    872
    Допаѓања:
    1,102
    од кај знаеш ти дека ќе сум прва таму? и како можат таму да бидат посреќни, кога се затворени, поготово кога и ќе се паднат во некоја како нашата зоолошка, па да нема што да јадат, исушени се... животните се за во дивинита и не може некој како тебе да ме убеди во спротивното ;) и госпожа уште не сум :D
     
    На vitocorleone му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Yea bro

    Yea bro Нов член

    Зачленет на:
    21 јануари 2015
    Мислења:
    9
    Допаѓања:
    3
    секој има право на слобода никој неможе да затвори некого само заради забава со кое право уште прашувате да одбереме дали да бидат затворени или не кои сме ние да одличувамње за нечија иднина за нечиј живот мислите дека животните не чувствуваат но многу се лажете бидејки и тие имаат чувства секој има право на слобода ако толку сакаат пари во зоолошките
    тогаш нека оди директорот во некој кафес и нека ги забавува лугете.
     
  10. incule

    incule Староседелец

    Зачленет на:
    5 јануари 2015
    Мислења:
    731
    Допаѓања:
    121
    Во дивината ама такви сме ние луѓето,ги чуваме дома
     

Сподели: