Каде и како до соодветен психотерапевт или психолог?

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Интересно е тоа што многу луѓе кога ќе ги прашате за својата кола, компјутер или за козметичките препарати знаат да ви кажат многу детали а незнаат скоро ништо за својот психотерапевт, доктор , психолог, психијатар.

zanas4.jpg

Ако ги прашаме за квалификацијата тешко дека ќе ви ја кажат и разликата помеѓу психотерапевт, психолог, психијатар.
Овде накратко ке ви ја опишеме оваа разлика и ке можете во иднина да побарате помош на соодветно место.
  • Психолог – Задолжително имаат минимум 4 годишно високо образование. Постојат различни профили : детски психолог, социјален психолог, клинички психолог, судски психолог и др.
    Важно е да знаете дека психологот нема право да ви препишува лекарства.
  • Психотерапевт-задолжително се дипломирани психолози или психијатри и завршена специална психотерапија. Обично тоа се дополнителни 3-5 годишни програми. Во овие програми задолжително психотерапевтот поминува определен број часови лично искуство т.е. психотерапија.
  • Кога избирате психотерапевт треба да знаете каква терапија тој спроведува, да ви објасни за терапијата.
  • Психијатар- имаат диплома по општа медицина и специјализација - Психијатрија. Во случај да решете да изберете психијатар треба да знаете дека тоа е работа со двајца специјалисти : психијатар кој ќе ви ги препише медикаментите и психотерапевт со кој ќе ја спроведувате психотерапијата. Во светот не се препорачуваа овие две функции да ги спроведува едно лице.
    Важното е да знаете дека никој друг лекар нема дозвола да ви препишува лекарства за вашето ментално здравје освен психијатар.
Дали сте биле на психолог?
Или би оделе?
Дали во Македонија има добри психолози/психијатри/психотерапевти?
 

TheKitten

Истакнат Член
3 март 2012
528
614
93
Навистина добро направена дистинкција меѓу сите три поими :)

Инаку, сите од нас, биле на психолог (памтите пред да ве запишат во 1одд?), но после тоа, реално, не сум била.
Бидејќи студирам психологија, имам повеќе од доволно психолози со кои се советувам и за приватни и за професионални прашања :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Marick14

bluebell

Истакнат Член
12 јануари 2022
73
23
108
27
Треба некој да ти препорача некој психолог или психијатар. Но, можеш и сам да си одбереш со тоа што ќе прочиташ за образованието и професионалното искуство за некој психолог или психијатар.