Каде е погребан Александар III Македонски?

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
40b.jpg
Мистеријата за тоа каде е закопан Македонскиот крал Александар останува енигма за светот.
Постојат повеќе теории за тоа кaде се наоѓа гробот на Александар Македонски. Една од најприфатените е дека по смртта Александар бил погребан во Египет, во неговиот град Александрија. Приказната почнува кога во 321 г. пр.н.е. Александровата погребална кочија била киднапирана од генералот Птоломеј во близина на Дамаск, а телото на Александар било пренесено до Мемфис каде бил погребан. Потоа, меѓу 298 - 283 г. пр.н.е. се смета дека Птоломеј го преместил телото на Александар во Александрија и го погребал во првиот тамошен гроб. За време на неговиот син Птоломеј IV Филопатер, Александар бил погребан во 215 г. пр.н.е, во нов величествен гроб мавзолеј наречен Сома. Гробот бил посетен од римските императори Јулије Цезар, Октавијан Август, Хадријам и Септимије Север кој го затвара гробот од можно вандализирање. Гробницата на Александар се споменува до 4 век, а по христијанските бунтови во 391 г од н.е. во Александрија бил уништен александрискиот Серапеум, и можеби Александровиот гроб.
Втората теорија е дека гробот на Александар е во Македонија. Врз основа на делата на античките историчари Аријан, Диодор, Плутарх, Јустин и Куртиј Руф, како и на современите проучувачи на античката историја на Македонија и Македонското кралско семејство, се повеќе се верува дека телото на Александар било вратено и погребано во Македонија. Местото каде е погребан би требало да се бара во близината на Пела или во големите пеонски гробишта во близина на Гевгелија и Валандово или античките градови Гортијана, Аталанта и Идомене.
Но, најновата интригантна приказна која е пласирана во последната деценија, повторно го отвара прашањето за местото на гробот на Александар. Таа посочува дека можеби гробот на Александар се наоѓа во Венеција!? Мистеријата продолжува, се уште никој не може да даде точен одговор... Што мислите вие?
 
Последна промена од модератор:

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
30
Битола
јас мислам дека е телото му е турено под некоја од тие пирамидите во египет... најскришно место би било според мене..
 

Hexasto

Истакнат Член
16 февруари 2012
1,095
1,633
113
Македонија
Паско Кузман еднаш рече као знам каде е закопан Александар ама ако кажам ке има 3та светска војна и дека е подобро да се остави во некој идни времиња коа државава ке биде посигурна
 

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
30
Битола
да бе и онај владо павлов знај кај е ама и тој не кажва ,, чека државата даго прашала и тој тогаш ке кажел...
 

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
Паско Кузман еднаш рече као знам каде е закопан Александар ама ако кажам ке има 3та светска војна и дека е подобро да се остави во некој идни времиња коа државава ке биде посигурна

Што знае тој бе, див копач со лиценца за работа. Колку артефакти шитнал...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

Caci

Истакнат Член
15 февруари 2012
876
1,104
393
31
Струмица
И јас имам слушнато од професори на науки дека Македонија знела каде се наоѓа телото на Александар Македонски, но дека криела за да можела да каже кога ќе била постабилна, за да не избијат несогласувања, а според разговорот што го водевме, ми стои дека е во егејскиот дел на Македонија, сегашна Грција, и дека затоа го кријат, бидејќи ако го откријат тоа пак ќе биде на Грција...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: cece17 and Hip.Hop_MKD

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Во македонија да најдат извор на нафта би избил поголем конфликт него овакво нешто. Така да аргументот на Паско му лебди во воздух.
 

Caci

Истакнат Член
15 февруари 2012
876
1,104
393
31
Струмица
Тоа мене не ми е слушнато од Паско, туку од професорот што ми предава на факултетот, тој порано бил главен шеф во полиција, има и детективска агенција и знае многу работи поврзани со Македонија, за кои ние самите немаме појма... И како што вели тој, еден ден Македонија ќе стане една од светските сили, само треба време и многу работа за да се докажат некои работи... па дај боже да стане така како што вели тој...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: cece17 and Hexasto