1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Каде денес најчесто се запознаваат младите?

Дискусија во форумот 'Социологија' започната од Legioner, 26 мај 2012.

  1. existence

    existence Boolean
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    7,391
    Допаѓања:
    9,099
    Што е предноста со запознавањето на нет? Тоа што рандом лик може да биде сосем осмо од тоа што ти се претставува? Тоа што врска немаш дали тоа што ти кажува е така или не, а немаш ни шанса да провериш? Отворање на личноста, долги муабети, тешки моменти јадара-јадара мамбо џамбо муабети се твоите аргументи. Само еднаш посомневај се дека некој не ти ја кажува вистината во такви моменти само за да те придобие и пробај да си го докажеш сомнежот.
    Муабетот не ми е дека ако го гледаш во лице не може да те излаже, туку дека сепак имаш многу повеќе шанси да препознаеш кога некој пробува да те излаже. Имаш многу повеќе шанси да дознаеш за личноста. На нет јас можам да бидам пилот кој се повредил при слетување, кој има тажна судбина, ми умреле родителите ко мал и сум растел со дедо ми, многу сум сензибилен и дрн дрн рандом сторија натака. Се надевам ја сфаќаш поентата.
     
  2. Хоуп*

    Хоуп* Proton
    Член на администрација

    Зачленет на:
    4 април 2013
    Мислења:
    2,414
    Допаѓања:
    4,232
    Разбирам, ама и во тие три минути очи во очи можеш да бидеш романтичар кој ќе ги купи ѕвездите и месечината, а од друга страна да си насилник и психо.
    Може сепак зависи од личноста. Некој може да се отвори и да биде искрен на нет после првата минута разговор, а може со некого да живееш цел живот и дури после неговата смрт да дознаеш дека ти бил целосен странец.
    А со постирање на нет се што треба и не треба, шансите да провериш ти се еднакви можеби и поголеми од оној со кого ќе изиграш танц и ќе размените два три збора.
     
  3. Outrider

    Outrider A Witty Cat
    Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,725
    Допаѓања:
    5,266
    Рајата не знае да си одбере партнер и да се усреќи, разводи фрчат на сите страни, врски се сјебуваат ради лајкови на фејсбук, пред некој ден имаше убиство и самоубиство во Скопје ради љубавни проблеми, жени тепани во брак со идиоти, мажи изневерувани, деца страдаат ни криви ни должни, се полнат црни хроники... мора да се воведе ред, да се направи софтвер каде ќе се стави инфо од раја, физикус, психа, преференци, фетиши, болештини... и компјутерот да одреди кој со кого ќе се ожени, некаде на 21. година и после кврц, ако не ви чини плаќајте пенали... scientific dictatorship mode off now... :zelen

    И нема некоја разлика меѓу лајв и нет induced запознавање, и тие лајв можат да се претставуваат во друго светло, па дури и роџаци шо ги знае човек цел живот можат да направат неочекуван зулум... :ladno

    А во времето на @alf се запознавале со стројници :zelen, веднаш кај попот да ги венча и готова работа... е сега на таа генерација сигурно би им било бизарно некој да се запознава по диска и кафичи како што на твојата генерација им е бизарно некој да се запознава ради нет... времињата се менуваат, технологијата е крива, а не може да се занемари ни социјалниот аспект...
     
    На Lena, MoonFairy и Pica pica им се допаѓа ова.
  4. diva orhideja

    diva orhideja Член со 30 казнени поени

    Зачленет на:
    26 февруари 2014
    Мислења:
    2,220
    Допаѓања:
    1,746
    Кажи Мацо како и каде Ти си ја запознал твојата Мачкетина,баш ке биде интересно да прочитаме нешто за тебе,освен мјаукање и мрчење.Само ктатко те молам,не со реферати и на крај ништо не паметам што си напишал.
     
  5. diva orhideja

    diva orhideja Член со 30 казнени поени

    Зачленет на:
    26 февруари 2014
    Мислења:
    2,220
    Допаѓања:
    1,746
    Што има врска дали сум обична или ?? и кој способности не ми се за сомневање.темата е КАДЕ ДЕНЕС МЛАДИТЕ СЕ ЗАПОЗНАВААТ, и секој нека си пише без споменување на други членови,или нека прочита поубаво.
     
  6. Outrider

    Outrider A Witty Cat
    Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,725
    Допаѓања:
    5,266
    А шо, дислексија нешто ова она? :rolleyes:
    Ја начекав пред контејнер, влечкаше риба некаква и на прв мјаук се заљубиф...

    Интернетот, барем теоретски има предности при запознавање иако сум сигурен дека најмногу раја се запознава по школи, факсови, работни места...дали воопшто некој знае за врски кои испаднале од запознавање во клуб/диско/кафич/биртија е прашање на кое форумџиите би можеле да напишат по нешто, јас во мојот круг на познанства скоро и да не знам за таков случај, па дури и митскиот уан најт стенд е само пуста надеж за огромното мнозинство раја кое ги полни угостителските објекти со надеж за коитус а завршува со трошење на многу пари и такси за дома...

    Овој муабет го имам слушано лајв многу пати `абе во наше време се знаело и влетуваш на типка бла бла`... еден од најтрајните, најдосадните и најглупите митови на некои генерации...:) ок има и пореални фаци кои си кажуваат како било, како дремеле како мутави на шанкови и како владеел страв од корпи, па други срања, тепачки и остало...
     
    На diva orhideja му/ѝ се допаѓа ова.
  7. existence

    existence Boolean
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    7,391
    Допаѓања:
    9,099
    Не велам дека во живо не може да те лаже, сепак кога некој не е физички присутен поинаку е. Кога некој лаже можеш многу полесно да осетиш ако е до тебе. Не е муабетот само за лажењето, муабетот е дека преку камера баш и не можеш да осетиш некоја „хемија“. Физичкиот изглед ако се лажеме тогаш е небитен, а сликата од камерата не е ни приближно иста со сликата од окото.
     
    На diva orhideja му/ѝ се допаѓа ова.
  8. melpomena

    melpomena Енигма

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    8,231
    Допаѓања:
    17,756
    Неможе човек да се открие дали е искрен ни таму ни таму.
    За три минути низ танго освен мирисот,допирот и трошка карактер ништо повеќе неможе да се осознае.
    Преку нет глумење,лажење колку сакаш.Без да ги видиш очите тет а тет се е скоро залудно.Гаење илузии,можеби некои и стануваат реалност.
    Затоа прво заиграјте си танго,па пишувајте си и на нет и ќе имаме колку толку пореална слика :zelen
     
    На diva orhideja и Хоуп* им се допаѓа ова.
  9. Outrider

    Outrider A Witty Cat
    Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,725
    Допаѓања:
    5,266
    Тоа е друго, камерата е претерување. Ако веќе раја која контактира виртуелно сакаат да се видат нека се договорат и нека се најдат, камерата ми е оверкил веќе, забеганост.

    Чисто како основа за контакт и комуникација од која евентуално би произлегло риал лајф познанство не гледам како нетот се разликува од катедра, училница, канцеларија или рандом место.

    Преку нет како и во реалност, има луѓе кои лажат на големо ама тоа веќе оди накај патологија и таквите се малцинство, не знам како е на ФБ или твитер ама на форумов не е јасно кој за што би лажел, освен по приватни пораки или по скајп евентуално да предат приказни....

    А општо, проблемот би бил и до самата перцепција затоа што е човечка одлика да дава форма на некаква содржина, да прави визуелизации па си има некаква слика која еманира од виртуелното присуство и во случај таа слика да не кореспондира со реалноста кога перцепираниот лик би бил виден во риал лајф доведува до соодветни реакции i guess...
    Како и да е виртуелните платформи се тука веќе 23 години откако еден лик од Англија креирал ворлд вајд веб а ќе бидат и во иднина. Во Хунзистан ги има барем 15 години а помасовно барем 10. Ние сме први генерации кои се вовлекле во тој свет и сеуште се прилагодуваме, нешто кое ќе им биде сосема нормално и meh на нашите внуци и правнуци...
     
  10. Makedonec

    Makedonec Модератор
    Член на администрација

    Зачленет на:
    15 јуни 2014
    Мислења:
    1,466
    Допаѓања:
    1,184

Сподели: